дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > BMW > BMW X1 > Краток опис за моделот
BMW X1 BMW X1
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 29980
веќе од 499 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

BMW X1 – солиден “all-round” SUV, но не ја оправдува „премиум“ цената

И покрај тоа што во 90-тите години самата помисла на „џип“ од BMW беше своевиден ерес, сега производителот од Минхен има најбогата гама на SUV модели во класата. Тие беа и први суб-компактен SUV наречен X1, кој постигна огромен успех на пазарот, иако реално беше послаб од скоро секој друг таков модел на пазарот и имаше многу ненадминливи недостатоци.


Новиот модел се обидува да ги поправи сите тие, а пред се функционалноста и нивото на удобност – претходникот беше премногу бучен, неудобен и не нудеше повеќе простор од еден компактен автомобил. Од друга страна, денес и конкуренцијата е многу посилна и на X1 ќе му биде многу потешко да го најде патот до купувачите.

Ентериерот е одлично „спакуван“ – нуди доволно простор и функционалност
За разлика од претходникот, новиот X1 има многу покомфорна кабина. Сега, возрасни патници ќе можат комотно да се сместат и на задната клупа. Да, има уште попространи конкуренти, но X1 веќе не е тесен автомобил, што е за пофалба. Кабината изобилува и со многу места за оставање на ситници и пијалаци – сите патници имаат простор каде ќе можат да фрлат по нешто.
 
BMW X1 сега има и многу пофункционална задна клупа, која може да се лизга напред-назад, а опремена е и со наслони кои може да се навалат за зголемен комфор на долги патувања. Исто така, таа се соборува во сооднос 40:20:40, што ја зголемува практичноста, а и багажникот има одлични 505 литри, кои се веројатно и повеќе од доволни за скоро секој фамилијарен купувач.
 
Тврдото возење ги прави долгите патувања позаморни
Океј, веќе сфативме дека BMW сака да инјектира доза на спорт во секој нивни автомобил, но според нас, во оваа класа на возила, тоа е целосно непотребно. Да, X1 има одлична динамика во возењето, подобра од многу SUV автомобили, а има и прецизно и директно управување, но и натаму не вози толку добро како моделите на BMW со заден погон. Далеку од тоа. Воедно, мануелните менувачи се и натаму непрецизни, со голем од и тешки и го намалуваат целото задоволство во возењето.
 
Најголема штета е што фокусот на спортската динамика одзема на удобноста. BMW X1 е прилично тврдо подесен и добро ги пренесува дупките од патот во кабината, што веројатно е излишно да се каже, е голем минус за автомобил кој ќе го возите во Македонија. На мазен автопат возењето се смирува, но и натаму има премногу вибрации и движења во кабината. Ќе бевме посреќни ако BMW го тргнеше она „спорт“ од својот суб-компактен SUV.
 
Покрај тврдото возење, BMW X1 конечно има тивки дизели, што е голем напредок во однос на претходникот. Звукот од ветерот е одлично придушен на повисоки брзини, но за жал уште на 120 km/h веќе се слуша премногу звук од гумите. Спремете се за надвикување во кабината кога возите на автопат, нешто што секако не е очекувано од еден премиум модел.
 
Моторите нудат одлични перформанси и се супер економични
Можеби BMW се уште не научи да направи мотор кој ќе трае и нема да се расипува, но факт е дека нивните дизели и бензинци се едни од најштедливите, ако не и најштедливи во своите сегменти, воедно без да кратат на перформансите. Наша препорака се бензинецот со 136 КС, кој спринта до стотка за одлични 9,7 секунди и во град троши околу 9-9,5 литри, односно околу 6,5 литри на отворен пат, како и дизелот со 150 КС, кој спринта до стотка за само 9,2 секунди и троши 7-7,5 литри во град, односно околу 5,5 литри на отворено. Сепак, погоре споменатиот бензинец не може да се порача со погон на сите четири тркала, туку само со преден и ако тоа им е важно на купувачите, го препорачуваме помоќниот со 192 КС, кој троши околу 1 литар повеќе гориво на 100 km.
 
Високо квалитетни материјали во внатрешноста и најдобар мултимедијален систем во класата
За разлика од претходникот, кој имаше изненадувачки евтини материјали во кабината, новиот X1 го заслужува премиум беџот во поглед на квалитетот. Исто така, завршната изработка е многу подобра – впечатокот е вистински премиум. Воедно, мултимедијалниот систем, кој се управува со вртлив контролер е најдобар во сегментот и е лесен за интеракција и во движење, нешто што не може да се каже за моделите со дисплеи на допир.
 
Одлична е и целосната ергономија – возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција, благодарение на подесувањето на воланот и седиштата во сите насоки. Сепак, предните „А“ столбови малку ја попречуваат прегледноста во кривина, иако генерално возачот има добар преглед на патот напред поради високо седење. Кога сме кај седењето, ќе беше добро BMW да не бара доплата за лумбарна поддршка на седиштата.
 
Добар избор на SUV, но само на оние на кои нема да им пречи тврдото возење
Ценовно, BMW X1 е во рамките на компактната класа, што е и очекувано. Како и секогаш кај BMW, доплатите се скапи, а цената е многу повисока од „непремиум“ конкурентите. Според тоа, за оние кои мораат да имаат автомобил со „премиум беџ“, X1 е солиден избор, но не спектакуларен. Нуди солидно ниво на простор во ентериерот, високо ниво на функционалност, квалитетна кабина и брзи и штедливи мотори, но разочарува тврдото возење кое е заморно на подолги патувања, какви сме сигурни дека ќе имаат оние кои ќе го поседуваат. Ние би рекле провозете пред да купите – така ќе бидете сигурни дали тоа ќе ви пречи или не!
ПРЕДНОСТИ
• Пространа и функционална кабина
• Висок квалитет на материјалите во внатрешноста
• Штедливи и брзи мотори (но не очекувајте висока доверливост)
• Најдобар мултимедијален систем во класата
• Одлична поставеност зад воланот
• Прецизно и директно управување, придружено од добра возна динамика
НЕДОСТАТОЦИ
• Премногу тврдо возење, непогодно за нашите патишта
• Бучава од тркалата на повисоки брзини
• Мануелните менувачи имаат предолг од и се непрецизни


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за BMW X1  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
MINI Countryman
 
MINI Countryman
20900 - 33500
Audi Q2
 
Audi Q2
27790 - 44362
BMW X1
 
BMW X1
29980 - 49140
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум SUV мали
 
Audi Q227790 €
Honda HR-V23990 €
Mercedes-Benz GLA29590 €
MINI Countryman20900 €
Toyota C-HR24890 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

BMW

www.bmw.com.mk

Импортер за Македонија
Маккар

Тел: 02 / 3096 - 600

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  09:00 - 19:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други BMW модели
M3 Sedan M4
M4 Convertible * M5 Sedan
M6 Cabrio M6 Coupe
M6 Gran Coupe X1
X2 X2 M
X3 X3 M
X4 X4 M
X5 X5 M
X6 Z4 Roadster
Серија 1 Серија 2 Convertible
Серија 2 Coupe Серија 3
Серија 3 - 2018 * Серија 3 Gran Turismo
Серија 3 Touring Серија 4 Coupe
Серија 4 Gran Coupe Серија 5
Серија 5 Gran Turisimo Серија 5 Touring
Серија 6 Cabrio Серија 6 Gran Coupe
Серија 7 - 2019





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook