дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Volkswagen > Volkswagen Polo > Краток опис за моделот
Volkswagen Polo Volkswagen Polo
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 15435
веќе од 257 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Volkswagen Polo – одлична изведба, но превисока цена

Новото Polo однадвор го доби потребното освежување, со предна маска која неодоливо потсетува на Golf. Всушност, со растот на димензиите на овој модел и внесувањето на новите мотори и технологија од поголемиот брат, Polo не само што се искачи на скалата во својата класа, туку го постави и прашањето – дали е потребен Golf покрај вака избалансиран автомобил?


Ако барате простор во внатрешноста, да, Golf ќе понуди малку повеќе и на предните и на задните седишта, но кабината на Polo порасна доволно за да биде комфорна и на подолги патувања. Всушност, таа е една од најпространите во класата, додека багажникот, кој брои 351 литри навлегува во повисоката класа и конечно е доволен за една четири члена фамилија и на подолг пат. Кабината има и доволно места за одлагање ситници, но разочарување е што основниот модел нема делива задна клупа, што го отежнува организирањето на просторот – ова е во серија кај многу од конкурентите.

Онаму каде Polo освојува многу поени, веројатно и малку изненадувачки, е во удобноста. Тој перфектно добро ги впива сите дупки од патиштата и останува удобен и на повисоки брзини, додека на звучната изолација и нема рамна во класата – на повисоки брзини одлично е стишен звукот од воздухот, гумите и моторите, иако дизелите се слушаат поприлично при забрзување и работат со малку повеќе вибрации.

Од друга страна, онаму каде Polo заостанува зад најдобрите во класата, а особено зад својот поголем брат Golf е во возните својства. Да не бидеме разбрани погрешно – Polo е перфектно способен во кривините и стабилен, но му недостасува прецизноста и агилноста на Fiesta, Ibiza и Swift и малку повеќе се навалува во кривините за да се ужива во ваквото возење. Ако барате автомобил кој ќе може да го разигра и вашето срце, Polo нема да биде најдобриот избор.

Внатрешноста на Polo, покрај високиот простор што го нуди, може да се пофали и со прилично квалитетен избор на материјали. Всушност, таа сега го поставува новиот бенчмарк во класата, особено на местата кои се видливи, каде Германците ставиле помека пластика на допир, а пофалба заслужува и двотонската изведба која дава свежина на кабината, нешто со кое не можеше да се пофали претходникот. Од друга страна, Polo и натаму заостанува зад Јапонците кога е во прашање доверливоста, а многу интересно повеќе се расипува и од Fabia, која е базирана на целосно истата платформа.

Зад воланот, како и кај секоја генерација на Polo, не е особено тешко да се најде идеалната положба, а VW мора повторно да се пофали дека ги има ставено сите команди на дофат на раката и има изведено каросерија која е прегледна однатре. Од друга страна, не е за пофалба изборот на дисплеј на допир за сите поважни функции во автомобилот – иако корисничкиот интерфејс е добро изведен, користењето на дисплеј на допир во движење е вистинска фискултура за нервите, особено на нерамен пат. Сепак, натаму оди трендот и за жал на тоа ќе мора да се навикнеме.

Дисплејот на допир инаку доаѓа во дополнителна опрема, што би можеле да кажеме дека е многу лош избор, бидејќи цената на основниот модел со застарениот 1.0 бензинец со 75 КС е повисока од една цела плејада модели од компактната класа. А кога сме кај моторот, тој има многу слаби перформанси, освен ако не планирате да го возите само во град и не може да се пофали со ниска потрошувачка како јапонските конкуренти.

Всушност, еден Swift со 1,2 бензинецот (или турбо 1.0, кој е исто така поевтин) ќе троши помалку гориво (околу 6 литри во град, наспроти 7 литри кај Polo), ќе вози многу побрзо и чини неколку илјади евра помалку, со многу повеќе опрема. Не би можеле да одвоиме многу пофалби и за основниот дизел со 80 КС, од едноставна причина што е премногу скап, иако може да се пофали со потрошувачка во град од околу 5 литри и солидна еластичност. Турбо бензинецот со 95 КС пак е одличен избор, бидејќи нуди одлични перформанси и ниска потрошувачка, но неговата цена е повторно превисока.

Тука лежи и главниот проблем кај Polo. Во скоро секој поглед тој е новиот предводник во класата (освен во возните својства, но и тука е близу до врвот) и може да засрами и некои постари модели од компактната класа, но неговата цена е претерано висока за да се препорача на било кој купувач, особено не со основните мотори и Trendline нивото на опрема. Всушност, ако почнете да доплаќате за повеќе опрема, неговата цена може да избега и за 50% од останатите конкуренти во сегментот, што е навистина премногу.

Ова не носи и до прашањето кое го поставивме погоре – дали Polo може да го замени Golf 7? Со оваа цена секако дека не!

 

 

НИВОА НА ОПРЕМА

 

1-во ниво | COMFORTLINE

  • Клима уред Climatic
  • Радио Composition Color (FM радио, SD, Aux in, 4 звучници напред)
  • Пакет за поврзување (Bluetooth, USB)
  • Електричен пакет Trendline (Електрика на предните и задните прозорци, електрично подесиви и греени ретровизори)
  • Централен потпирач за раце напред, надолжно подесив, со оддел за ситници
  • Челични тркала 5,5 J x 15, гуми со намален отпор при тркалање (само кога ќе се нарачаат со мотор 1.6 TDI 80)
  • Светла за магла напред со осветлување во свиоци
  • Мултифункционален кожен волан
  • Челични тркала 5,5 J x 15, гуми со намален отпор при тркалање (само кога ќе се нарачаат со мотор 1.6 TDI 80)
  • Алат и дигалка
  • Челични тркала 5.5J x 15
  • пневматици 185/65 R15
  • Браници во боја на каросеријата со хромирана лајсна на отворот за воздух Comfortline
  • Преслекување на седиштата во штоф, "Slash"
  • Стандардни предни седишта
  • Мултифункционален волан

 

 

2-ро ниво | HIGHLINE 
Содржи се што има COMFORTLINE, плус:

  • Централен потпирач за раце напред, надолжно подесив, со оддел за ситници 
  • Светла за магла напред со осветлување во свиоци (Присутно и во GTI)
  • Тркала од лесна легура 5.5J x 15 "Salou" пневматици 185/65 R15 
  • Преслекување на седиштата во штоф, "Tracks 2"
  • Спортски-комфорни предни седишта
  • Кожен волан, дршка на рачната сопирачка во кожа, дршка на менувачот во кожа
  • Централен наслон за рака напред, надолжно подесив, со оддел за ситници
  • Текстилни патосници напред и назад (Присутно и во GTI)
  • Препознавање на замор кај возачот (присутно и кај GTI)
  • Светла во внатрешноста LED со одложено исклучување и придушување, 2 светла за читање напред и назад (Присутно кај GTI)
  • Резервно тркало, челично, со стандардна димензија на пневматик (со 14“ или 15“ тркала)

 

 

3-то ниво | GTI
Содржи се што има HIGHLINE, плус

  • Радио Composition Color (FM радио, SD, Aux in, 4 звучници напред)
  • Пакет за поврзување (Bluetooth, USB)
  • Тркала од лесна легура 7.5J x 17 "Milton Keynes" црни, полирано чело
  • пневматици 215/45 R17, сигурносни навртки 
  • Спортски браници GTI 
  • Спортски предни седишта
  • Мултифункционален спортски кожен волан со типтроник 
  • Избор на профил за возење
  • Резервно тркало, челично, со намалени димензии (со 16“ или поголеми алуфелни)

ПРЕДНОСТИ
• Исклучително удобно возење за толку мал автомобил
• Тивка кабина во која влегуваат многу малку вибрации
• Пространа кабина и голем багажник
• Висок квалитет на материјалите во внатрешноста
• Одлична ергономија
• Добра прегледност
НЕДОСТАТОЦИ
• Цената е повисока и од некои автомобили од компактната класа
• Основниот бензинец е многу бавен и троши гориво
• Доверливоста на механиката отсекогаш претставувала проблем
• Задната клупа во Trendline не е делива
• Бучни дизели при забрзување


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Volkswagen Polo  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Dacia Sandero
 
Dacia Sandero
9550 - 14500
Citroën C3
 
Citroën C3
9890 - 15490
Škoda Rapid Spaceback
 
Škoda Rapid Spaceback
12020 - 16700
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мали хечбек модели
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero9550 €
Dacia Sandero Stepway10450 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta - 201814000 €
KIA Rio10990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Nissan Micra11500 €
Opel Corsa10435 €
Peugeot 20812639 €
Renault Clio12190 €
Seat Ibiza - 201815370 €
Škoda Fabia9940 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift11290 €
Toyota Yaris11690 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Volkswagen

www.vw.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Volkswagen модели
Amarok Arteon
Caddy Caddy Combi
Caddy Furgon Caddy Maxi
Carravelle Crafter
e-Up! Golf 8 - 2019 *
Golf 8 GTE - 2018 Golf GTD
Golf GTE Golf GTI
Golf R Golf VII
Multivan Passat
Passat Alltrack Passat Variant
Polo Polo GTI
T-Cross - 2018 Tiguan
Tiguan Allspace Touareg - 2019
Touran Transporter Furgon
Transporter Комби Transporter Патар
Transporter Шасија T-Roc - 2018
Up!





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook