дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > KIA > KIA Stinger - 2018 > Краток опис за моделот
KIA Stinger - 2018 KIA Stinger - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 37990
веќе од 633 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Kia Stinger – Сака да биде премиум спортист, но реално не е. Плус, кој би платил толкава цена за Kia?

Последнава деценија, Kia драматично ја подобри својата гама на возила и од производител на кој многумина гледаа со потсмев, тие прераснаа во бренд во кој купувачите препознаваат добар сооднос на вложено добиено и висок квалитет. Сепак, со Stinger Корејците се обидуваат да влезат во премиум сегментот, што се чини како преголем залак, но производителот е убеден дека во овој автомобил има победник.


Барем однадвор, оддалеку е тешко да забележите дека се работи за Kia. Мора да признаеме, самата класа во која се наоѓа овој модел – конкуренти му се Audi A5 Sportback, BMW 4 Series Gran Turismo и VW Arteon, е богата со убави автомобили и на купе форма ретко кој може да одолее, но Kia завршила многу добра работа. Не би рекле одлична, бидејќи задниот дел на поголем дел на луѓе не им се допаѓа, што не одзема од фактот дека по овој автомобил ќе се вртат завидливите очи.

 Како и да е, многу полесно е да се дизајнира убав автомобил, отколку да се направи добар автомобил. А ако гледаме во начинот на кој вози Stigner, би можеле да кажеме дека сме прилично задоволни. Динамиката е на многу високо ниво, благодарение на задниот погон, додека воланот е прецизен и враќа доволно информации од подлогата. Навистина, ако сте возач расположен за често напаѓање на свиоците, Stinger е подобар избор од моделите со преден погон во класата (или погон на четири тркала), како VW Arteon и Audi A5 Sportback.
 
Сепак, удобноста не е на ниво на овие конкуренти, особено при пониски брзини во град, кога дупките нервозно се пренесуваат во кабината. Дополнително на тоа, дизел моторот, кој се чини ќе биде најпопуларен избор кај нас е позвучен од тој на конкурентите и работи со малку повеќе вибрации, што дополнително го намалува премиум впечатокот кој инаку треба да го има еден толку скап автомобил. За среќа, звучната изолација е на високо ниво и при возење на високи брзини во кабината не влегува многу звук ниту од ветерот, ниту од гумите.
 
Кога сме кај моторите, дизелот и не е најдобар избор, иако е убедливо најекономичен со потрошувачка од околу 9,5 литри во град и околу 6 литри на отворено (но повеќе троши од дизелите на конкуренцијата). Едноставно, тој нема доволно брз одговор на педалата за гас за спортско возење, какви што аспирации има Stinger, а веќе спомнавме и премногу е бучен. 
 
Најдобар избор е 2,0 турбо бензинецот со 255 КС, кој има одлични перформанси кои одлично прилегаат на автомобилот, а троши од 2-3 литри повеќе од дизелот. Секако, доколку дозволува вашиот џеб, 3,3 литарскиот V6 турбо бензинец со 370 КС е вистинска ракета – спринта до стотка за само 4,9 секунди и постигнува 270 km/h, но троши над 16 литри во град со понормално возење, што е навистина премногу. Бензинските мотори се опремени и со одличен автоматски менувач со 8 степени на пренос, кој е подеднакво добар при спортско и при релаксирано возење.
 
Кабината на Stinger за среќа е изведена во квалитетни материјали во горниот дел на кабината, нешто што навистина не го очекувавме, а воедно има и одлична завршна обработка. Исто така, дизајнот е спортски и привлечен – овде би сакале да поминеме подолго време. За пофалба е и мултимедијалниот систем, кој е изведен со дисплеј на допир со одлична графика и висока респонзивност, иако во возење ние ги преферираме MMI и iDrive системите на Audi и BMW, кои се управуваат со џојстик.
 
Ентериерот нуди и доволно простор и на предните и на задните седишта, но мора да се нагласи дека за оние кои сакаат пренесувач на подолги патеки, во Arteon ќе се чувствуваат најкомфорно. Исто така, Stinger има многу мал багажник со однос на класата – 406 литри денес имаат и некои автомобили од компактната класа! И тука Arteon е многу подобар, а воедно и конкуренцијата од BMW и Audi. На светлата страна, низ кабината има мноштво места за одлагање ситници, кои се големи и лесно достапни.
 
Најголем адут на Kia Stinger е цената, која ако се изедначи со опрема со германските конкуренти е околу 20% пониска, што не е незначително. Дополнително радува фактот што Kia не бара премногу пари за доплатите, а и постоечките нивоа на опрема се супериорно опремени. Исто така, Киа Стингер има гаранција од 7 години, нешто од кое Германците се чини треба конечно да научат.
 
Но, во премиум класата купувачите размислуваат за парите на крај. Прво, треба да им се допадне автомобилот. Kia Stinger навистина има многу адути кои можат да ги привлечат ваквите купувачи, како на пример одлични возни својства кои можат да засрамат и еден Volkswagen Arteon, квалитетен ентериер и уникатен дизајн, но и неколку важни недостатоци. Во изолација, би рекле дека тие нема да бидат проблем, но бучен и нерафиниран дизел мотор и подвозје кое удира на поголемите дупки секако дека не се на листата на посакувани работи кај еден купувач на премиум автомобил.
 
Од друга страна, Kia Stinger им овозможува на оние кои немаат доволно за Audi или BMW да влезат во клубот на елитата за многу помалку пари и тоа секако е за пофалба. Да, Stinger можеби уште не е на нивото на германската премиум конкуренција, но за цената е одличен купе-седан автомобил со спортски аспирации.
 
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
 
 
1-во ниво | ADVANCE
  • ABS+ESC+HAC систем за контрола на стабилизација на возилото
  • DTVC-динамичен систем за векторска контрола,
  • TPMS-контрола на притисок во пневматиците,
  • 7 воздушни перничињазадна камера за помош при паркирање
  • задни сензори за паркирање
  • далечинско централно заклучување со аларм.
  • ISG-систем за автоматско гасење и стартување на моторот,
  • Автоматски двозонски клима уред со автоматско
  • одмаглување,EPB-електрична паркирна кочница,
  • Smart key-стартување на моторот со копче
  • DMS – селектор на модови на возење,
  • навигација со 7“ LCD дисплеј со RDS+DAB+SD Card +Apple car play+ Android Auto 
  • аудио систем со 6 звучника,
  • USB+AUX
  • аудио команди на управувач
  • темпомат
  • Bluetooth
  • ограничувач на брзина,
  • возачко седиште со електрично
  • подесување по височина
  • инструмент табла со 3,5“ дисплеј и патен компјутер
  • управувач подесив по висина и длабочина,
  • управувач и рачка на менувач обложени со кожа,
  • електрика на прозори напред и назад
  • електрика на ретровизори со греење,
  • сензор за дожд
  • внатрешен ретровизор со електронско затемнување
  • седишта со ECO кожа,пијано лак декорација во внатрешноста
  • потпирач за рака на централна конзола со кутија,
  • подесиви потпирачи за глава напред и назад
  • потпирач за рака на задна клупа
  • делива задна клупа 60:40
  • сет за брза репарација на гуми.
  • LED дневни светла,
  • LED задни светларетровизори со LED трепкачи и електрично склопување
  • алуминиумски тркала 225/50R17 (2.2 CRDi) ,
  • алуминиумски тркала 225/45R18 (2.0 T-GDi).
 
 
 
2-ро ниво | GT LINE
Содржи се што и ADVANCE, плус:
  • AVM- предни,задни и странични камери за помош при паркирање
  • BSD – систем за детекција на мртов агол
  • LKAS-систем за одржување на возилото во лента,
  • AEB-систем за автономно сопирање во градски услови,
  • ”Smart Cruise Control”- адаптивен темпомат
  • “Limited-Slip Differential”- дистрибуција на еднаква сила кај задна оска при вртење (кај RWD)
  • Предни сензори за паркирање,
  • Навигација со 8“ LCD дисплеј со RDS+DAB+SD Card +Apple car play+ Android Auto,
  • „Harman/Cardon“ аудио систем со активен „subwoofer“ и 15 звучници,
  • инструмент табла со 7“ TFT LCD и “Head Up” дисплеј
  • електрично подесување на управувач со меморија
  • кожени седишта,
  • греење на предни и задни седишта
  • вентилација на предни седишта,
  • електрично подесување на возачко седиште со меморија и совозачко седиштегреење на управувач
  • надворешни ретровизори со електронско затемнување
  • електронско отварање на задна врата,безжичен полнач на телефон
  • помошно алуминиумско тркало.
  • Адаптивни предни Bi-LED светла,предна маска со спортски дизајнпредни и задни браници со спортски дизајн
  • алуминиумски тркала 225/45R18.
 
 
 
3-то ниво | GT
Содржи се што има GT LINE, плус:
  • Електронска контрола на суспензија“Brembo” сопирачки,
  • Kожени ”Nappa” седишталумбарно подесување на возачко седиште-“air cells” типподесување на страниците на возачко седиште
  • Алуминиумски тркала 225/40R19 (напред)255/35R19 (назад).
ПРЕДНОСТИ
• Солидни возни својства
• Директно управување
• Премиум ентериер со одлична изработка и материјали
• Ниска цена и високо ниво на опрема
• Висока гаранција од 7 години
НЕДОСТАТОЦИ
• Нерафиниран дизел мотор
• Суспензијата тврдо ги пренесува поголемите дупки во кабината
• Мал багажник


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за KIA Stinger - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
KIA Stinger - 2018
 
KIA Stinger - 2018
37990 - 59990
Mercedes-Benz GLA AMG
 
Mercedes-Benz GLA AMG
30990 - 66990
Mercedes-Benz GLC AMG
 
Mercedes-Benz GLC AMG
52990 - 112990
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Спортски седани
 
Alfa Romeo Giulia QV 201990000 €
Audi A5 S5 Coupe66787 €
Mercedes-Benz GLA AMG30990 €
Mercedes-Benz GLC AMG52990 €
Opel Insignia Sports Tourer OPC - 201826878 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
НИСКА КЛАСА       КОМПАКТИ       СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

KIA

www.kiamotors.com.mk

Импортер за Македонија
Киа Моторс Македонија

Тел: 02 / 2 580 - 300

Адр: ул. Перо Наков бб

Работно време:  08:00 - 20:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други KIA модели
Ceed - 2018 Ceed SW - 2018
NIRO HEV - 2018 Optima
Rio Sorento
Sportage - 2017 Stinger - 2018
Stonic - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook