Сето ова ќе беше прифатливо ако Tiguan и понуди квалитети со кои може да конкурира на тие автомобили, а тоа особено важи за нивото на луксуз во ентериерот и целосниот квалитет во возењето. Според нас, Volkswagen Tiguan нема доволно квалитети за да ја оправда многу високата цена, но доколку добиете голем попуст (препорачуваме доста ценкање), ова може да биде и доста добар избор.
Флексибилна и пространа кабина - овде нема да ви фали воопшто простор
VW Tiguan значително порасна однадвор во однос на својот претходник и благодарение на тоа, кабината сега нуди многу повеќе простор. На предните и задните седишта без проблем може да се сместат и повисоки патници - простор има и за колената и за главата и единствено тесно во ширина може да биде во случај кога трет патник ќе седне на задната клупа.
Кај Tiguan особено многу ни се допаѓа флексибилноста на задните седишта, кои може да се поделат во сооднос 40/20/40 при спуштање и да се лизгаат напред назад. Тие исто така имаат наслон кој се спушта, за максимално комфорно возење на подолги патувања. Багажникот пак брои одлични 520 литри, кои се зголемуваат на 615 литри ако се турнат задните седишта напред, но тогаш се губи на простор за колената. Според тоа, Tiguan има поголем багажник од многу конкуренти, но рекордер во оваа класа е Peugeot 3008 со импресивните 591 литар.
Удобен и рафиниран, но не и динамичен како премиум конкурентите
Тука Volkswagen одлично го погодил сетирањето на суспензијата. Таа е доволно мека за добро да ги впие нерамнините и доволно цврста за каросеријата да не се навалува многу во кривините. Ако „бараме игла во сено“, поголемите дупки од патот се пренесуваат како удари во кабината, но како и да е, ова еден од најудобните автомобили во класата.
Исто така, голема пофалба заслужува добрата звучна изолација - на повисоки брзини, ова е еден од потивките автомобили во класата. Моторите се исто така тивки и работат со малку вибрации, иако премиум SUV моделите од оваа класа имаат потивки дизел мотори.
Во поглед на динамиката во возење пак Tiguan не може да се мери со конкурентите од премиум сегментот, па ниту со некои модели од „непремиум“ класата. Сметаме дека ова не е голем недостаток, бидејќи сепак се работи за семеен автомобил, но вреди да се каже дека моделите на BMW, Mercedes и Audi ќе понудат подобро возачко искуство.
Кабината не остава впечаток на толку скап автомобил
Додека минативе неколку години скоро секој Volkswagen го фалевме за квалитетот на ентериерот, истото не може да се каже за Tiguan. За изработката тука повторно нема забелешки, а и пластиката е мека на допир, но само во горниот дел. Долниот дел на кабината делува многу поевтино, со тврда пластика, а и во кабината нема многу други материјали кои ќе ја разбијат монотонијата. За автомобил кој е најскап во својата класа, очекувавме повеќе. Добар пример за тоа е Peugeot 3008, чија кабина оддава многу полуксузно чувство.
Воедно, дизајнот на предната конзола е истиот кој VW го тера со години и поради тоа, патниците дефинитивно нема да се чувствуваат како да се наоѓаат во технолошки напредно возило. Освен ако купувачот не доплати за дигиталната инструмент табла, која делумно го подобрува впечатокот.
Благодарение на овој дизајн пак забелешки нема за ергономијата - сите команди се лесно достапни, а пофалба заслужува и мултимедијалниот систем со 8-инчен дисплеј на допир, кој е лесен и интуитивен за користење. Сепак, тој се добива само со доплата, односно во подобро опремените модели, а во движење ги преферираме системите кои се управуваат со контролер, како оној во BMW X1. Воедно, со доплата се добива и камера за движење назад, која сметаме дека е морална кај Tiguan - големите C столбови значително ја намалуваат прегледноста.
Прилично економични мотори, но превисока цена
Tiguan e опремен со веќе познатите TSI и TDI единици на VW. Сите се меѓу најдобрите во класата кога е во прашање потрошувачката, но препорачуваме да ги избегнете основниот дизел со 110 КС и бензинецот со 125 КС, бидејќи прилично тешко се снаоѓаат со повисоката маса на Tiguan.
Наш избор е 2.0 дизелот со 150 КС, кој е доволно еластичен и на повисоки брзини, а троши околу 8 литри во град за моделот со погон на предни тркала, односно скоро 10 литри за моделот за погон на сите четири, односно околу 6, односно 7 литри на отворено. Бензинецот со 150 КС пак троши 1,5 до 2 литри повеќе од дизелот и го препорачуваме на оние кои не поминуваат премногу километри годишно, бидејќи е за околу 3.000 евра поевтин.
Кој модел и да го одберете, цената на Tiguan ќе биде повисока од скоро сите директни конкуренти и тоа за неколку илјади евра. Воедно, доплатите не се многу евтини, а и трошоците за сервисирање се малку повисоки. На испитувањата за доверливост, VW редовно е на долниот дел од листата, па може да се очекуваат и малку повисоки трошоци за поправки.
Всушност, со цената Tiguan скоро да навлегува и во премиум сегментот, што е веројатно главната пречка за овој инаку солиден SUV. Тој нуди навистина многу простор и флексибилност во кабината и има удобно и рафинирано возење, но многу конкуренти, како на пример Peugeot 3008 и Kia Sportage, ги нудат скоро истите квалитети, за помалку пари. Volkswagen Tiguan е одличен пример за добар, но „преценет“ автомобил.
НИВОA НА ОПРЕМА
1-во ниво | TRENDLIVE
- Челични тркала 6.5 J x 17 со поклопци Trendline, Гуми 215/65 R17
- Браници во боја на каросерија, долните делови црни, 16 степени, Basic
- Предни светла, халогени, со трепкачи под непрофилирано стакло
- Задни светла во LED изведба, Basic
- Зелени термоизолациони стакла
- Обложување на седиштата во штоф, "MIcrodots"
- Стандардни предни седишта
- Автоматски клима уред Climatronic, 3 зонско регулирање на температурата
- Радио Composition Color (6.5" Колор екран чувствителен на допир, SD, Aux in, 4x20W, 8 звучници)
- Поврзување со Bluetooth и USB
- Радио Composition Media (8" Колор екран чувствителен на допир, Bluetooth, USB компатибилен со iPhone, SD, 4x20W, 8 звучници)
- Мултифункционален кожен волан
- Мултифункционален кожен волан со типтроник (за моделите со DSG менувач)
- Пакет Технологија со Front Assist, функција за итно сопирање во град, Lane Assist, Пакет Light& Sight со функција Coming home/Leaving home
- Пакет Технологија со адаптивен темпомат до 210 Km/h, Front Assist, функција за итно сопирање во град, Lane Assist, Пакет Light&Sight со функција Coming home/Leaving home
- Асистент за долги светла Light assist
- Паркинг сензори напред и назад Park Pilot
- Светла за магла напред со статичко осветлување во свиоци
- Пакет огледала (Сензори за светло и дожд, автоматско активирање на предните светла со одделни дневни светла и функција "Coming home/Leaving home", електрично преклопливи ретровизори)
- Резервно тркало, челично, помошно, со варијабилен под во багажникот, алат и дигалка
- Адаптивна контрола на подвозје DCC (за 2.0 TSI 230 DSG 4MOTION)
2-ро ниво | COMFORTLINE
Содржи се што има Tredline, плус:
- Автоматски клима уред Climatronic, 3 зонско регулирање на температурата
- Радио Composition Color (6.5" Колор екран чувствителен на допир, SD, Aux in, 4x20W, 8 звучници)
- Асистент за долги светла Light assist
- Паркинг сензори напред и назад Park Pilot
- Светла за магла напред со статичко осветлување во свиоци
- Алу фелни "Montana" 6.5 J x 17, Гуми 215/65 R17
- Кровни шини, црни
- Светла за магла напред со статичко осветлување во свиоци
- Задните стакла 65 % затемнети
- Обложување на седиштата во штоф, "Rhombus"
- Комфорни предни седишта
- Лумбарна поддршка напред
- Целосно преклоплив наслон на совозачкото седиште
- Преклопливи масички на грбот од предните седишта
- Џебови на грбот од предните седишта
- Фиоки под предните седишта
3-то ниво | HIGHLINE
Содржи се што има Comfortable, плус:
- Мултифункционален кожен волан со типтроник (во зависност од моделот)
- Мултифункционален кожен волан
- Пакет Технологија со Front Assist, функција за итно сопирање во град, Lane Assist, Пакет Light& Sight со функција Coming home/Leaving home
- Алу фелни "Kingston" 7 J x 18, Гуми 235/55 R18
- Кровни шини, сребрени елоксирани
- Браници во боја на каросерија, долните делови црни, централните делови гранитно сиви металик, 16 степени, Style
- Задни светла во LED изведба, High, темно црвени
- Декоративни елементи "Dark grid" на инструмент таблата и на вратите
- Обложување на седиштата во Арт-велур/штоф
- Топ Комфорни предни седишта