дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Volkswagen > Volkswagen T-Cross - 2018 > Краток опис за моделот
Volkswagen T-Cross - 2018 Volkswagen T-Cross - 2018
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од
веќе од € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

VW T-Roc: Скапо и недоволно практично остварување

SUV автомобили се повеќе добиваат на замав, за што доказ е и тоа што производителите почнуваат да влегуваат во класи кои дотогаш не биле својствени за нив. Еден таков е и T-Roc на Volkswagen, SUV автомобил од ниската класа.


На прв поглед, T-Roc е прилично скап автомобил, што не е оправдано со неговите димензии - однадвор тој е помал и од Golf. Воедно, повисоката каросерија не донесува многу подобро возење на терен, но како што сите веќе знаеме, тоа и не им е важно на купувачите. Важно е автомобилот да биде подигнат од земјата. 
 
Кога T-Roc пак ќе се спореди со конкурентите, работите стануваат уште почудни - тој е неколку илјади евра поскап, а има скоро подеднаква просторна понуда. Па, дали има овој мал SUV на Volkswagen други квалитети кои ќе го направат вистински конкурентен во оваа класа?
 
Голем багажник, но и прилично тесна задна клупа
Ако многу од конкурентите во оваа класа се обиделе да постигнат баланс меѓу комфорот за патниците и просторот за багаж, кај T-Roc инженерите дефинитивно се одлучиле предност да дадат на багажникот. Тој кај моделите со преден погон брои 445 литри, што е еден од најдобрите резултати во класата, но е само просечен ако се одлучите за модел со погон на сите тркала - тогаш има 392 литри. Мора да се напомене и дека основниот модел, кој има резервно тркало со цела големина, има багажник со зафатнина од само 366 литри, што е веќе под просекот на класата.
 
Затоа, страда просторот на задната клупа, особено во делот за колената - тука T-Roc е на нивото на автомобил од ниската класа (Polo). Исто така, задната клупа не се лизга напред/назад (како кај многу од конкурентите) и наслоните што не се навалуваат, па и не препорачуваме долги патувања во задниот дел на T-Roc. Предните седишта се покомфорни и тука немаме никакви забелешки, но тука широки се сите конкуренти во класата.
 
Логично изведена предна конзола, но квалитетот на материјалите е на многу ниско ниво
Очекувавме дека кабината на T-Roc, како и скоро секој Volkswagen досега, ќе биде најквалитетна во својата класа, но наидовме на разочарување. Секаде во кабината пластиката е тврда на допир и делува недоволно квалитетно - поевтините модели во класата дури делуваат подобро. Целосниот впечаток е дополнително расипан со веќе досадниот VW дизајн, кој делува многу подосадно од разиграните ентериери на конкурентите.
 
Ваквиот дизајн секако помогнува во ергономијата - возачот ќе може многу лесно да се снајде со командите во T-Roc. Возачката позиција е исто така многу удобна, а и прегледноста и напред и назад е една од најдобрите во класата. 8 инчниот мултимедијален систем на допир е исто така еден од најдобрите во сегментот, но тој се добива само во подобро опремените модели, чија цена е значително повисока.
 
Солиден избор на моќни и штедливи мотори
VW T-Roc не е особено „забавен“ автомобил за возење, барем не како што навестува неговиот дизајн однадвор, односно се навалува малку повеќе во кривините од некои од директните конкуренти. Од друга страна, возењето е мошне удобно - не на нивото на Citroen C3 Aircross, но доволно добро за еден мал SUV автомобил.
 
Моторите, како и кај секој Volkswagen, се составени од TSI и TDI единици - бензинците имаат сила од 115 КС (1,0 со три цилиндри), 150 КС (1,5) и 190 КС (2,0), додека дизелите се составени од агрегати со моќност од 115 КС (1,6) и 150 КС (2,0). Нашиот избор кај T-Roc паѓа на основниот бензинец, кој е доволно брз и за излегување надвор од патот, а троши околу 8-8,5 литри во градски услови, односно 6 литри на отворено. Дизелот со 115 КС троши и 1,5 литри гориво помалку, но е за над 2.000 евра поскап во старт.
 
Одлична опрема за безбедноста, но и висока стартна цена
Приказната кај T-Roc e иста како кај скоро секој друг VW. Цената е за неколку илјади евра повисока во однос на директните конкуренти, со изедначена опрема. Да, тоа што Volkswagen вклучува многу безбедносна опрема уште во старт е за пофалба, особено во оваа класа, но факт е дека кај конкуренцијата може да се помине многу поевтино. Воедно, Volkswagen не нуди ист квалитет како на времето - на тестирањата за доверливост е меѓу послабите брендови, што во превод значи и повисоки трошоци за одржување. Да не спомнуваме тука и за дизел скандалот, каде најголемиот производител во светот немаше проблем да ги лаже своите „ценети“ купувачи.
 
Според сето тоа, заклучокот за T-Roc и не е многу тежок. Во екстремно компетитивниот сегмент на мали SUV автомобили, моделот на VW едноставно нема доволно квалитети за да ја оправда (многу) повисоката цена во однос на конкурентите. Згора на тоа, ентериерот делува многу евтино, а задната клупа не нуди доволно простор за возрасните патници, нешто што е веќе стандард во оваа класа. 
 
Ако сте млад пар и барате само поголем багажник, T-Roc може и да е добар избор, но бидете сигурни дека ќе доплатите за подобро ниво на опременост - основното ниво Trendline има помал багажник, поради резервното тркало со целосна големина. Но, тогаш цената навлегува во моделите од повисоката класа, кои имаат уште поголеми багажници!
ПРЕДНОСТИ
НЕДОСТАТОЦИ


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Volkswagen T-Cross - 2018  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mitsubishi ASX
 
Mitsubishi ASX
13980 - 23980
Dacia Duster - 2018
 
Dacia Duster - 2018
12840 - 18650
Suzuki Vitara
 
Suzuki Vitara
14980 - 25970
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV мали
 
Citroën C3 Aircross13490 €
Citroën C4 Cactus13590 €
Dacia Duster - 201812840 €
Fiat 500X CityLook15980 €
Hyundai Kona - 201818416 €
KIA Stonic - 201812990 €
Mitsubishi ASX13980 €
Nissan Juke16500 €
Opel Crossland X - 201816642 €
Opel Mokka X18438 €
Peugeot 200816290 €
Renault Captur15850 €
Seat Arona - 201815804 €
Škoda Karoq - 201818120 €
Suzuki S-Cross15900 €
Suzuki Vitara14980 €
Volkswagen T-Roc - 201820242 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Volkswagen

www.vw.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Volkswagen модели
Amarok Arteon
Caddy Caddy Combi
Caddy Furgon Caddy Maxi
Carravelle Crafter
e-Up! Golf 8 - 2019 *
Golf 8 GTE - 2018 Golf GTD
Golf GTE Golf GTI
Golf R Golf VII
Multivan Passat
Passat Alltrack Passat Variant
Polo Polo GTI
T-Cross - 2018 Tiguan
Tiguan Allspace Touareg - 2019
Touran Transporter Furgon
Transporter Комби Transporter Патар
Transporter Шасија T-Roc - 2018
Up!





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook