дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Hyundai > Hyundai i30 - 2018 > Краток опис за моделот
Hyundai i30 - 2018 Hyundai i30 - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 14500
веќе од 241 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Hyundai i30: Корејскиот компакт го цементира статусот на „автомобил за повозрасните“

Со првиот i30 модел, корејскиот гигант сакаше да направи своевидна револуција во класата, но ние не бевме особено импресионирани. Иако поевтин од конкурентите, ова беше модел со доста компромиси – едноставно, не беше добар колку нив. Втората генерација значително се доближи до конкуренцијата, но и натаму не може да се каже дека е најдобар модел во класата.


Всушност, нема би можеле да ја препорачаме само на повозрасните купувачи, оние кои не бараат брзина и добро држење во кривини, односно нема да забележат на евтината пластика во ентериерот. За помладиот купувач, i30 никогаш не бил добар избор, што не се менува ниту со новиот модел. Како и да е, корејскиот компакт сега има неколку вистински квалитети, кои го прават барем опција за оние кои бараат помирно возење и повеќе простор во кабината. 
 
Само доволно простран и практичен
Новиот i30 делумно порасна во однос на претходникот, но ги задржа компактните димензии, што е добро за купувачите кои често ќе го возат во град. Поради тоа, на задната клупа нема простор како кај најдобрите модели во класата, особено во просторот за колена, но и не е тесно како кај најлошите во овој сегмент. Би рекле златна средина. Истото важи и за багажникот, кој со 395 литри е доволно простран за фамилијарните купувачи, но во класата има и подобри (а рака на срце и послаби модели).
 
За просечниот фамилијарен купувач се чини ќе има доволно простор, особено за оние кои пренесуваат помали деца назад. Всушност, главната забелешка оди во однос на практичноста – задната клупа се дели во сооднос 60:40, но не остава целосно рамен под, нешто што може да го направат поголемиот број на модели во класата. Од друга страна, со спуштањето се ослободуваат 1.301 литри простор, што е еден од најдобрите резултати во компактниот сегмент.
 
Просечноста на кабината на i30 се пренесува и во целосниот квалитет. Напредок е видливо постигнат и некои пластики сега се помеки на допир, но патниците дефинитивно нема да имаат чувство дека се возат во поскап автомобил. Единствено радува што Hyundai отсекогаш имал добра завршна обработка, па нема крцкање во возење.
 
Супер лесен автомобил за возење, тивок и удобен за патниците
Она што Hyundai отсекогаш успевал да го направи кај своите модели е да бидат добри за патување. Новиот i30 повторно е мек преку дупките, небаре е француски компакт, а и моторите се тивки и не се слушаат премногу при забрзување. Исто така, добрата звучна изолација дозволува во кабината лесно да се разговара и на повисоки брзини, што е за пофалба.
 
Воедно, i30 е многу лесен автомобил за возење – воланот се врти многу лесно, менувачот лесно лизга низ степените, педалите се лесни за притискање... Тука возачите кои не се особено расположени за спортско возење ќе бидат целосно задоволни. Воедно, возачката позиција е удобна за подолги патувања, а сите команди во околината се јасно означени, со големи копчиња. Ова отсекогаш ни се допаѓало кај Hyundai.
 
Истото важи и за мултимедијалниот систем, кој има големи, јасно означени икони на дисплејот на допир и е еден од полесните за користење во движење. Мала забелешка е што графиката не е како кај поскапите модели во сегментот, но да бидеме реални, овде никој нема да гледа филмови. Поскапите модели со 8 инчен дисплеј и навигација се уште подобри, а доаѓаат и со вграден Android Auto и Apple CarPlay, што исто така е за пофалба.
 
Од друга страна, од i30 не очекувајте да биде којзнае колку динамичен во кривините. Иако лежи на целосно нова платформа, i30 не вози прецизно како поголемиот дел на компакти во класата. Но, меѓу удобно и спортско возење, ние би рекле дека првото е поважно во оваа класа. За агресивните возачи, Hyundai го има моделот N.
 
Основниот 1,4 бензинец е преголем потрошувач на гориво, а има и слаби перформанси
Засега кај нас Hyundai го нуди само 1,4 литарскиот атмосферски бензинец со 100 КС. Овој мотор повеќе од една деценија се вградува во моделите на корејската компанија и тука веќе се покажува неговата старост. Генерално, добар е за градски услови, но само ако прифатите бавни забрзувања – заборавете на „лепење на седиштето“. Турбо моторите сигурно се многу подобри, но во моментов тие не се достапни кај нас.
 
Воедно, овој мотор воопшто не импресионира со потрошувачката. Всушност, тој троши околу 8,5 литри гориво во градски услови, односно околу 6 литри на отворено, што е прилично лош резултат за мотор со толку малку сила и перформанси. Во превод, кога ќе бидат достапни, препорачуваме да го одберете 1,0 турбо бензинецот, кој потегнува многу подобро и од пониски вртежи, а ќе троши и преку литар помалку гориво. Дизелот 1,6 со 95 или 110 КС исто така може да е добар избор за оние кои поминуваат многу километри – троши од 5,5-6 литри во град и под 5 литри на отворено.
 
Цената веќе не е ниска како порано
Како и секогаш, една од главните карактеристики на Hyundai е пониската цена. Новиот i30 веќе не е толку евтин како претходникот, но е поевтин од новите, модерни конкуренти во класата, иако ова важи само за акциските цени. Ќе почекаме да видиме како ќе се движат во иднина за финален заклучок. 
 
Генерално, радува тоа што во основниот модел Comfort има многу богата опрема за безбедноста, односно системи како: систем за помош за задржување во лента LKAS, систем за предупредување за можен судир од напред FCWS, систем за предупредување за замор кај возачот DAA, систем за автоматско вклучување/исклучување на долги светла HBA итн. Подобро опремените модели имаат доста побогата опрема и не чинат многу повеќе пари, но кај нив Hyundai се нема изнесено со акциска цена. Исто така, разочарува што вториот модел Elegance е опремен со алуминиумски тркала од само 15 инчи. Ние ја заборавивме таа големина уште во 90-тите години...
 
Што не носи до многу едноставен заклучок – самото тоа што Hyundai не нуди привлечна козметичка опрема, кажува дека i30 не е наменет за помладите купувачи. Ова не е автомобил кој ќе сакате да го паркирате пред некое популарно кафуле, ниту пак автомобил кој ќе предизвика насмевка кај возачот или ќе го забрза срцето. Од друга страна, оние кои сакаат да имаат лесен автомобил за возење, кој има доволно простор за фамилијата и не планираат да потрошат многу пари, можат да го разгледаат новиот i30. Но, бидете сигурни да ги погледнете и моделите на европската и јапонската конкуренција пред финален заклучок.
 
 
 
 
НИВОA НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | COMFORT
  • ABS (Anti Lock Brake System) Систем против блокирање на тркалата при сопирање
  • AEB (City & Urban mode) Систем за препознавање на пречки на патот и автономно сопирање
  • ESP- Електронска контрола за стабилност на возилото
  • HAC (Hill Assist Control) Систем за помош при искачување нагорнина
  • LKAS (Lane Keeping Assist System) Систем за помош при менување сообраќајна лента
  • FCWS (Front Collision Warning System) Систем за предупредување за можен удар од напред
  • DAA (Driver Attention Alert) Систем за предупрадување на возачот за замор
  • HBA (High Beam Assist) Автоматско вклучување на долги светла Воздушни перничиња x4 + воздушни завеси
  • Звучен сигнал за незаврзан појас
  • ISO FIX за детско седиште
  • Start & Stop систем
  • Кодиран клуч
  • Систем за контрола на притисок во пневматици
  • Мануелен клима уред
  • Темпомат со ограничување на брзината
  • (Auto Cruise Control)
  • Централна далечинска брава со аларм
  • Серво управувач подесив по висина и длабина
  • Мануелно подесување на возачко седиште
  • Централен наслон за раце (напред)
  • Радио + RDS со интегриран LCD монитор + 4 звучници
  • аудио контроли на управувачот
  • AUX + USB + Bluetooth
  • Патен компјутер + 3.5” LCD екран
  • Дигитален часовник
  • Кожен пакет (управувач и менувач)
  • Наслони за глава подесиви по висина
  • Деллива задна клупа
  • Електрика на предни стакла + автоматско спуштање на стакла на возачката врата
  • Раткапни во полна величина (15”)
  • Внатрешно осветлување со оддел за очила
  • Внатрешно осветлување во вториот ред
  • Заштитник од сонце со огледало (кај возач и совозач)
  • предупредување за ниско ниво на течност за стакла
  • Држач за чаши во средишната конзола
  • осветлен багажен простор
  • Ролетна за багажен простор
  • Сет за репарација на пневматик
  • Тонирани стакла
  • LED дневни и позициони светла
  • STATIC BENDING (предни светла за свиоци)
  • Заден бришач
  • Заден спојлер со интегрирано високопоставено LED стоп светло
  • Магленки (назад)
  • Хромирана предна маска со црн отсјај
  • Браници во боја на каросерија
  • Надворешни кваки во боја на каросерија
  • Надворешни ретровизори во боја на каросерија, електрично подесиви, со греачи, рачно склопливи
  • Трепкачи наа надворешните ретровизори
  • 15” челични фелни
 
 
 
2-ро ниво | ELEGANCE 
Содржи се што има Comfort, плус:,
  • 15” Алуминиумски фелни
  • Магленки (напред)
  • Електрично склопливи ретровизори
  • Затемнето ветробраново стакло
  • затемнето задно стакло
  • Лумбална поддршка на возачко седиште
  • SKI HATCH
  • Осветлување позади во кабина
  • Електрика на прозорци (назад)
  • Сјајни хромирани кваки внатре
  • Мрежа во багажен простор
  • Keyless Entry
  • Radio + RDS + DAB + 5.0” LCD екран
  • Паркинг сензори (напред и позади)
  • Камера за паркирање
  • Изолациона облога на хауба
  • WIRELESS полнач
  • Калници (напред и позади)
  • Мануелно подесување на совозачко седиште
 
 
 
3-то ниво | PREMIUM
Содржи се што има Elegance, плус:
  • 16” Алуминиумски фелни
  • Двојни предни LED светла со систем за закосување во кривини (STATIC BENDING)
  • Задни LED светла
  • Стандардна резервна гума
  • Мало светло под ретровизор
  • Хромирани кваки (надвор и внатре)
  • Кожа/штоф на седишта
  • Централен наслон за раце на лизгање
  • навигација 8” + RDS + DAB + SD CARD
  • Bluetooth со VOICE RECOGNITION
  • Контролна табла + 4.2” LCD екран
  • Сензор за дожд
  • Автоматски клима уред
  • Систем за одмаглување
  • Smart Key
 
ПРЕДНОСТИ
• Меко и тивко возење
• Лесен за управување – лесен волан, лесен и прецизен менувач
• Многу опрема за безбедноста уште во основниот модел
• Одлична ергономија и големи, читливи команди
• Лесен за користење мултимедијален систем
• Добро изработена кабина
НЕДОСТАТОЦИ
• Слаб основен бензинец, со висока потрошувачк
• Не дава добар филинг при возење во кривините
• 15 инчни тркала во второ ниво на опрема!?


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Hyundai i30 - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Ford Focus - 2018
 
Ford Focus - 2018
18400 - 39000
Renault Megane
 
Renault Megane
16990 - 37990
Ford Focus
 
Ford Focus
13990 - 24400
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компакти
 
Citroën C413990 €
Fiat Tipo - 201713000 €
Ford Focus13990 €
Ford Focus - 201818400 €
Honda Civic - 201723990 €
KIA Ceed - 201813990 €
Mazda 316980 €
Mazda 3 - 2019 *16980 €
Opel Astra17413 €
Peugeot 30817020 €
Renault Megane16990 €
Seat Leon18080 €
Toyota Auris17050 €
Toyota Corolla Hatchback - 201917990 €
Volkswagen Golf VII19996 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Hyundai

www.hyundai.com.mk

Импортер за Македонија
Кореа Ауто Трејд

Тел: 02 / 3095 - 525

Адр: ул. Скупи 3а

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Hyundai модели
Elantra Grand Santa Fe
i10 i20 - 2018
i30 - 2018 i30 N - 2018
i30 Tourer - 2018 i40
i40 Estate Ioniq
ix20 Kona - 2018
Santa Fe - 2018 Tucson
Tuscon - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook