Низ свиоците, во моментов нема ниту еден автомобил во класата кој вози ни одблизу добро како F-Pace, било дали се работи за BMW 3 Series, Mercedes-Benz GLC, Audi Q5 или Lexus RX. F-Pace е полесен од сите нив, благодарение на поголемата употреба на алуминиум за изработка на каросеријата, што придонесува автомобилот многу полесно да го менува правецот, скоро како компактен автомобил.
Пофалба заслужува и прецизното и директно управување, кое враќа доволно информации од подлогата, а F-Pace е опремен и со неколку технологии за оф-роуд возење, кои кај изведбите со 4х4 погон помагаат во полесно совладување на пречките. Како и (скоро) секогаш и тука има „но“. F-Pace од друга страна не е удобен како конкурентите во својата класа, што особено важи за моделот со стандардна суспензија, кој ги пренесува сите нерамнини од патот, што се чувствува дури и на автопат. Моделот со адаптивна суспензија е подобар кога ќе одберете “Comfort”, но и натаму не на нивото на конкурентите.
Покрај потврдото возење, F-Pace пренесува и многу звук од суспензијата, како и воопшто звук од тркалата, што не е карактеристично за премиум моделите. Звукот од ветерот пак е добро замаскиран и не се слуша и на повисоки брзини, но останува впечатокот дека кабината можела да биде потивка.
Критики може да се дадат и на основниот 2,0 дизел со четири цилиндри, кој е бучен при забрзување, а работи и со повеќе вибрации отколку што би сакал еден купувач во премиум класата – ова важи за сите изведби на овој мотор, со 163, 180 и 240 КС. V6 дизелот е сепак многу подобар, а воедно нуди и многу повисоки перформанси, кои подобро одговараат на карактерот на возилото, притоа не трошејќи многу повеќе гориво – потрошувачката на дизелот со 240 КС е околу 8,5-9 литри во просек, додека V6 дизелот се задоволува само со литар повеќе. Ние би го избрале V6 дизелот, поради сите врвни карактеристики, иако има повисока цена во однос на останатите.
Бензинците се уште подобри во поглед на рафинираноста и перформансите – оној со 250 КС одлично прилега на спортското и динамично возење, додека V6 бензинецот со 340 КС е вистинска ракета и овозможува перформанси кои ретко кој ги очекува во ваков автомобил, како спринт до стотка за само 5,8 секунди. Сепак, тој троши преку 13 литри во просек со нормално возење (над 17 литри во град), што е премногу, а и помалиот бензинец не е особено штедлив, со потрошувачка од околу 11 литри комбинирано.
Кабината на F-Pace на прв поглед исто така разочарува – материјалите едноставно се неколку класи под оние кои ги нудат главните конкуренти. Всушност, во многу делови овој SUV делува и како да не е премиум автомобил, нешто што е проблем кај скоро сите модели на брендот. Изработката е солидна, но останува впечатокот на стандарден, а не премиум SUV автомобил.
Од друга страна, F-Pace има многу корисна кабина, која има простор и на предните и на задните седишта за возрасни патници, додека багажникот има енормни 650 литри. Задната клупа е делива во сооднос 40:20:40, што е исто така одлична вест, а низ кабината има доволно места за одлагање ситници. Зад воланот пак седењето е малку пониско од останатите модели во класата, но видливоста не е намалена, а и сите команди се на дофат на раката и секој возач лесно ќе ја најде идеалната позиција.
Како и да е, мултимедијалниот систем со 8 инчен дисплеј на допир не заслужува големи пофалби – лесен е за користење, но многу бавен – како некој евтин таблет. Оној со големина од 10,2 инчи (InControl Touch Pro) е многу побрз, а и дисплејот има подобра графика, па препорачуваме да доплатите доколку ви е важен овој сегмент.
Сите погоре изнесени размислувања имаат уште поголема тежина поради цената на F-Pace, која е меѓу највисоките во класата. Исто така, основните нивоа на опременост не се особено богати, но од друга страна, доплатите не се безобразно високи како кај германската конкуренција. Исто така, Jaguar не е меѓу најдоверливите брендови и може да очекувате дека малку почесто ќе го посетувате сервисот.
Со ова секако не би сакале да ве одвлечеме од купувањето на F-Pace. SUV моделот на Jaguar е навистина импресивно динамичен и ќе ги задоволи апетитите на спортските возачи, а воедно има кабина која може да една фамилија со сите потребни работи за еден долг летен одмор. Во патувањето за жал ќе мора да се откажете од удобноста и рафинираноста која ја нудат другите премиум конкуренти, но татковците кои сакаат поголема ангажираност зад воланот веруваме дека не би имале преголеми забелешки.
НИВОА НА ОПРЕМА
1-во ниво | PURE
- Start/Stop
- Помош при тргнување на нагорнина
- Контрола на стабилноста на приколката
- Jaguar Drive Control
- Електричен серво управувач
- Насочување на вртежниот момент
- Контрола на патна брзина и Ограничувач на брзината
- Контрола на движењето по секаква површина (ASPC) (бара автоматска трансмисија)
- 19"-но резервно тркало
- Греење на крајното стакло
- Греење на ретровизорите на вратите
- Бришачи со сензор за дожд со автоматско вклучување на фаровите
- Халогени фарови со светла за дневно возење
- Приодно светло
- Задни светла за магла
- ЛЕД задни светла
- Порабување на страничните прозорци со завршна обработка Chrome (не е достапно со пакетот Black)
- Странични отвори за воздух со завршна обработка Chrome
- 18" со 15 краци (сребрена) „Style 10“
- Стандардни седишта
- Предни седишта со рачно прилагодување во 8 положби
- Делливи задни седишта, во однос 40:0:40
- Седишта од премиум мебел-штоф
- Мултифункционален волан обложен со мека зрнеста кожа
- Црни лопатки за менување степени на пренос (бара автоматска трансмисија со функцијата
- секвенцијално менување на степените на пренос на Jaguar (Jaguar Sequential Shift))
- Брусена кожа
- Светлосива Oyster
- Декоративни површини во бојата Gloss Black
- Копче за стартување на моторот
- Внатрешен ретровизор со автоматско придушување
- Клима уред со две зони
- Mетална плочка на прагот на багажниот простор
- Осветлена метална плочка на прагот на багажниот простор
- Внатрешно осветлување
- Два држачи за чаши напред (за предните седишта)
- Два држачи за чаши напред со капак, за предните седишта (само со автоматска трансмисија)
- Три приклучници за напојување
- Подна простирка со две лица за багажниот простор – теписон/гума (не е достапно со
- резервно тркало со нормална димензија)
- Bluetooth® поврзливост
- Bluetooth® проследување
- 10-инчен екран на допир
- Аналогни инструменти со 5-инчен (1,5-cm) TFT екран во боја
- Аудио систем Jaguar (80 W) (не е достапен со моторитие V6)
- Помош при нагло кочење
- Воздушни перничиња и воздушна завеса по целата должина
- ISOFIX точки за закотвување на задните седишта
- Индикатор за истрошеност на плочките на кочниците
- Потсетник за безбедносниот ремен
- Автоматско заклучување за седишта за деца
- Контрола на стабилноста на приколката (TSA)
- Електрична паркинг кочница со функцијата ослободување при тргнување
- Пасивни наслони за глава на предните седишта
- Систем за набљудување на притисокот во пневматиците (TPMS)
- Сензори за паркирање напред и назад
- Камера за поглед наназад (бара предни сензори за паркирање, не е достапно со системот од
- камери за опкружувачка слика)
- Автономно итно кочење (AEB)
- Предупредување за напуштање на коловозната лента + Помош за задржување во коловозна лента
- Предупредување за напуштање на коловозната лента со Надзор на состојбата на возачот (бара
- АЕВ и ретровизори на вратите со автоматско придушување)
- Периметарски аларм со имобилизатор на возилото
.
2-ро ниво | PRESTIGE
Содржи се што има PURE, плус:
- Биксенон фарови со ЛЕД светла за дневно возење со „Ј“ потпис и прскалки за миење на
- Предни светла за маглафаровите
- Заден наслон за рака со два држачи за чаши
- Седишта од кожата Taurus (не е достапно со климатизација на предните седишта и греење на задните седишта)
- Мултифункционален волан Sport обложен со мека зрнеста кожа
- Амбиентално внатрешно осветлување
- Пет приклучници за напојување (не е достапно со клима уред со четири зони
- Мрежа за обезбедување на предметите во багажниот простор
3-ти ниво | PORTFOLIO
Содржи се што има PRESTIGE, плус:
- 18" со 10 краци (сребрена) „Style 1018
- Седишта Luxur
- Предни седишта со електромоторно прилагодување
- Седишта од перфорирана кожа Windsor
- Наслони за глава на предните седишта со извезенo лого на Jaguar
- Декоративни површини од алуминиум
- Водилки за врзување во багажниот простор (не е достапно со резервно тркало со нормална димензија)
4-то ниво | R-SPORT
Содржи се што има PORTFOLIO, плус:
- Порабување на страничните прозорци во бојата Gloss Blacк
- Каросерија во стилот R-Sport (вклучува преден одбојник R-Sport, влошки на вратите
- R-Sport во боја на каросеријата со декоративни елементи во бојата Satin Black, отвори за
- вентилација во крилата со завршна обработка Satin Chrome со знакот R-Sport)
- Странични отвори за воздух со завршна обработка Satin Chrome со знакот R-Sporт
- 19" со 5 двојни краци (сива со дијамантски сјај) „Style 5038“ Седишта Sport
- Седишта Sport од вештачка кожа Luxtec и техничка мрежа (не е достапно со климатизација на предните седишта и греење на задните седишта)
- Мултифункционален волан обложен со мека зрнеста кожа со знакот R-Sport
- Лопатки за менување степени на пренос со завршна обработка Satin Chrome (бара
- автоматска трансмисија со функцијата секвенцијално менување на степените на пренос на
- Jaguar (Jaguar Sequential Shift
- Порабување на страничните прозорци во бојата Gloss Black
- Преградна мрежа во багажниот простор
5-то ниво | S
Содржи се што има R-SPORT, плус:
- Каросерија во стилот S (вклучува преден одбојник S, влошки на вратите S во боја на
- каросеријата со декоративни елементи со завршна обработка Satin Chrome, заден одбојник
- S во бојата Gloss Black и дифузор со завршна обработка Satin Chrome)
- Странични отвори за воздух со завршна обработка Satin Chrome
- 20" со 5 краци (сива со дијамантски сјај) „Style 5035“
- Седишта Sport од кожата Taurus и антилоп материјал (не е достапно со климатизација на
- предните седишта и греење на задните седишта)
- Мултифункционален волан обложен со мека зрнеста кожа со знакот S
- Завршни украсни детали во стилот Meshed Aluminium
- Аудио систем Meridian (380 W) (стандардна опрема со моторите V6)
- Прилагодлива динамика
- Динамика којашто може да се конфигурира
6-то ниво | SVR
Содржи се што има PURE, плус:
- Предни и задни дискови со дијаметар од 395 mm
- Електронски активен диференцијал
- Ретровизори на вратите со електромоторно склопување, греење и приодни светла (и со
- мемориска функција доколку нарачате седишта со мемориска функција)
- SVR странични отвори за воздух со завршна обработка Satin Gray
- 21" со 5 краци (завршна обработка во дијамантски сјај) „Style 5080“
- Седишта Performance
- Седишта со електромоторно прилагодување во 14 положби со мемориска функција на седиштето за возачот
- Климатизација на предните седишта, греење на задните седишта (бара перфорирана кожа и лумбален дел на седиштето со прилагодување во 4 насоки)
- Кожни седишта прошиени со ромбоидни форми
- Наслони за глава на предните седишта со извезен знак SVR
- Лопатки за менување степени на пренос од алуминиум (бара автоматска трансмисија со функцијата секвенцијално менување на степените на пренос на Jaguar (Jaguar Sequential Shift))
- Метални плочки на праговите на вратите со натпис SVR
- Систем за навигација InControl Touch Pro SD (не е достапно со мултифункционален волан обложен со зрнеста кожа)
- Интерактивен дисплеј за возачот од 12.3" (мора да се нарача заедно со 087AU)
- Панорамска помош при паркирање (бара предни сензори за паркирање)
- Систем Паметен клуч на Jaguar со влегување без клуч и стартување на моторот преку копче