дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Alfa Romeo > Alfa Romeo Stelvio 2019 > Краток опис за моделот
Alfa Romeo Stelvio 2019 Alfa Romeo Stelvio 2019
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 44900
веќе од 748 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Alfa Romeo Stelvio – супер спортски автомобил во SUV пакување

Ние уживателите во спортското возење, скоро секогаш првото нешто што го забележуваме кај еден автомобил е како забрзува, колку држи во кривина, колку информации враќа на возачот...


За просечниот возач, ова се целосно неважни информации, но за целосно уживање во спортското возење, и тоа како важни.
 
Една од причините поради кои ваквите возачи и не сакаат SUV автомобили е поради тоа што тие не можат да понудат возни својства на нивото на понизок седан или пак компактен автомобил. Едноставно, за расположените возачи, ниту еден SUV не е доволно динамичен, не врти со доволно агресивност во свиоците и има преголема тежина која прави во него да се чувствувате како во брод.
 
Не и во Alfa Romeo Stelvio. Овој автомобил не само што ќе може да смести патници и на предните и на задните седишта и да го прими целиот багаж, туку тоа ќе го направи со стил и најважно, со насмевка на лицето на возачот. Ова досега не сме го кажале за ниту еден SUV автомобил и ако тоа некогаш се случеше, тоа скоро сигурно ќе беше некој италијански модел.
 
Кај Stelvio, задоволството во возењето е очигледно уште кога ќе седнете во автомобилот. Иако повисоко поставени од подлогата, вашите нозе ќе бидат испружени како во болид, воланот одлично ќе ви легне во рацете, а седиштата добро ќе ве задржат во свиоците. Дури и останатите команди, на кои сме сигурни дека нема да посветувате премногу внимание, се лесни за користење – централно поставениот дисплеј се управува со вртлив џојстик, а голем број на команди се поставени на воланот. Многу важно – централно поставениот DNA џојстик овозможува избор на три модови на возење – од комфорен, до тркачки. Веројатно знаете во кој мод го држевме ние скоро цело време.
 
Најголемото изненадување сепак почнува кога ќе се впуштите во авантурата наречена возење на Stelvio. SUV моделот на Alfa Romeo има исклучително директен волан – со мало вртење се совладуваат и остри свиоци, што прави да се чувствувате како во тркачки автомобил. Иако не е најбрз во светот и автоматскиот менувач брзо и одговорно ги менува 8-те степени преку палките на воланот, што чувството дополнително го доближува до тркачки автомобил. На моменти заборававме дека возиме SUV модел!
 
Шасијата одлично се придружува на управувањето. Иако поцврсто подесена, таа не пренесува премногу нерамнини во внатрешноста, особено на повисоки брзини кога се чини како да лебди по патот, а како резултат на сето тоа, воопшто не се навалува во кривините. Не само тоа – динамиката во возењето е на исклучително високо ниво и Stelvio секогаш спремно врти во кривините, а во средината на свиокот дури може да се предизвика и блага надуправливост, односно занесување на задниот дел, со високо ниво на контрола благодарение на погонот на сите четири тркала. Забава до бесвест!
 
Најдоброто од се е што на цела таа динамика перфектно добро се придружуваат и моторите. Ние го возевме 2,0 турбо бензинецот со 280 КС, со кој многу лесно се стигнува до троцифрени бројки и кој во секој момент може да го забрза срцето на возачот. Се чини дека за оние кои ќе поминуваат повеќе километри 2.2 дизелот со 210 КС е подобар избор (спринт до стотка за 6,6 секунди), пред се бидејќи троши околу 6,5 литри во комбиниран циклус на возење, но едноставно не може да се одолее на шармот на турбо бензинецот и бројките – 5,7 секунди до стотка и 230 km/h максимална брзина, иако потрошувачката кај него изнесува околу 9,5 литри во комбиниран циклус.
 
Се чини дека се занесовме премногу со тоа како вози Stelvio, па ќе се прекинеме тука за да ви кажеме и за другите карактеристики на овој супер забавен SUV. Да, тој е голем автомобил и нуди доволно простор во кабината, иако конкуренцијата како BMW X3, Porsche Macan и Lexus NX има покомфорна задна клупа. Багажникот пак има одлични 525 литри, а задните седишта се спуштаат во сооднос 40:20:40 и прават целосно рамен под, што е плус за функционалноста.
 
Онаму каде Alfa Romeo се уште не успева да се доближи на конкуренцијата е во чувството во ентериерот. Додека на дизајнот немаме никакви забелешки, материјалите не оддаваат премиум и луксузно чувство како оние кај Lexus, Mercedes-Benz или Porsche, особено за оние поставени во долниот дел на кабината. Исто така, моторите не се толку добро пригушени како кај останатите модели во сегментот, а и на многу високи брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот. За некои ова нема да претставува проблем, но вреди да се каже дека во сегментот има „полуксузни“ автомобили.
 
Од друга страна, би можеле да кажеме и дека Stelvio е класа за себе и дека и не треба да биде луксузен и тивок. Овие карактеристики се наменети за „мекушите“, а SUV моделот на Alfa Romeo е хард-кор возачки автомобил. А како таков и не е многу скап, со помала цена на доплатите од германските конкуренти, што е освежување во премиум сегментот. Основните модели се солидно опремени, но наша препорака е моделот Launch Edition (тест моделот со оваа опрема чини 62.700 евра), на кој скоро ништо не му недостасува.
 
После толку (искрено) искажани импресии, јасно е за кого е наменет овој SUV автомобил. Секој купувач кој сака максимум уживање во возењето, особено на кривулести патишта, а воедно му треба повеќе простор и функционалност отколку што може да понуди еден седан од средната класа, Stelvio ќе биде најдобриот избор во моментов. После Giulia и Stelvio, можеме без воопшто задршка да кажеме – Alfa Romeo се врати. Со експлозија!
ПРЕДНОСТИ
• Врвни возни својства, рамни на спортски автомобил
• Исклучително директно и прецизно управување
• Одличен автоматски менувач со 8 степени на пренос
• Спортска поставеност зад воланот
• Врвни перформанси од сите мотори во понудата
• Функционална внатрешност и голем багажник од 525 литри
НЕДОСТАТОЦИ
• Малку побучни мотори и звук од ветерот на повисоки брзини
• Евтини материјали во кабината за еден премиум автомобил


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Alfa Romeo Stelvio 2019  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mercedes-Benz GLC SUV
 
Mercedes-Benz GLC SUV
52990 - 112990
Mercedes-Benz GLC Coupe
 
Mercedes-Benz GLC Coupe
59990 - 117990
Alfa Romeo Stelvio 2019
 
Alfa Romeo Stelvio 2019
44900 - 60900
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV Купе
 
Mercedes-Benz GLC Coupe59990 €
Mercedes-Benz GLC SUV52990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Alfa Romeo

www.automobilesk.com.mk

Импортер за Македонија
Аутомобиле СК

Тел: 02 / 3093 - 100

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Alfa Romeo модели
4C 2019 4C Spider 2019
Giulia 2019 Giulia QV 2019
Giulietta 2019 Mi.To
Stelvio 2019 Stelvio QV 2019





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook