дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Audi > Audi Q7 > Краток опис за моделот
Audi Q7 Audi Q7
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 80098
веќе од 1334 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
7.2
Изглед
6.5
Перформанси
9
Возна динамика
5
Зад управувачот
7.7
Удобност
8.5
Простор и практичност
9
Квалитет и доверливост
7
Цена/Опрема
4
Трошоци за користење
5
Безбедност и сигурност
10
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Луксуз во секоја смисла на зборот

Пред една деценија, Audi немаше ниту еден SUV модел во понудата, но денес е еден од најуспешните производители во сегментот. Се започна со мега големиот Q7, кој сега ја добива втората генерација. Новиот модел има делумно помали димензии, многу пониска маса и покомфорна внатрешност, но сега и конкуренцијата е многу посилна и побројна.


Внатрешноста е најголемиот адут на новата Q7-ка. Простор има на претек и на предните и на задните седишта, иако третата клупа и натаму е само за деца. Багажникот со спуштен трет ред на седишта брои огромни 770 литри, додека кабината располага со голем број на места за одлагање ситници.

Сето ова звучи многу стерилно за да може да го долови целосниот луксузен комфор кој го нуди Q7 – треба да влезете во автомобилот за целосно да го почувствувате амбиентот. Тука чувството е како во највисоката класа на возила – материјалите се грижливо одбрани и исклучително квалитетни, додека изработката е веројатно најдобра во сегментот. Префинето и луксузно до деталите.

Зад воланот возачката позиција е повеќе кралска отколку спортска и секој возач ќе може да се смести комфорно и ергономски. MMI системот за управување е лесен за употреба, додека многу информации се прикажуваат на дисплејот пред воланот, која ја заменува инструмент таблата.

Високиот комфор и луксуз се надополнети и со неверојатно тивки мотори и одлично изолирана кабина од надворешноста – во Audi Q7 е тивко како во некоја катедрала. Всушност, целосната рафинираност е на највисоко ниво, што е надополнето и со исклучително удобно возење, особено за моделите со воздушна суспензија. Едноставно, Audi Q7 е еден од најдобрите автомобили за долги патувања.

Истото сепак не може да се каже за динамиката. Иако новиот модел е до 300 kg полесен од претходникот и сите мотори нудат одлични перформанси, агилноста во кривините не е на нивото на конкурентите. Управувањето исто така не е доволно директно и не враќа фидбек од подлогата. Во превод, ако сакате возачки SUV, Audi Q7 не треба да е на Вашата листа.

Снижената маса има и други придобивки и тоа главно се однесува на намалената потрошувачка. Ние би ги препорачале 3.0 TDI дизелските модели со 218 и 272 КС кои се помали потрошувачи од 3.0 TFSI бензинскиот агрегат, а нудат скоро подеднакви перформанси. Кај нив, потрошувачката изнесува околу 8,5 литри во просек, што е респектабилно, иако многу далеку од ветената фабричка потрошувачка од 5,4, односно 5,6 литри за помоќниот модел.

Сите овие квалитети имаат и прилично висока цена – Q7 е еден од најскапите модели во сегментот, а исто така и доплатите се многу високи. Сепак, за сите оние кои сакаат исклучително комфорен, удобен и рафиниран превозник, со особено тивко и префинето возење, мора да го имаат Audi Q7 на својата листа.

 

НИВО НА ОПРЕМА

 

1-во ниво | AUDI Q7

  • Двозонски автоматски клима уред Внатрешен ретровизор со автоматско затемнување
  • Хромирани кровни шини
  • Start/stop систем
  • Темпомат
  • Надворешни ретворизори - греени, електр. преклопливи, Алу. фелни, 5-крак дизајн, 8 J x 18, гуми 255/60 R18 108Y
  • греени, во боја на каросерија Контрола на притисок во гуми
  • Xenon плус
  • Задни паркинг сензори
  • Кожен четирикрак волан, мултифункц. со шалтер за брзини
  • Сет за репарација на гума
  • Стандардни завртки на тркалата
  • Quattro - погон на четири тркала
  • Наведените цени се информативни.
  • Audi Drive Select
  • Навигационен систем

 

2-ро ниво | AUDI SQ7
Содржи се што има АUDI Q7, плус:

  • LED задни светла
  • Leather/leatherette комбинација на седиштата
  • Електромеханички серво волан
  • Наслон за рака напред
  • Алуминиумска декорација на праговите на вратите
  • Емисија на гасови EU6
  • Надворешност со декорација од алуминиум 
  • Електрично отварање на багажната врата
  • Воздушни перничиња - напред, странични и за глава
  • Адаптивна спортска воздушна суспензија
  • Спортски предни седишта Алармен уред
  • Комбинација кожа/перфорирана алкантара на седиштата 
  • Надворешни ретровизори во сребрена боја
  • Декорација во внатрешноста со брусен алуминиум Sono
  • Кожен трокрак мултифункционален волан со шалтер за брзини
  • Гуми 285/45 R20

 

ПРЕДНОСТИ
• Исклучително пространа внатрешност
• Извонредна удобност и рафинираност
• Висока звучна изолација
• Квалитетна, луксузна кабина
• Одлични дизел мотори - добри перформанси и ниска потрошувачка
НЕДОСТАТОЦИ
• Послаба динамика во однос на конкурентите
• Недоволно директно управување
• Многу скапи доплати


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Audi Q7  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Land Rover Range Rover Velar
 
Land Rover Range Rover Velar
74500 - 113500
BMW X5
 
BMW X5
64000 - 105000
Volvo XC90
 
Volvo XC90
90000 - 96570
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Луксузен SUV
 
Audi Q891094 €
BMW X564000 €
Land Rover Range Rover Velar74500 €
Mercedes-Benz GLS94860 €
Porsche Cayenne76969 €
Volvo XC9090000 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Audi

www.audi.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Audi модели
A1 A3
A3 Sedane A4
A4 Avant A5 Coupe
A5 S5 Coupe A5 Sportback
A6 A6 Allroad Quattro
A6 Avant A7 Sportback
A8 Q2
Q3 Q5
Q7 Q8
R8 TT Coupe





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook