дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Renault > Renault Kadjar > Краток опис за моделот
Renault Kadjar Renault Kadjar
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од
веќе од € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Renault Kadjar: Подобра верзија од Nissan Qashqai

Renault до неодамна скоро и да не беше играч во компактната SUV класа – нивниот модел Koleos реално беше послаб од конкурентите во тоа време. Сепак, по спојувањето со Nissan, тие добија технологија од производителот кој е познат по ваквите модели и кој има исклучителен успех со Qashqai.


Renault Kadjar е модел кој е целосно базиран на платформата на популарниот Qashqai. Некои можеби ќе речат дека ова е копирање, но ние би рекле дека со ова Renault имаше шанса да ги испегла недостатоците на Qashqai, кој веќе не е меѓу најдобрите модели во класата. Дали е тоа доволно за да биде конкурентен во оваа густо населена класа, прочитајте подолу.
 
Кабината нуди многу простор, но недостасува флексибилност на задната клупа
Во кабината, Kadjar е еден од најпространите модели во својата класа, што е особено изразено на задната клупа, каде има многу простор и за колената и за главата, дури и ако се одбере модел со панорамски покрив. Интересно, Kadjar има многу повеќе простор од Qashqai, а има и поголем багажник, кој има 472 литри во горниот дел, плус 55 литри под полицата. Ако се тргнат полиците, просторот се проширува на 527 литри.
 
Иако извадиле повеќе простор од својот јапонски брат, Французите не успеале да ја зголемат практичноста на кабината. Задната клупа не се лизга напред/назад и има наслони кои не се навалуваат, што и не е мал недостаток во оваа класа. Со спуштањето на задните седишта за среќа се добива рамен под, а во багажникот има и отвори за ситни предмети под полицата, но низ кабината местата за одлагање на ситници се премногу мали – оние во вратите можат да примат само мали шишиња за вода, не и такви од литар или литар и пол.
 
Ентериерот делува квалитетно, но дизајнот многу застарено
Разбирливо е дека Французите во ентериерот работите сакале да ги направат поедноставни, но ваков дизајн не поминува кај еден модерен автомобил, дури и кај семеен. Скоро секој друг модел во класата ќе понуди поразиграна внатрешност, во која ќе се чувствувате подобро. За среќа, квалитетот на материјалите е на високо ниво и пластиката во горниот дел е мека на допир, но тоа не ги подобрува значително работите.
 
Едноставниот дизајн има и свои придобивки. Зад воланот седењето е многу удобно и лесно се наоѓа идеалната позиција, а централната конзола е една од најлесните за користење на кои сме наишле. Истото важи и за мултимедијалниот систем, кој е интуитивен и лесен за користење, но за жал тој не доаѓа со Android Auto или Apple CarPlay за поврзување во вашиот смартфон. Прегледноста е солидна и напред и назад, каде C столбот е помал од тој на поголемиот број на SUV модели, а пред возачот инструмент таблата е дигитална и може да прикаже голем број на информации.
 
Меко подесена суспензија, но многу звук од тркалата во возење
Во манирот на вистински француски автомобил, Kadjar има помеко подесена суспензија од Qashqai, што помогнува во патувањето по нашите патишта. Таа особено добро ги прима ситните нерамнини и го прави возењето прилично удобно. Од друга страна, во поглед на динамиката ова е еден од најслабите модели во класата, но нема да се буниме – кај еден SUV и не бараме високо ниво на динамика. Она што би го посакале пак се подобри менувачи – мануелниот е непрецизен и има премногу долг од.
 
Моторите се исто така прилично тивки, освен ако не ги носите до премногу високи вртежи, со напомена дека најмоќниот 1,6 дизел е најгласен од сите агрегати. Воедно, звукот од ветерот е добро придушен и не се слуша и на повисоки брзини, но се слуша премногу звук од гумите – веројатно и најмногу во класата.
 
Штедливи дизел мотори, но избегнете го бензинецот
Иако бројките за забрзување и потрошувачка можеби ќе ве натераат да размислите за бензинецот со 130 КС, во реалноста тој бара премногу високи вртежи за да одржи темпо на отворен пат, што ја расипува потрошувачката и ја зголемува бучавата во кабината. Дизелите се многу порелаксирани за возење, особено на отворен пат, бидејќи имаат повисок вртежен момент и влечат од многу ниски вртежи.
 
Нашиот избор паѓа на 1,5 dCi дизелот со 110 КС, кој не е премногу брз, но е доволно лежерен, а троши и многу малку гориво – очекувајте околу 7,5 литри во град и 5,5 литри на отворено. Посилниот дизел е исто така добра опција, бидејќи нуди многу подобри забрзувања и само малку повисока потрошувачка, но е побучен од помалиот дизел.
 
Со цената, Kadjar е директно во срцето на класата, а и опремата е многу солидна. Како и да е, конкуренцијата е многу силна и не би можеле уште веднаш да го препорачаме францускиот SUV, но тој би можел да влезе во потесниот круг, особено за купувачите кои бараат максимум простор во внатрешноста и удобно возење за подолги патувања. Сепак, препорачуваме да го провозите и да видите дали ќе ви пречи бучавата од тркалата и малку застарениот дизајн на ентериерот.
ПРЕДНОСТИ
• Многу простор и на предните и на задните седишта
• Еден од најголемите багажници во класата
• Одлична возачка позиција и добро распоредени команди
• Меко и удобно возење
• Штедлив и флексибилен 1,5 dCi мотор
НЕДОСТАТОЦИ
• Задната клупа не се лизга и наслоните не се навалуваат
• Премногу звук од тркалата на повисоки брзини
• Ентериерот делува малку застарено
• Мануелните менувачи не се прецизни и имаат долг од


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Renault Kadjar  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Nissan Qashqai
 
Nissan Qashqai
21590 - 36590
Ford Kuga MCA
 
Ford Kuga MCA
23300 - 48300
Citroën C5 Aircross - 2019
 
Citroën C5 Aircross - 2019
21990 - 37390
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV Компактни
 
Citroën C5 Aircross - 201921990 €
Ford Kuga MCA23300 €
Great Wall Hover H5 12034 €
Hyundai Tucson17777 €
Hyundai Tuscon - 201818990 €
Jeep Compass - 201725000 €
Jeep Renegade23000 €
KIA Sportage - 201716950 €
Mitsubishi Eclipse Cross23980 €
Nissan Qashqai21590 €
Opel Grandland X - 201823525 €
Peugeot 300822490 €
Renault Koleos - 201734500 €
Seat Ateca - 201720041 €
Ssang Yong Korando17200 €
Volkswagen Tiguan30443 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Renault

www.renault.mk

Импортер за Македонија
Аутомотив Груп

Тел: 02 / 2 727 - 200

Адр: ул. Првомајска 21

Работно време:  09:00 - 17:00
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Renault модели
Captur Clio
Clio Grandtour Clio RS
Espace Kadjar
Kangoo Koleos - 2017
Megane Megane GrandCoupé
Megane RS Scenic
Talisman Talisman Estate
Twingo - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook