дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Fiat > Fiat Tipo Sedan > Краток опис за моделот
Fiat Tipo Sedan Fiat Tipo Sedan
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 11900
веќе од 198 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.4
Изглед
5.5
Перформанси
5
Возна динамика
3.7
Зад управувачот
4.7
Удобност
5
Простор и практичност
6
Квалитет и доверливост
4.5
Цена/Опрема
6.5
Трошоци за користење
6
Безбедност и сигурност
7
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Перфектен избор за македонскиот купувач

Повеќето од новите автомобили се специјално развиени за одредени пазари и типови на патишта и тоа најчесто за западните земји. Tipo, иако е развиен за цела Европа, се покажа како одлично решение за нашите патни услови, а притоа нудејќи и голема функционалност.


На македонскиот купувач особено ќе му се допадне пространата внатрешност – тука удобно се седи и на предните и на задните седишта, додека багажникот брои одлични 520 литри. Во внатрешноста има и многу места за одлагање ситници и најразлични предмети, додека задните седишта се спуштаат за уште поголем простор.

Моторизацијата ја сочинуваат два бензинци и два дизели. Почетните мотори, односно бензинецот и дизелот со 95 КС нудат солидни перформанси и ниска потрошувачка, а тоа особено важи за дизелот кој троши само 5 литри гориво во просек. Помоќните мотори би ги препорачале на оние кои почесто патуваат надвор од градот, а особено импресивен е 1,6 дизелот со 120 КС, кој нуди високи перформанси и потрошувачка од околу 5 литри во просек.

Fiat Tipo има и одлично подесена суспензија за нашите услови – подвозјето ги впива честите нерамнини на нашите патишта и возењето е удобно. Солидна е и рафинираноста и звучната изолација и единствен недостаток е тоа што дизел моторите се малку побучни при забрзување.

Возната динамика од друга страна не е на нивото на најдобрите компакти, односно популарно кажано, Fiat Tipo не е „забавен“ за возење. Но, не ни треба да биде забавен, туку треба да биде стабилен и безбеден, а тоа Tipo го постигнува со највисоки оценки – стабилноста е одлична и на повисоки брзини.

Единствен поголем недостаток на Tipo е малку послабата прегледност и напред и позади, барем споредено со останатите седан конкуренти. Сепак, зад воланот седењето е удобно и сите команди се добро распоредени и лесни за употреба, а истото важи и дури за дисплејот на допир, што значи дека возачот нема да има преголеми замерки дури и после подолго време поминато зад воланот.

Кабината и целосната изработка на Tipo се огромен скок од претходниците, а според последните тестирања, може да се очекува и подобрена доверливост и помалку дефекти. Исто така, сервисот за Fiat кај нас важи како квалитетен, брз и евтин, што е причина повеќе да се поседува овој автомобил.

Сите овие карактеристики, придружени со ниската цена и богатата основна опрема, прават да го препорачаме Tipo на секој купувач кој сака доверлив, простран и удобен седан. Всушност, за истите пари, во моментов и нема подобар автомобил во оваа класа – Fiat Tipo е вистинскиот избор за македонскиот купувач!

 

 

НИВОА НА ОПРЕМА

 

1-во ниво | TIPO 

  • ABS + EBD
  • 392 VDC+Hill Holder (MSR + ASR + Brake Assistant) 
  • 365 TMPS
  •  Систем за контрoла на притисок во пневматици
  • Воздушно перниче за возач 502 Воздушно перниче за совозачот
  • 505 Странични воздушни перничиња 
  • 614 Воздушни завес
  • Браници во боја на каросерија
  • Челични тркала 15"
  • Мануелен клима-уред
  • Централна брава 
  • 008 Далечинска команда отворање затворање 
  • 028 Електрична регулација на предни прозори
  • Греење на задно стакло 
  • Висинско прилагодување на светлосниот сноп 
  • Електричнa регулација на надворешни ретровизори
  • Мануелна регулација на надворешни ретровизори 
  • Серво управувач 
  • Висинско и длабочинско прилагодување на управувач
  • Висинска регулација на возачко седиште 
  • Деллив наслон на задни седишта
  • 12V Приклучок
  • Стандардно резервно тркало
  • Радио MP3 player со USB и AUX VP1 
  • Радио команди на управувач за VP1 
  • Бела (Пастелна) 

 

2-ро ниво | POP
Содржи се што има TIPO. плус:

  • Хромирани рачки
  • Надворешни ретровизори во боја на каросерија
  • Хромиран кит (линија под предна маска и линија под прозори
  • Електричнa регулација и греење на надворешни ретровизори ( задолжително со 023) 
  • Преден потпирач за рака 
  • Задни паркинг сензори

 

3-то ниво | EASY
Содржи се што има  POP, плус:

  • Управувач и рачка на менувач обложени со кожа
  • Челични тркала 16" (205/16)
  • Тркала од лесна легура 16'' 
  • Електрична регулација на задни прозори 
  • Радио UCONNECT 5" Touchscreen, bluetooth, mp3, USB, AUX VP2 
  • Радио команди на управувач за VP2 bluetooth 

 

4-то ниво | MIRROR

Содржи се што има  EASY, плус:

  • Start&Stop (важи само за 1.3 МЈТ и 1,6 MJT ) 
  • Радио UCONNECT 7" Touchscreen, bluetooth, mp3, USB, AUX VP3

 

5-то ниво | LOUNGE
Содржи се што има MIRROR, плус:

  • Предни светла со LED
  • Електрохроматски внатрешен ретровизор
  • Сензор за темнина 
  • Сензор за дожд
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина и голем багажник
• Удобно и рафинирано возење
• Тивка кабина на повисоки брзини
• Солидна стабилност и безбедност
• Исклучително економичен мотор
• Ниска цена, богата опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Послаба динамика во возењето
• Прегледност
• Моторот е бучен при забрзување


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Fiat Tipo Sedan  

Прекрасен автомобил.
Напишан од Виктор  пред  околу 4 месеци
Najdobar Vo svojata klasa
Напишан од Bobo  пред  околу 38 месеци
Перфектен избор за македонскиот купувач
Напишан од Aleksandar  пред  околу 38 месеци
Voziloto e odlicno,ima prekrasen izgled,cenata e solidna Sekoj bi posakal da go ima
Напишан од Emil  пред  околу 49 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Škoda Rapid
 
Škoda Rapid
12090 - 17290
Fiat Tipo Sedan
 
Fiat Tipo Sedan
11900 - 19500
Citroën C-Elysee
 
Citroën C-Elysee
10990 - 14990
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мали седани
 
Citroën C-Elysee10990 €
Dacia Logan9550 €
Peugeot 30110990 €
Škoda Rapid12090 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Fiat

www.fiat.com.mk

Импортер за Македонија
Аутомобиле СК

Тел: 02 / 3093 - 100

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Fiat модели
500 500L
500L Cross - 2017 500X CityLook
500X Off Road Look Doblo
Doblo Cargo Ducato Conversion
Ducato Goods Transport Ducato Passenger Transport
Panda Panda 4x4
Punto Tipo - 2017
Tipo Sedan Tipo Station Wagon - 2017





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook