дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Mercedes-Benz > Mercedes-Benz GLC SUV > Краток опис за моделот
Mercedes-Benz GLC SUV Mercedes-Benz GLC SUV
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 52990
веќе од 883 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Mercedes GLC: Mercedes кој тврдо поминува преку дупките

Во поглед на тоа колку е успешен со своите SUV модели на пазарот, Mercedes заостанува зад останатите два германски премиум конкуренти. Причината? Реално, понудите на BMW и Audi беа подобри. Сега, со ново име, нивниот модел од средната класа на SUV модели наречен GLC најавува нова офанзива во овој сегмент.


Однадвор, новиот GLC го следи стајлингот на новите C, E и S Class и мора да се признае дека изгледа привлечно, но купувачите во овој сегмент бараат многу повеќе од привлечност. Прво што доаѓа на ум е практичност, но и веќе стандардните квалитети на Mercedes, како квалитетен ентериер и висок квалитет на возење.
 
Пространа внатрешност и само доволно голем багажник
Mercedes GLC во кабината може многу комфорно да смести четири возрасни патници. Всушност, просторот во сите правци е близок на оној кој го нудат BMW X3 и Audi Q5, освен за главата на задните седишта, каде Mercedes-от е малку пократок. Сепак, ние мислиме дека простор на патниците нема да им недостасува, а истото важи и за места каде ќе може да ги остават ситниците.
 
Багажникот пак брои 550 литри, што делува импресивно, но во мерењето Mercedes го има вклучено и просторот под долната полица, каде реално може да се сместат само многу мали предмети. Конкурентите имаат малку поголем „реален“ багажник. Воедно, задната клупа се спушта во сооднос 40:20:40, што го олеснува организирањето на товарот и е за пофалба.
 
Како и да е, за разлика од многу SUV модели од оваа класа, задната клупа во GLC не може да се лизга напред-назад, а и наслонот не може да се навали за поголем комфор на долги патувања. Ова дефинитивно го очекувавме од Mercedes.
 
Висок квалитет на ентериерот и ергономски одлична возачка позиција
Зад воланот, седењето е многу удобно и доволно високо за добар поглед напред. Прегледноста сепак е малку послаба од таа на конкурентите – близу поставените A столбови го попречуваат погледот во кривините, а и задниот крај ја ограничува прегледноста. За среќа, сите модели се опремени со сензори и со камера, па тоа и не е голем минус.
 
Мултимедијалниот систем е еден од ретките кој овозможува интеракција со вртлив контролер поставен во долниот дел и преку дисплејот на допир. Ние би го избрале првиот начин 99% од времето, освен ако набрзина не сакате да смените песна и сл. Самиот мултимедијален систем е доволно брз и има добра графика, но корисничкиот интерфејс не е на нивото на BMW iDrive – за иста функција, тука ќе треба да посветите повеќе време.
 
Квалитетот на кабината исто така е на многу високо ниво, иако можеби не на нивото на Audi Q5 и Lexus NX. Визуелно сепак GLC сметаме дека изгледа најдобро од сите и остава впечаток на полуксузно возило.
 
Очекувавме поудобно возење – ова е сепак Mercedes
Ако сакате максимално удобен SUV, изненадување – овој не е за вас. Дури и моделите со „помека“ стандардна суспензија ги пренесуваат пгоолемите дупки во кабината и како удари и со повеќе звук, додека целата каросерија се навалува малку повеќе во кривините и главите на патниците ќе се движат премногу „лево десно“ на кривулест пат. Моделите со спортска суспензија AMG Line помалку ќе ја мрдаат главата, но уште повеќе пренесуваат удари од патот во кабината. Ваше е да одберете помало зло.
 
Дизел моторите со четири цилиндри, кои се најчесто избор на купувачите на GLC, се бучни и недоволно рафинирани за едно премиум возило, особено во градски услови. Од друга страна, мора да се пофалат за економичноста – и двете изведби (170 и 204 КС) трошат околу 9,5 литри во град и 6 литри на отворено. Нашиот избор паѓа на помоќната, бидејќи подобро повлекува од ниски вртежи, што значи и дека помалку ќе го слушате. Бензинците пак се потивки и имаат одлични перформанси, но трошат многу повеќе гориво – преку 13 литри во град за најслабиот.
 
Во поглед на динамиката во возењето, забелешка имаме само на помалку директното управување – останатото е на ниво или дури и подобро од конкурентите. GLC лесно го менува правецот и во секое време има добар контакт со подлогата. 
 
Висока цена и скапо одржување
GLC е сепак автомобил со трокрака ѕвезда напред, што значи дека ќе биде скап. Ако се заборавите со опции, овој преминува и во најскапиот модел во класата, па затоа препорачуваме поголемо „ценкање“ со продавачот за попуст. Воедно, трошоците за сервис се многу повисоки од тие на сите конкуренти, а и механиката која се вградува во GLC не важи за многу доверлива.
 
Според сето погоре изнесено, дали го препорачуваме GLC? Реално, моделот на Mercedes не е најдобар во ниту еден сегмент во својата класа – секој конкурент се истакнува со нешто повеќе. Воедно, според нас не може да се прости недоволно удобното возење, особено во премиум автомобил за кој ќе платите толку многу пари. Но, нека биде одлуката ваша – отидете, провозете го автомобилот и неговите конкуренти и уверете се сами!
ПРЕДНОСТИ
• Пространа внатрешност
• Квалитет на материјалите и дизајн на ентериерот
• Удобна и ергономска возачка позиција
• Одлично возни својства и динамика
• Штедливи и брзи дизелски мотори
НЕДОСТАТОЦИ
• Бучни и нерафинирани дизели
• Недоволно удобно возење
• Високи трошоци за одржување


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Mercedes-Benz GLC SUV  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mercedes-Benz GLC SUV
 
Mercedes-Benz GLC SUV
52990 - 112990
Mercedes-Benz GLC Coupe
 
Mercedes-Benz GLC Coupe
59990 - 117990
Alfa Romeo Stelvio 2019
 
Alfa Romeo Stelvio 2019
44900 - 60900
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV Купе
 
Alfa Romeo Stelvio 201944900 €
Mercedes-Benz GLC Coupe59990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Mercedes-Benz

www.mercedes-benz.mk

Импортер за Македонија
МакАутоСтар

Тел: 02 / 2 580 - 000

Адр: ул. Индустриска 2

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Mercedes-Benz модели
A-Class B-Class
C-Class C-Class Cabriolet
C-Class Coupe C-Class Estate
CLA CLA Shooting Brake
CLS CLS Shooting Brake
E-Class E-Class Cabriolet
E-Class Coupe E-Class Estate
G-Class GLA
GLA AMG GLC AMG
GLC Coupe GLC Coupé AMG
GLC SUV GLE AMG
GLE Coupe GLE Coupé AMG
GLE SUV GLS
GT AMG S-Class
S-Class Cabriolet S-Class Coupe
S-Class Sedan AMG SL
SLC SLS AMG
V-Class





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook