дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Seat > Seat Arona - 2018 > Краток опис за моделот
Seat Arona - 2018 Seat Arona - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 15804
веќе од 263 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Seat Arona: Ibiza на стероиди

Seat е еден од производителите кој најбрзо одговори на SUV лудилото, особено ако се земе во предвид дека претходно и немаа таков модел во гамата. После Ateca, тие ја лансираат малата Arona, која се базира целосно на Ibiza, но е малку подигната од земјата, со цел да им се даде на купувачите она што го сакаат – SUV изглед.


Поголемиот модел Ateca поминува многу успешно на пазарот – Seat не може да произведе толку модели колку што бара публиката. Сепак, малата Arona се чини ќе има многу потешка задача – конкуренцијата тука веќе има етаблирани модели, кои се конкурентни и во цена, практичност, перформанси и потрошувачка. Па, дали Arona има доволно адути за да се истакне во овој сектор?

Кабината има доволно простор, но конкурентите се попрактични

Ако мислевте дека Arona Ќе има практичен ентериер, бидејќи се работи за SUV, размислете повторно. Додека конкурентите како Citroen C3 Aircross и Suzuki S-Cross имаат задна клупа која лесно се спушта и од багажникот и која може да се лизга напред назад, онаа во Arona може само да се спушти во сооднос 60:40 и тоа само од кабината. Воедно, низ кабината нема многу места за одлагање на ситници, а и оние кои ги има се обложени со тврда пластика и може да очекувате предметите и пијалаците да тропаат во нив.

Простор во кабината има доволно и на предните и на задните седишта, во рамките на класата, а и багажникот брои многу солидни 400 литри. Сепак, конкурентите нудат скоро подеднакво толку простор, а багажникот е во просекот на класата, па ова и не е особено голем адут на Seat Arona. Исто така, ентериерот делува премногу евтино – насекаде има тврда пластика во една иста боја, која ја прави кабината монотона. Ова е особено изразено на задната клупа, каде ќе се чувствувате како да сте во некоја пластична кутија. Назад нема ниту центарен потпирач за рацете, што е разочарување.

Штедливи, но бучни и нерафинирани мотори

Благодарение на малата маса, кој мотор и да го одберете во Arona ќе бидете задоволни од перформансите. Нашиот избор паѓа на 1,0 TSI бензинецот со три цилиндри и 115 КС, кој има доволно сила добро да повлече, а и не троши премногу гориво – околу 8 литри во градски услови, односно околу 6 литри на отворено. 

Но, тука има едно „ама“ – овој мотор е пребучен при забрзување, што е чудно, бидејќи истиот е тивок во останатите модели на VW групацијата. На отворен пат тој се смирува, но повеќе е покриен од звук од ветерот и гумите. Дизелите се уште побучни во внатрешноста, особено при забрзување, а имаат и многу повисока стартна цена. Препорачуваме да се задржите на бензинците.

Одлично подесено подвозје – комбинација на стабилност и удобност

Arona не е ниту најудобниот ниту најдинамичниот модел во класата, но е одлична комбинација на двете. Во него ќе биде среќен и возачот, благодарение на солидното управување и спремноста на подвозјето да реагира на брзи промени на правецот, а ќе бидат задоволни и патниците, бидејќи дупките од патот нема да се пренесуваат како удари во внатрешноста. Кај FR моделите достапна е и адаптивна суспензија, која ја прави Arona и поудобна и подобра за возење во кривините, зависно од тоа кој мод ќе го одбере возачот.

Возачот ќе биде и прилично удобно седнат во своето седиште, а благодарение на подесувањето на воланот и седиштата во сите правци, лесно е да се најде идеалната позиција. Ни се допаѓа и распределеноста на командите на централната конзола, а мултимедијалниот систем на допир е еден од најдобрите во класата, со јасни команди и добро дизајниран и брз кориснички интерфејс.

Цената не е најниска во класата, но опремата е богата уште во старт

Во сегментот на мали SUV автомобили, има и поевтини модели од Arona. Всушност, моделот на Seat е поскап од повеќе од половина од моделите. Во негова одбрана, тој доаѓа со богата опрема уште во основниот модел, но недостасува опрема за безбедноста, како на пример адаптивен темпомат и систем за задржување во лента. Исто така, цената значително расте кај подобро опремените модели и навлегува во класа повисоко, што е голем минус за модел кој е голем колку една Ibiza.

 

Целосно, не сме импресионирани од тоа што го нуди Seat Arona. Однадвор можеби делува тренди и секси, а мора да се признае и дека вози добро, односно е удобна и динамична, но не ги задоволува поважните квалитети кои треба да ги има едно SUV возило. Додека ентериерот и багажникот се доволно пространи, кабината не нуди флексибилност како многу од конкурентите – задната клупа не се лизга, нема ниту потпирач за рака, а и низ кабината нема многу интелигентно сместени места за одлагање на ситници. Кога на ова ќе се додаде многу евтиниот ентериер и повисоката цена во однос на конкуренцијата, тешко е директно да се препорача Arona – ние сметаме дека има подобри и поисплатливи модели во класата во моментов.

 

 

НИВОА НА ОПРЕМА

 

1-во ниво | REFERENCE

  • 6 воздушни перничиња (2 предни + 2 странични + 2 завеси)
  • Деактивација на совозачко воздушно перниче
  • ABS + ESP + EBA + XDS + RKA + TCS + EDS
  • Индикатор за притисок во пневматици
  • Front assist - Асистент при ризик од фронтален судар
  • Hill hold - помош при тргнување по нагорнина
  • Сигурносни појаси во три точки на задната клупа
  • iSOFiX и Top Tether закачалки за прицврстување на 2 детски седишта на задната клупа
  • Резервно тркало со намалени димензии , алат и дигалка
  • Браници во боја на каросерија
  • Рачки на врати и ретровизори во мат црна боја
  • Црни кровни шини
  • Светла за магла со функција за аголно осветлување
  • Челични фелни 16" со раткапни, гуми 205/60 R16 92H
  • Централно заклучување со далечински управувач
  • Електрика на предни и задни стакла
  • Електрично подесување на странични ретровизори
  • Клима уред 
  • Media System Color: радио со 6.5" екран чувствителен на допир во боја,
  • Bluetooth, Aux-in, USB, SD, 6 звучници 
  • Внатрешен ретровизор со автоматско затемнување
  • Борд компјутер
  • Задни паркинг сензори 
  • Двојни халогени предни светла со дневни светла и LED задни светла
  • Подесување на управувачот по висина и длабочина
  • Мултифункционален управувач
  • Прилагоување на возачко седиште по висина
  • Деллива задна клупа

 

2-ро ниво | STYLE
Содржи се што има REFERENCE, плус:

  • Сигурносни навртки на тркалата
  • Рачки на врати и ретровизори во боја на каросерија 
  • Алуминиумски фелни 16" Design, гуми 205/60 R16 92H
  • Електрика, греење и преклопување на странични ретровизори
  • Сензор за автоматско вклучување на светлата, 
  • Coming Home & Leaving
  • Home функција, сензор за дожд
  • Темпомат
  • Детекција на замор
  • Park assist: Помош при паралелно паркирање и сензори за паркирање напред и назад
  • Халогени предни светла со LED дневни светла и LED задни светла 
  • LED амбиентално осветлување
  • Кожен управувач, кожна рачка на менувачот и кожна рачна кочница
  • Наслон за рака напред / Фиоки под предните седишта
  • Внатрешен хром пакет

 

3-то ниво | XCELLENCE
Содржи се што има STYLE, плус:

  • Рачки на вратите во боја на каросерија, ретровизори во боја на кров 
  • Хромирани кровни шини 
  • Затмнети задни стакла
  • Хромирани рамки на прозорите 
  • Keyless entry+go = отклучување и стартување на моторот без клуч
  • Connectivity Plus: 8" екран во боја чувствителен на допир, SD картичка,
  • CD, AUX-in, 2xUSB, Bluetooth, 6 звучници, гласовни команди, борд
  • компјутер, SEAT Full Link (Mirror Link + Apple Car Play + Android Auto),
  • навигација со мапи на Европа, бежичен полнач за мобилен
  • Адаптивен темпомат
  • Park assist: Помош при паралелно паркирање и сензори за паркирање
  • напред и назад + камера со поглед назад
  • FULL LED предни светла, LED дневни светла, LED задни светла, LED
  • светло позади за осветлување на табличките, автоматско регулирање на
  • висината на фаровите, амбиентално осветлување во пределот на нозете
  • Внатрешност на предните врати со штоф 
  • Прилагодување на возачко и совозачко седиште по висина 
  • Зимски пакет: 
    • греење на предни седишта + 
    • греење на бризгалки + греење
    • на ретровизори + 
    • висинско подесување на предни седишта 
    • Велур седишта 

 

 

4-то ниво | FR
Содржи се што има XCELLENCE, плус:

  • Алуминиумски фелни 17" Dynamic, гуми 205/55 R17 91V
 
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина и напред и назад
• Солиден багажник од 400 литри
• Добра возачка позиција и одлично распределени команди
• Одличен мултимедијален систем
• Подвозјето овозможува одличен баланс меѓу динамиката и удобноста
НЕДОСТАТОЦИ
• Внатрешноста не е флексибилна како што се очекува од еден SUV
• Нема доволно места за одлагање ситници во кабината
• На задната клупа нема среден потпирач за раце
• Евтина пластика во внатрешноста и монотон дизајн
• Бучни мотори, особено дизелите и 1,0 бензинецот
• Повисока цена во однос на конкуренцијата


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Seat Arona - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mitsubishi ASX
 
Mitsubishi ASX
13980 - 23980
Dacia Duster - 2018
 
Dacia Duster - 2018
12840 - 18650
Suzuki Vitara
 
Suzuki Vitara
14980 - 25970
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV мали
 
Citroën C3 Aircross13490 €
Citroën C4 Cactus13590 €
Dacia Duster - 201812840 €
Fiat 500X CityLook15980 €
Hyundai Kona - 201818416 €
KIA Stonic - 201812990 €
Mitsubishi ASX13980 €
Nissan Juke16500 €
Opel Crossland X - 201816642 €
Opel Mokka X18438 €
Peugeot 200816290 €
Renault Captur15850 €
Škoda Karoq - 201818120 €
Suzuki S-Cross15900 €
Suzuki Vitara14980 €
Volkswagen T-Roc - 201820242 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Seat

www.seat.com.mk

Импортер за Македонија
КА-ДИС

Тел: 02 / 3076 - 400

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 16:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Seat модели
Arona - 2018 Ateca - 2017
Ibiza - 2018 Leon
Leon Cupra Leon ST
Leon ST Cupra Tarraco - 2019 *





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook