дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Volkswagen > Volkswagen Arteon > Краток опис за моделот
Volkswagen Arteon Volkswagen Arteon
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 38343
веќе од 639 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Volkswagen Arteon – премиум конкуренцијата и натаму е чекор понапред

И покрај тоа што Volkswagen значи „народен автомобил“, најголемиот германски производител последните десетина години упорно се обидува да влезе во премиум сегментот. Најдобар пример за тоа е Arteon, односно неговиот претходник Passat CC, модели кои се „купе лимузина“, нешто што досега го правеа само Mercedes-Benz, Audi и BMW.


Arteon е директен противник на Audi A5, модел од истата кујна, како и BMW 4 Series Gran Turismo, но со малку пониска цена. Да, ова е предност на Arteon во однос на премиум конкуренцијата, но купувачите во овој сегмент и не купуваат секогаш поевтино – го купуваат подобриот автомобил. Одличен пример за тоа е Kia Stinger, новиот натпреварувач во оваа класа. Па, дали Arteon има доволно адути за да се натпреварува со оваа конкуренција?
 
Моторизацијата е прилично убедлива и би можела да ги привлече купувачите кои сакаат високи перформанси – сите мотори тука добро повлекуваат од ниски вртежи, но наша препорака се дизелот со 190 КС и бензинецот со 190 КС, кои нудат најдобар сооднос на перформанси, цена и потрошувачка. Иако потрошувачката не е многу важна за купувачите во овој сегмент, вреди да се спомне дека Arteon може да биде штедлив – дизелот троши околу 5,5 литри на отворено при брзини до 120 km/h, а во град троши од 8,5-9 литри, додека бензинецот троши 6,5-7 литри на отворено и околу 10,5 литри во град. Не е лошо за купе со 190 КС. Сите мотори се инаку опремени со одличниот DSG автоматски менувач, освен основниот дизел со 150 КС кој се нуди и со мануелен.
 
Како и да е, високите перформанси на моторите, на жал, не се придружени од динамична шасија. Arteon е доволно добар во свиоците, да не бидеме разбрани погрешно и има прецизно управување, но за возачите кои сакаат поголема инволвираност во возењето во свиоците, повисока агилност и хируршки прецизно управување, конкуренцијата со заден погон како BMW 4 Series Gran Turismo е бесконечно подобар избор, а и една Kia Stinger е дефинитивно позабавна од Arteon. Дури и Audi A5 Sportback вози подобро во свиоците, иако се нуди како модел со преден и погон на сите четири тркала, исто како и Arteon.
 
Од друга страна, Arteon, особено ако одберете модел со адаптивна суспензија, е удобен и на поголемите дупки, а особено добро вози на автопат, каде кабината останува исклучително мирна. За среќа, удобното возење е придружено и со висока рафинираност на погонот и тивки мотори, иако би сакале помалку звук од тркалата – нешто што не е проблем кај премиум конкуренцијата.
 
Голема пофалба заслужува и високиот простор понуден во внатрешноста – на предните и задните седишта има многу простор за колената, повеќе од премиум конкуренцијата и од Stinger, иако и тука недостасува малку простор за главата позади за повисоките патници. Сепак, каросеријата е во купе изведба и тоа е очекувано во оваа класа. Багажникот пак може да проголта фасцинантни 563 литри, што е подобар резултат и од многу каравани, а петтата врата позади значи дека лесно ќе може да се внесат и поголеми предмети. Дефинитивно, VW Arteon е одличен сопатник за подолги патувања, како еден прав GT крстосувач.
 
Кабината има и прилично интелигентен дизајн – предната конзола е изведена исто како во Passat и е лесна и логична за користење, а тоа особено важи за централниот дисплеј на допир (8 инчен во стандардниот модел, 9,3 инчи со доплата), кој има големи икони, одлична резолуција и брзо одговара на допирот на прстот. Сепак, во движење, како и секој систем со дисплеј на допир, тој е малку потежок за користење од BMW iDrive и Audi MMI, кои се засноваат на вртлив џојстик.
 
Покрај големиот дисплеј на централната конзола, Arteon може да се опреми и со дигитален 12,3 инчен дисплеј на местото на инструмент таблата, кој може да прикажува најразлични информации до инструментите и кој апсолутно го препорачуваме, но никако не го препорачуваме “heads up” дисплејот, кој сликата ја проектира на парче проѕирна пластика, наместо на ветробранското стакло. Евтин потег од VW, на кој нема да наидете кај премиум моделите. Од друга страна, VW не штедел на технологија за безбедноста – Arteon е достапен со адаптивен темпомат со автоматско кочење, со препознавање на пешаци, додека со Emergency Assist, автомобилот може сам да се паркира кога ќе забележи дека возачот не е респонзивен.
 
Кабината има и висок квалитет на материјалите и солидна изработка, иако во деталите, како на пример копчињата, се гледа дека Volkswagen сакал да заштеди – многу од нив се истите кои се вградуваат во Skoda, што секако не е нешто што купувач на купе лимузина од средната класа би сакал да го види, особено не ако плаќа толку многу пари. Исто така, Volkswagen нема толку добри резултати на тестирањата за доверливост, што треба да се има на ум, особено што гаранцијата е само 2 години – премалку за модерен автомобил.
 
Што не доведува до многу измешан заклучок. Во изолација, Arteon е една многу солидна купе лимузина, обидувајќи се да одземе од колачот на Audi и BMW со примамлив дизајн, паметна внатрешност со многу простор и висока удобност. Сепак, купувачите во овој сегмент бараат и малку поголема инволвираност во возењето, како и внатрешност која повеќе асоцира на луксуз, нешто што Arteon не може да го понуди и најважно, цената не е толку пониска за да може да се оправдаат тие недостатоци.
 
 
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | ARTEON
  • Активна безбедност (Систем за детектирање на пешаци со активна хауба, 
  • Адаптивен темпомат со систем за намалување на ризикот од фронтален судар и итно сопирање во град, 
  • Воздушно перниче за колена на возачот,
  • Предзатегнувачи за појаси на задните надворешни седишта)
  • Light & Sight со асистент за долги светла Light Assist 
  • Light & Sight за динамички асистент за долги светла 
  • Dynamic Light Assist PND Навигациона функција Discover Media со поврзување 
  • Volkswagen Media Control WLH Предни светла во LED изведба со динамичко осветлување во свиоци и светло за лоши временски услови 
  • PXX Динамички асистент за долги светла 9S8 Активен инфо дисплеј PA6 Амбиентно светло во 3 бои со можност за избор 5MU Декоративни уметоци Aluminium Fine Line 5TE Декоративни уметоци Aluminium Silver Rise 
  • Easy open со пристап и стартување на моторот без клуч Keyless Access и сензорско/електрично отворање и затворање на вратата на багажникот 
  • Акустика (Дополнително намалување на шумовите во внатрешноста, 
  • Сигурносно ламинирано стакло во предните врати, задните стакла 65% затемнети)
  • Стандардни браници, декоративни лајсни во боја на каросерија
  • Алу фелни "Cardiff" 7.5J x 17, AirStop® пневматици 225/55 R17,
  • Сигурносни наврткиДолни лајсни, во боја на каросерија 
  • Текстилни патосници напред / назад 
  • Мултифункционален волан, преслечен во кожа (за DSG со типтроник) *присутно и кај Elegance
  • Облоги на вратите: Пенаст слој и ткаенина 
  • Наслон на задна клупа асиметрично деллив и преклопив, 3 седишта
  • Декоративни уметоци "New Brushed Design" на инструмент таблата и вратите 
  • Обложување на седиштата со ткаенина, дезен "Sideways"
  • Борд компјутер плус 
 
 
 
2-ро ниво | ELEGANCE 
Содржи се што има ARTEON, плус:
  • Комфорни браници Elegance
  • Странични заштитни лајсни, во боја на каросерија, со висок сјај *присутно и кај R-Line
  • Задни светла во LED комбинација, со динамички трепкачи *присутно и кај R-Line
  • Алу фелни "Muscat" 8J x 18 Црни, Сјајно полирано чело, AirStop® пневматици 245/45 R18,
  • Сигурносни навртки
  • Облоги на вратите: Пенаст слој и еко кожа *присутно и кај R-Line
  • Наслон на задна клупа асиметрично деллив и преклопив, со централен наслон за раце и отвор за долги предмети, 3 седишта *присутно и кај R-Line
  • Декоративни уметоци "Line Light Black" на инструмент таблата и вратите
  • Средниот дел на седиштата од Арт-велур, внатрешниот дел на страничната порддршка во кожа Vienna
  • Греење на предните седишта *присутно и кај R-Line
  • Борд компјутер Премиум колор *присутно и кај R-Line
  • Предни прскалки за миење на ветробранот со греење - опција само со кожен ентериер или со зимски пакет *присутно и кај R-Line
 
 
 
3-то ниво | R-LINE
Содржи се што има ELEGANCE, плус:
  • Комфорни браници R-Line
  • Алу фелни "Sebring" 8J x 18 Сиви металик, AirStop® пневматици 245/45 R18,
  • Сигурносни навртки
  • Мултифункционален волан, преслечен во кожа, R-Line Sports (за DSG со типтроник) 
  • Декоративни уметоци "Dark Diamond Flag" на инструмент таблата и вратите
  • Лајсни од не’рѓосувачки челик на праговите на вратите со R-Line лого 
  • Средниот дел на седиштата од Арт-велур, внатрешниот дел на страничната порддршка во кожа Vienna R-Line
ПРЕДНОСТИ
• Многу простор за колената напред и назад
• Огромен багажник од 563 литри и петта врата за зголемена функционалност
• Логично изведена предна конзола, со паметен дисплеј на допир
• Високо ниво на удобност, особено кај моделите со адаптивна суспензија
• Тивки и рафинирани мотори
• Одлични DSG менувачи
• Брзи и штедливи мотори
• Високо ниво на опрема за безбедноста
НЕДОСТАТОЦИ
• Возните својства се класа зад конкуренцијата со заден погон
• Деталите во внатрешноста не асоцираат на луксуз (некои копчиња се исти како во Skoda), а и дизајнот е целосно ист како во Passat
• Простор за глава на задната клупа
• Мала гаранција
• Висока цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Volkswagen Arteon  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Arteon
 
Volkswagen Arteon
38343 - 59030
Mercedes-Benz CLS
 
Mercedes-Benz CLS
73490 - 108480
Audi A7 Sportback
 
Audi A7 Sportback
72424 - 80332
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Купе Лимузини
 
Audi A7 Sportback72424 €
Mercedes-Benz CLS73490 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Volkswagen

www.vw.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Volkswagen модели
Amarok Arteon
Caddy Caddy Combi
Caddy Furgon Caddy Maxi
Carravelle Crafter
e-Up! Golf 8 - 2019 *
Golf 8 GTE - 2018 Golf GTD
Golf GTE Golf GTI
Golf R Golf VII
Multivan Passat
Passat Alltrack Passat Variant
Polo Polo GTI
T-Cross - 2018 Tiguan
Tiguan Allspace Touareg - 2019
Touran Transporter Furgon
Transporter Комби Transporter Патар
Transporter Шасија T-Roc - 2018
Up!





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook