дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > KIA > KIA Stonic - 2018 > Краток опис за моделот
KIA Stonic  - 2018 KIA Stonic - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 12990
веќе од 216 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Kia Stonic – солидно постигнување, но не очекувајте никакви “SUV” способности

Голем број на купувачи, кога ќе помислат на SUV автомобил, помислуваат на модел кој барем на некој начин ќе биде малку подобар во совладувањето на некои препреки од „обичен“ автомобил.


Сепак, последниве неколку години беа лансирани толку многу вакви модели, што работите страшно многу се измешаа. Целата оваа мешаница најдобро може да се објасни со Kia Stonic, автомобил кој е одличен избор за цената по која се нуди, но му недостасуваат многу од карактеристиките на еден вистински SUV.

 
Така, во понудата на Stonic нема модел со погон на сите тркала, а нема ниту некаков систем кој ќе помогне во совладувањето на лизгав терен. Во превод, на снег овој автомобил ќе се однесува исто како и секој друг автомобил од ниската класа. Да, поради повисоката поставеност нема да мора да се грижите за високите тротоари, но мислиме дека тоа не е доволна причина за да се купи SUV автомобил.
 
За среќа, Stonic ни дава неколку други добри причини. На пример, подвозјето е одлично избалансирано и овозможува солидни возни својства, особено со оглед на тоа што автомобилот е повисоко поставен од земја, додека управувањето е задоволително прецизно, а истото важи и за менувачите. Исто така, бензинците се доволно тивки, а суспензијата, иако малку потврдо подесена, во ниту еден момент не е претерано тврда и се однесува солидно на поголемите дупки, притоа пренесувајќи мал број на вибрации во внатрешноста.
 
Stonic не се однесува како SUV автомобил ниту кога е во прашање внатрешноста, но тоа тука има и негативна конотација. Едноставно, простор на задната клупа нема повеќе од автомобилите од компактната класа, додека задната клупа не се лизга напред-назад и не се навалува како што можат некои од конкурентите. Багажникот пак брои 352 литри, што е солидна бројка, но не е воопшто импресивна и заостанува зад многу конкуренти во оваа класа.
 
За среќа, на предните седишта има доволно простор, а возачот и лесно може да ја најде идеалната позиција. Пофалба заслужува и прегледноста, како и леснотијата во користењето на мултимедијалниот систем со дисплеј на допир со големина од 7 инчи, кој е еден од најдобрите во класата. Радува и фактот што многу од командите се извадени надвор од него, што значи дека тој е лесен за користење и во движење, а голема пофалба и за можноста за поврзување на смартфон и користење на апликациите од него, како на пример вградените мапи за навигација (работи со Android и iPhone).
 
За купувачите во оваа класа на возила сепак се чини најголема слабост ќе биде малку повисоката потрошувачка на гориво од основниот 1,25 литарски бензински мотор, кој во град знае да качи и над 8 литри на 100 km и покрај тоа што не нуди којзнае какви перформанси, а истото важи и за 1,4 литарскиот бензинец, кој е незначително побрз, но троши скоро 9 литри гориво во град. Турбо бензинецот со зафатнина од 1,0 литри е веројатно најдобриот избор, бидејќи нуди одлични перформанси и пониска потрошувачка од околу 7,5 литри во град и 6 литри на отворено. Дизелот е пак поскап од сите модели и иако троши многу малку гориво (под 6 литри во град), ние би го избегнале.
 
Во поглед на цената, Stonic е дефинитивно еден од најевтините модели во класата, а почетниот модел има и прилично многу опрема, која вклучува и мултимедијален систем со 7 инчен дисплеј на допир и целосна поддршка за Android Auto и Apple CarPlay, нешто со кое не можат да се пофалат голем број на конкуренти. Исто така, импресивна е гаранцијата која ја дава Kia, придружена и од солидни резултати за доверливост на тестирањата низ светот. Да, ова можеби не се гледа – кабината не е изведена со најквалитетни можни материјали, но не смее да се заборави дека ова е автомобил од ниската SUV класа.
 
Според сето ова, Stonic е еден навистина добро изведен автомобил, со солидна карактеристики за купувачите на SUV модел од ниската класа, но од друга страна автомобил кој во ништо и не импресионира, освен во тоа колку чини и колку опрема има. Се чини главен проблем на Stonic е тоа што не нуди особено голема разлика во однос на моделите од компактната класа – за истите пари може да се купи Cee’d, кој не само што вози подобро, туку има и поширока задна клупа и поквалитетна внатрешност. 
 
Ќе беше навистина добро Stonic да беше опремен со некоја посебна карактеристика – Suzuki Vitara на пример се нуди со извонреден 4х4 погон, додека Renault Captur и Citroen C3 Aircross имаат флексибилна задна клупа која ги прави пофункционални од моделите од компактната класа. Штета, зошто основата, изведена од новиот Rio е одлична!
 
 
 
НИВО НА ОПРЕМА
 
 
 

1-во ниво | EX EXPERIENCE


  • ESC-систем за контрола на стабилизација на возилото со вклучени:
  • EBD-ABS-контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање,
  • CBC –контрола на сопирање во кривина,
  • SLS – контрола на сила на сопирачки за праволиниско сопирање,
  • HAC-помош при тргнување на нагорнина,
  • VSMсистем за стабилизација на возилото,
  • TPMS-контрола на притисок во пневматиците,
  • 6 воздушни перничиња,
  • централно далечинско заклучување со аларм,
  • сигурносна брава на задните врати,
  • безбедносни појаси на предни и
  • задни седишта (подесиви по висина на предните седишта),
  • ISOFIX за детско седиште.:
  • ISG- систем за автоматско гасење и стартување на моторот, клима уред ,
  • 7“ LCD дисплеј со аудио систем,
  • Android Auto,
  • Apple CarPlay,MP3+USB+AUX + 6 звучника,
  • управувач подесив по висина и длабочина,
  • управувач и рачка од менувач обложени со кожа,
  • аудио команди на управувач,
  • Bluetooth,
  • патен компјутер,
  • електрика на предни и задни стакла,
  • електрика на ретровизори со греење,
  • возачко седиште подесиво по висина,
  • висинско подесување на предни светла,
  • потпирачи за глава подесиви по висина напред и назад,
  • делива задна клупа 60:40,
  • држачи за чаши на централна конзола,
  • помошно резервно тркало со дигалка и алат.
  • челични тркала 185/65R15.

 


2-ро ниво | EX STYLE

Содржи се што има EX EXPERIENCE, плус:

  • Безбедност:
  • Задна камера за паркирање,
  • задни сензори за паркирање.
  • Темпомат,
  • автоматски клима уред,
  • сензор за дожд,
  • ограничувач на брзина,
  • внатрешен ретровизор со електронско затемнување.
  • LED дневни светла,
  • LED задни светла,
  • предни светла за магла,
  • ретровизори со LED трепкачи и
  • електрично склопување,
  • алуминиумски тркала 185/65R15.

ПРЕДНОСТИ
• Динамично и забавно возење
• Тивки бензински мотори и генерално солидна рафинираност
• Одличен 1.0 турбо бензинец – има одлични перформанси и ниска потрошувачка
• Прецизен волан и менувач
• Одлична возачка позиција и солидна прегледност
• Богата опрема и ниска цена
• Одличен мултимедијален систем со 7 инчен дисплеј на допир, достапен и во почетниот модел
• Долга гаранција
НЕДОСТАТОЦИ
• Повисока потрошувачка кај атмосферските бензински мотори (1,25 и 1,4)
• Багажникот е под просекот во класата
• Просечен простор на задната клупа
• Задната клупа не е флексибилна како кај некои конкуренти
• Нема 4х4 модел


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за KIA Stonic - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mitsubishi ASX
 
Mitsubishi ASX
13980 - 23980
Dacia Duster - 2018
 
Dacia Duster - 2018
12840 - 18650
Suzuki Vitara
 
Suzuki Vitara
14980 - 25970
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV мали
 
Citroën C3 Aircross13490 €
Citroën C4 Cactus13590 €
Dacia Duster - 201812840 €
Fiat 500X CityLook15980 €
Hyundai Kona - 201818416 €
Mitsubishi ASX13980 €
Nissan Juke16500 €
Opel Crossland X - 201816642 €
Opel Mokka X18438 €
Peugeot 200816290 €
Renault Captur15850 €
Seat Arona - 201815804 €
Škoda Karoq - 201818120 €
Suzuki S-Cross15900 €
Suzuki Vitara14980 €
Volkswagen T-Roc - 201820242 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

KIA

www.kiamotors.com.mk

Импортер за Македонија
Киа Моторс Македонија

Тел: 02 / 2 580 - 300

Адр: ул. Перо Наков бб

Работно време:  08:00 - 20:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други KIA модели
Ceed - 2018 Ceed SW - 2018
NIRO HEV - 2018 Optima
Rio Sorento
Sportage - 2017 Stinger - 2018
Stonic - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook