дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Peugeot > Peugeot 508 - 2019 > Краток опис за моделот
Peugeot 508 - 2019 Peugeot 508 - 2019
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 33620
веќе од 560 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Севкупен рејтинг 8

Новиот Peugeot 508 е различен од секој друг модел на брендот во средната класа досега. Наместо француска елеганција, тој сега настапува со спортски купе стил на кој можат да позавидат и премиум марките, ентериер кој делува како да е изваден од борбен авион од Star Wars, како и извонредно висок квалитет на материјалите. Ова веќе не е автомобил кој ќе го купуваат фамилиите, иако може да функционира и како таков. Напротив, ова е премиум модел од средната класа кој е наменет за возачите. Оние кои поминуваат многу километри годишно и кои сакаат да уживаат додека го прават тоа. Настрана помалиот простор за глава на задната клупа, најголемиот недостаток на новиот 508 се чини е цената. Според нас, тој апсолутно поседува доволно квалитети за да ја оправда – делува како да е произведен од неко


Возење 8,2

Peugeot 508 е автомобил во кој ќе уживате додека го возите – реагира брзо на секое вртење на воланот, не се навалува во кривините, кочи одлично, а има и моќни мотори опремени со одличен 8-степен автоматски менувач.

Забрзување 8,0

Освен најмалиот 1,5-литарски турбо дизел, сите мотори пружаат одлични забрзувања и високи максимални брзини. Воедно, сите се опремени со автоматски менувач со осум степени, кој брзо и глатко ги менува брзините.

Потрошувачка 8,0

Дизелите се едни од најекономичните во сегментот. На пример, оној со 177 КС се задоволува со 8,5 литри во град и само 5 литри на отворено, што е извонреден резултат за агрегат кој спринта до стотка за 8,3 секунди и постигнува 235 km/h.

Кочење 8,5

Патот на кочење е супер краток, а автомобилот останува перфектно смирен, дури и при панично забавување. Воедно, педалата за кочење е лесна за модулирање.

Управување 7,5

Малиот волан не само што одлично лежи во рацете, туку е и многу прецизен и директен – ќе се чувствувате како во некој спортски автомобил. Воедно, тој враќа изненадувачки многу информации од подлогата, нешто на кое Peugeot не немаше навикнато досега. 

Динамичност 8,5

Очигледно фокусот на Peugeot кај новата 508-ка бил тој да е возачки автомобил. Францускиот хечбек/седан перфектно добро ја крие својата големина на тесните планински патчиња и реагира брзо на желбите на возачот. На повисоки брзини тој пак се однесува исклучително мирно и стабилно – дури и панични маневри на префрлување од една во друга лента не го изместуваат премногу од саканата линија на движење. Дефинитивно на самиот врв на класата во поглед на динамичноста.

Возливост 8,5

Освен најмалиот 1,5-литарски дизел, кој е опремен со 6-степен мануелен менувач, сите останати мотори доаѓаат стандардно со 8-степен автоматик. Да бидеме искрени, веќе беше време некој да го направи ова – на мануелните менувачи дефинитивно не им е место во еден ваков автомобил. Тие драматично го олеснуваат возењето низ град и релаксираат на автопат, додавајќи на целата возачка уживанција која ја пружа 508.

Комфор 8,4

508-ката се чини дека е специјално развиена за удобно возење на отворен пат – буквално делува како да летате во бизнис класа.

Седишта 8,0

Предните седишта се супер комфорни, а воедно пружаат и многу поддршка во кривините. Би се дрзнале да кажеме и дека се конкурентни на оние во премиум моделите од средната класа на Lexus и Volvo. Браво за Peugeot!

Удобност 8,0

И покрај тоа што главниот фокус на Peugeot бил динамиката во возењето, 508 е и натаму исклучително удобен автомобил, особено на отворен пат, каде малите нерамнини се целосно испеглани од суспензијата. Сепак, амортизацијата ја вознемируваат поголемите дупки, со кои таа се справува малку понервозно.  

Бучава и Вибрации 8,5

Peugeot 508 е супер тивок на повисоки брзини – скоро и да не се слуша звук од ветерот и гумите. Моторите се исто така тивки и рафинирани, додека автоматскиот менувач супер меко ги менува брзините.

Клима уред 9,0

Клима уредот е еден од најдобрите кои сме ги искусиле досега. Не само што е моќен и тивок, туку во повисоките нивоа на опрема има функција i-Cockpit Amplify, која специјално ја прилагодува брзината на дување за максимално уживање во текот на возењето.

Внатрешност 7,4

Уште на прв поглед, ентериерот на 508 остава впечаток како ниту еден друг автомобил – буквално делува како од вселенски брод. Седнувањето во возачкото седиште, пак, најавува дека ова е автомобил направен за да го возите.

Команди 8,0

Sci-fi ентериерот кој делува како да е донесен од вселенски брод, бара малку повеќе внимание за лесна интеракција. Peugeot се одлучи поголемиот број на командите да ги стави во дисплејот на допир, дури и оние за клима уредот. Ова значи дека за да смените температура, ќе ви требаат три допири со прстите, наместо едно притискање на копче. Дисплејот е инаку одлично наместен за секогаш да биде на дофат на раката, што е секако добредојдено. Исто така, инструмент таблата е всушност 12,3 инчен дисплеј, кој изгледа одлично, а може да прикаже и многу повеќе информации од стандардните инструмент табли.

Влегување/Излегување 6,5

Предните и задните врати се доволно широки, но нискиот покрив бара малку повеќе гимнастика за да влезете во автомобилот. Дефинитивно ова повеќе би им одговарало на помладите купувачи.

Возачка позиција 7,5

Во Peugeot 508 се седи како во болид – седиштето е ниско, нозете се испружени, додека малиот волан е близу на дофат на рацете. Благодарение на местењето на воланот и седиштето во сите правци, секој лесно ќе ја најде идеалната позиција. Сепак, како и кај скоро секој друг модел на Peugeot, инструмент таблата може да биде попречена од горниот дел на воланот, особено кај пониските возачи. Дефинитивно треба да пробате да видите дали тоа би ви пречело.

Простор 7,5

Купе формата на 508 го ограничува просторот за глава во задниот дел, што би можело да претставува проблем за повисоките патници. Простор за колената има и повеќе од што е потребно, но долниот дел на седиштето е прениско поставен, а воедно и не е доволно долг. Малите странични прозори исто така не помагаат во отстранувањето на чувството на клаустрофобија. 

Прегледност 7,0

Прегледноста напред е добра, но големите странични столбови го ограничуваат погледот настрана. Исто така, малото задно стакло го отежнува паркирањето. За среќа, Peugeot 508 доаѓа со камера за возење назад уште во серија.

Квалитет 8,0

Во скоро секој поглед, ова е дефинитивно најдобриот ентериер во средната класа. Прво, изгледа како да е донесен од автомобил од 2050-та година – ниту премиум седаните не изгледаат толку интересно. Воедно, квалитетот на материјалите е на многу високо ниво, а изработката скоро совршена. Се чини дека Peugeot конечно рипна во премиум сегментот во поглед на квалитетот, изработката и дизајнот.

Функционалност 6,8

Петтата врата значително го олеснува користењето на багажникот, додека ентериерот е прилагоден на сите потреби на возачот и патниците.

Простор за мали предмети 8,0

Ентериерот изобилува со места за одлагање на мали предмети, од кои поголемиот дел се со солидна големина. Ова важи и за предните и за задните седишта – секаде има простор за пијалаци, смартфони итн.

Багажник 6,5

Во бројки, багажникот во Peugeot 508 заостанува зад оној на конкурентите. Сепак, 487 литри зафатнина се и повеќе од доволно за една четиричлена фамилија. Воедно, за разлика од седаните од средната класа, Peugeot 508 има петта врата која се отвора заедно со стаклото, што го олеснува внесувањето на поголеми предмети. Воедно, со спуштањето на задната клупа се добива рамен под, кој овозможува многу лесно внесување на долги предмети. Единствена замерка имаме на горната полица, која е поделена на два дела, од кои едниот е малку потежок да се отстрани.

Детско седиште 6,0

ISOFIX точките се лесно достапни, но покриени се со патент, кој и не е така лесно да се отвори. Воедно, понискиот покрив го отежнува внесот на детско седиште. Спремете се на малку повеќе гимнастика.

Технологија 9,3

508 е дефинитивно моделот во кој Peugeot покажува се што знае од светот на технологијата – внатре ќе ве пречекаат два дисплеи, додека автомобилот е способен сам да се управува на автопат. 

Аудио и Навигација 8,0

Мултимедијалниот систем може да делува збунувачки на прв поглед, од едноставна причина што вклучува многу команди во него. Сепак, тој работи прилично брзо и мазно, има висока резолуција и изгледа одлично. Навигацијата е изненадувачки побавна од другите вградени апликации, но и натаму употреблива. Аудио системот е одличен – еден од најдобрите во овој сегмент. Тоа особено важи за FOCAL премиум системот достапен во GT нивото на опрема. 

Интеграција со смартфон 10,0

Peugeot 508 поддржува Apple CarPlay и Android Auto, сервиси кои е апсолутно задоволство да се користат на големиот 10-инчен централен дисплеј со висока резолуција.

Системи за помош при возење 10,0

Peugeot 508 е уште во серија опремен со напредни системи за помош при возење, вклучувајќи активно предупредување и задржување на правец, систем за автоматско сопирање во случај на опасност, систем за препознавање на знаци со ограничување и благовремено предупредување на можен судир. Системот за задржување правец може да се конфигурира и да ве залепи на една страна од лентата, за на другата да можат да поминат мотоциклисти или велосипедисти. Браво!

 

НИВОА НА ОПРЕМА

1-во ниво | ACTIVE

  • ABS - Систем против пролизгување
  • CDS - Динамичка контрола на стабилност
  • ASR - Електронска контрола за пролизгување
  • AFU - Помош при нагло сопирање
  • REF - Електронска распределба на силата на сопирање
  • LKA - Активно предупредување и задржување на правец
  • AEB - Систем за автоматско сопирање во случај на опасност
  • FCW - Благовремено предупредување на можен удар
  • Систем за препознавање на знаци со ограничување
  • Автоматски клима уред во две зони со заден дифузер
  • Темпомат и лимитер за брзина 
  • Темпомат и лимитер за брзина 
  • Монохроматски внатрешен ретровизор
  • 2 предни воздушни перничиња, 2 странични воздушни перничиња и 2 завеси 
  • 3 ISOFIX приклучоци за детски седишта
  • Систем за индиректно следење на притисок во пневматици
  • Варијабилен серво управувач подесив по висина и длабочина
  • Електрични подигнувачи на предни и задни стакла
  • Електрично подесување на надворешните ретровизори со грејачи и со LED покажувачи на правец
  • Автоматско вклучување на бришачи и светла
  • "FOLLOW ME HOME" функција
  • PEUGEOT i-Cockpit® 12,3" TFT инструментна табла
  • Челично тркало со намалени димензии
  • Централно заклучување со далечинско
  • Автоматско заклучување на вратите при брзина поголема од 10km/h поголема од 10km/h
  • Задни сензори за помош при паркирање
  • Возачко и совозачко седиште подесиво по висина
  • Електрична паркинг сопирачка со Hill Assist
  • Хромирана предна маска со црн оквир
  • Преклоплива и деллива задна клупа 2/3 - 1/3 со наслони
  • Наслон за раце помеѓу предните седишта
  • Mp3 Авторадио со 8 звучника и Bluethoot
  • Мултифункционален екран на допир 8"
  • Мултифункционален управувач преслечен во кожа
  • Предни халогени светла
  • 3D LED задни светла и LED предни дневни светла
  • Електрични преклопливи надворешни ретровизори со LED
  • Внатрешен ентериет "Losange"
  • LED внатрешно осветлување
  • Облоги на инструментната табла од карбон
  • Тонирани стакла и халогени предни светла
  • Електрична брава со child-lock
  • Алуминиумски фелни "CYPRESS"16” само со 1,5 BlueHDI
  • Алуминиумски фелни "BANDON"16” само со 1,6 PureTech
  • Алуминиумски фелни "MERION"17” само со 2,0 BlueHDI

 

 

2-ро ниво | ALLURE 
Содржи се што има ACTIVE, плус:

  • Предни и задни паркинг сензори
  • Електрично лумбално подесување на возачко и совозачко
  • Наслон за раце на задните седишта со отвор за скии
  • Мултифункционален екран на допир од 10'' во HD
  • Навигација со Mirror Link функција
  • Седишта во комбинација ТЕР кожа и ткаенина мистрал црна
  • Дополнително затемнети задни стакла и заден ветробран
  • 2xUSB приклучоци назад
  • Текстилни патосници
  • Алуминиумски фелни "MERION" 17" со пневматик 215/55R17
  • Задни џепови на возачкото и совозачкото седиште

 

 

3-то ниво | GT LINE 
Содржи се што има ALLURE, плус:

  • Препознавање на сообраќајни знаци со ограничување на брзина, со СТОП и спротивно движење
  • Автоматско вклучување и исклучување на долги светла
  • Систем за надзор на мртов агол
  • Напреден систем за следење на вниманието на возачот
  • Монохроматски внатрешен ретровизор
  • Peugeot i-Cockpit Amplify*
  • Ергономски предни седишта компактибилни со AGR ( Aktion für Gesunder Rücken ) асоцијација
  • Електрично подесување на возачко и совозачко седиште
  • Механичко подесување на должината на предните седишта
  • Управувач преслечен со перфорирана кожа со Gt-line ознака
  • Седишта во комбинација "BELOMKA" ткаенина и ТЕР кожа
  • Плафон во црна Mistral облога
  • Full LED предни и задни светла
  • Внатрешно амбиентално LED осветлување во сина боја
  • Маски на надворешните ретровизори во црна боја
  • Алуминиумски педали со одмарач за ногаАлуминиумски двобојни фелни"MERION" 17" со 215/55R17
  • Декоративни рабни опшивки на инструментната табла
  • Електрично потпори во лумбалниот дел во 4 правци 

 

 

4-то ниво| GT 
Содржи се што има GT LINE, плус:

  • Активна контрола на потпирање
  • Задна камера за помош при паркирање
  • Систем за безконтактно отклучување Open&Go
  • Грејачи на предни седишта
  • FOCAL Премиум Hi-Fi систем
  • Управувач со GT идентитет
  • Монохроматски надворешни ретровизори
  • Облоги на нструментната табла и вратите од дрво Zebrano 
  • Седишта во комбинација алкантара и ТЕР црна кожа
  • Алуминиумски двобојни фелни"SPERONE" 18" со 235/45R18
ПРЕДНОСТИ
• Супер квалитетен ентериер
• Високо ниво на квалитет на материјалите
• Одлична динамичност и прецизно управување
• Напредна технологија
• Брзи и штедливи мотори
НЕДОСТАТОЦИ
• Многу висока цена
• Ограничен простор на задната клупа
• Мал багажник за стандардите на класата


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Peugeot 508 - 2019  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
BMW Серија 3
 
BMW Серија 3
31170 - 53160
Audi A4
 
Audi A4
31660 - 57921
Mercedes-Benz C-Class
 
Mercedes-Benz C-Class
33990 - 99790
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум седани
 
Alfa Romeo Giulia 201938800 €
Audi A431660 €
Audi A5 Sportback38777 €
BMW Серија 331170 €
Citroën DS529900 €
Lexus IS 38500 €
Mercedes-Benz C-Class33990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Peugeot

www.peugeot.com.mk

Импортер за Македонија
Еуроимпекс

Тел: 02 / 3 111 - 000

Адр: Ул. Трета Македонска бригада бр. 72

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Peugeot модели
108 2008
208 208 GTi
3008 301
308 308 GTi
308 SW 5008 - 2018
508 508 - 2019
508 RXH 508 SW
Boxer Expert
Expert Tepee Partner
Partner Tepee Rifter - 2018
Traveller - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook