Всушност, новиот Sportage не само што е евтина алтернатива на конкурентите во неговиот сегмент, туку во многу работи е и подобар автомобил, особено во делот на практичноста на ентериерот, која е многу важна во овој сегмент на возила.
Многу простор во кабината, флексибилност во местењето на седиштата и голем багажник
Додека скоро секој модел во оваа класа може да се пофали со добра просторна понуда и на предната и на задната клупа, Sportage ги носи работите на едно ново ниво, на кое досега не имаа навикнато само моделите од средната SUV класа. Тука, задната клупа има наслони кои се навалуваат и кои возењето на подолг пат го прават многу, многу поудобно. Како споредба, на задната клупа во Ateca има исто толку простор, но се седи премногу исправено – таму не сакате да поминете многу километри.
Воедно, задната клупа многу лесно се спушта за отворање на голем, рамен товарен простор, а со кренати седишта, багажникот има одлични 503 литри зафатнина. Да, ова не е рекорд во класата, но се сомневаме дека на купувачите на возило од оваа класа ќе им биде малку. Голема пофалба заслужува и добро обмислената кабина, низ која има многу места за одлагање на ситници и пијалаци.
Зад воланот, седењето е исто така мошне удобно. Седиштата имаат солидна странична поддршка, додека сите команди се секогаш на дофат на раката. Средната конзола е исто така лесна за користење, но мултимедијалниот систем со дисплеј на допир сепак се добива само со доплата. Тој е пак лесен за користење, со јасно означени команди, но разочарува тоа што нема поддршка за Android Auto и Apple CarPlay.
Удобно возење, расипано од малку побучни дизел мотори
Sportage можеби има “Sport” во името, но се работи за модел кој е наменет пред се за фамилии и затоа е направен да биде пред се удобен. Динамиката во возењето делумно страда тука, но ние нема да се буниме – подобро удобен автомобил за фамилијата, отколку тврд и малку подинамичен. Рака на срце, ниту еден SUV не вози како спортски автомобил и ние сметаме дека тоа е непотребно.
Како и да е, еден дел каде Sportage е послаб од главните конкуренти е во рафинираноста. 1,7 литарскиот дизел е особено бучен и работи со повеќе вибрации, што е разочарување, бидејќи нуди многу солидни перформанси и ниска потрошувачка. И покрај тоа што е побучен, ние мислиме дека е најдобар избор од гамата – полесно ја придвижува тешката каросерија од 1,6 литарскиот бензинец, кој можеби нуди подобро забрзување, но треба редовно да се „мачи“ до високите вртежи.
Воедно, дизелот троши околу 7-7,5 литри во град, наспроти 10,5-11 за бензинецот, односно околу 6 литри на отворен пат, наспроти 8 литри. Посилните 2,0 литарски бензинец и дизел пак доаѓаат со погон на сите четири тркала, но не нудат особено подобри возни својства на терен, а трошат и многу повеќе гориво, што особено важи за бензинецот.
Ниска цена и многу солидна опрема
Kia Sportage е еден од најевтините модели во својата класа, а тоа особено важи за основните мотори. Ние би го избрале нивото на опрема Leather Edition, кое нуди кожна внатрешност и го покачува квалитетот на ентериерот – основниот модел делува малку поевтино и помалку квалитетно во внатрешноста. Исто така, моделот Leather Edition доаѓа со 7 инчен дисплеј со навигација, за разлика од основниот модел, кој има „обично радио“.
Во споредба со конкурентите, цената е пониска скоро од сите, особено кога Sportage ќе се израмни со опремата. Воедно, Kia не крати на безбедносната опрема, што значи дека и најевтиниот модел ќе понуди задоволителна безбедност на патниците, што е за пофалба.
Одлична комбинација на вистински квалитети и цена, но избегнете го 1,6 бензинецот
Особено поради пониската цена, Kia Sportage е еден од најисплатливите модели во класата. Подобри конкуренти секако има – Peugeot 3008 е подобар автомобил во скоро секој поглед, но цената на Sportage е многу пониска, а според нас корејскиот модел има доволно квалитети за да задоволи широка група на купувачи – простран ентериер, голем багажник, удобно возење и економичен дизел мотор.
Ако можете да замижите на буката и нерафинираноста на дизел моторите, како и послабата динамика во возењето, ние топло го препорачуваме Sportage, со една мала задршка – да не го изберете бензинецот, кој троши премногу гориво, особено во градски услови, а не нуди којзнае колку добри перформанси.
НИВОA НА ОПРЕМА
1-во ниво | VISION
- ESC-систем за контрола на стабилизација на возилото со вклучени:
- EBD-ABS-контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање
- BAS - обезбедува максимална сила на кочење при ненадејно сопирање
- CBC- контрола на сопирање во кривини TCS-контрола на пролизгување на тркалата
- ESS-уред за вклучување на сите трепкачи при ненадејно сопирање DBCконтрола на сопирање при спуштање на стрмна надолнина HAC-помош при тргнување на нагорнина VSM-систем за стабилизација на возилото TPMS-контрола на притисок во пневматиците
- 6 воздушни перничиња далечинско централно заклучување со аларм
- Задни сензори за паркирање
- Задна камера за паркирање
- Сигурносна брава на задни врати
- Автоматски двозонски клима уред
- Аудио систем со 7“ LCD дисплеј осетлив на допир со поддршка за Android Auto и Apple CarPlay
- USB + 6 звучника
- Аудио команди на управувач
- Автоматска контрола на светла
- Темпомат
- Bluetooth
- Ограничувач на брзина
- USB полнач
- возачко седиште подесиво по висина
- инструмент табла со 35“ дисплеј
- патен компјутер
- управувач подесив по висина и длабочина
- управувач и рачка на менувач обложени со кожа
- електрика на прозори напред и назад
- електрика на ретровизори со греење
- сензор за дожд
- метална декорација во внатрешноста
- потпирач за рака на централна конзола со кутија
- подесиви потпирачи за глава
- напред и назад
- потпирач за рака на задна клупа
- делива задна клупа 60:40
- сет за брза поправка на пневматици
- LED дневни светла
- предни светла за магла
- ретровизори со трепкачи и електрично склопување
- заден спојлер
- кровни
- носачи алуминиумски тркала 215/70R16.
2--ро ниво | ADVANCE
Содржи се што има VISION, плус:
- Предни сензори за паркирање:
- Навигација со 8“ дисплеј во боја осетлив на допир
- JBL аудио систем со активен „subwoofer“ и централен звучник
- електрична паркирна сопирачка
- греење на предни и задни седишта
- LED задни светла
- дополнително затемнети стакла назад
- полухромирани рачки на вратите
- предни и задни хромирани
- лајсни хромирани странични лајснипредни и задни заштитни плочи алуминиумски тркала 225/60R17.