дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Audi > Audi A4 > Краток опис за моделот
Audi A4 Audi A4
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 31660
веќе од 527 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
6.5
Изглед
6.5
Перформанси
6.5
Возна динамика
7
Зад управувачот
7.3
Удобност
7.5
Простор и практичност
6
Квалитет и доверливост
6
Цена/Опрема
4
Трошоци за користење
6
Безбедност и сигурност
8.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Господинот во класата

Многумина од вас веројатно нема да можат да го забележат тоа, но да, ова е целосно новиот Audi A4. Зад карактеристичниот дизајн се крие целосно нов автомобил со подобрувања кои се пред се насочени кон удобноста и рафинираноста – спортските апетити Audi повторно ги остави на конкурентите.


Според тоа, Audi A4 повторно вози како што се очекува од него – суспензијата е прилично удобно подесена и рафинираноста е на највисоко ниво во класата. Особено импресионира механичката рафинираност – моторите работат скоро без вибрации, додека автоматските менувачи ги менуваат брзините скоро незабележително.

Иако динамиката кај новиот А4 е подобрена, конкурентите се и натаму подобри ви свиоците - враќаат повеќе информации од патот и имаат поагилна шасија. A4 е стабилен на повисоки брзини и добро ја држи линијата на движење, но порано настапува подуправливост од конкурентите, што е и нормално – сите имаат заден погон, додека А4 има преден (Quattro моделите со погон на сите тркала се поскапи).

Перформансите од сите мотори се солидни – секој агрегат потегнува добро од ниските вртежи. Особено добри се и DSG менувачите, чие функционирање заедно со моторите е доведено скоро до перфекција.

Потрошувачката е исто така многу ниска, иако како кај сите премиум конкуренти, тешко е да се постигнат фабричките бројки. За дизелот со 150 КС, кој е веројатно најинтелигентниот избор, ние измеривме 8 литри потрошувачка во градски услови, додека на отворено потрошувачката паѓа на околу 5,5 до 6 литри при брзини до 120 km/h, благодарение на долгиот седми степен во менувачот.

Кабината на Audi A4 е веројатно најдобриот дел од цел автомобил. Простор има и на предните и на задните седишта, повеќе од тоа што нудат конкурентите, додека багажникот има респектабилни 480 литри.

Зад воланот, возачот има комфорна позиција и команди кои се секогаш достапни на рацете, додека MMI системот за управување е веќе стандардно добар. Внатрешноста ја карактеризира и исклучително квалитетната изработка, како и употребата на скапи материјали – тука А4 е на самиот врв во класата. Уште дисплејот да можеше да се собере во предната конзола и се ќе беше за пет...

Кога се ќе се собере, јасно е дека A4 е дизајниран за оние кои сакаат смирено, удобно, рафинирано и луксузно превозно средство, а не се претерано расположени за брзо возење по свиоците. Audi A4 е еден компетентен производ од средната класа, кој можеби нема да ви го забрза срцето кога го возите, но дефинитивно ќе ги погали сите други ваши сетила.

 

НИВОА НА ОПРЕМА 

 

 

1-во ниво | BASIC

  • Челични тркала 7Јx16
  • Гуми 205/60 R16 ( до 140 kW )
  • Гуми 225/50 R17 ( од 140 kW )
  • Контрола на притисок во гуми
  • Сигурносни завртки на тркалата
  • Резервно тркало
  • Воздушни перничиња за возач и совозач
  • Предни странични воздушни перничиња
  • Sideguard странични воздушни завеси
  • Електронска имобилизација (заштита од кражба)
  • Централно заклучување со далечинско
  • XENON светла
  • Сензор за светло и дожд
  • Дневни светла
  • Автоматско подесување на висината на светлата
  • Електрично отварање на багажникот
  • Електрично подесување на прозорите
  • Електрично подесиви и греени ретровизори 
  • Алуминиумски тркала 7.5Јx17
  • ESP електронска стабилизациска програма
  • Електромеханичка рачна кочница
  • Автоматски клима уред
  • Висинско подесување на предните седишта
  • Аблендирачки внатрешен ретровизор
  • Трокрак кожен волан со команди
  • Серво управувач
  • Преден наслон за рака
  • Декорација во внатрешноста Micrometallic silver

 

2-ро ниво | SPORT
Содржи се што има Basic, плус:

  • Алуминиумски тркала 7.5Јx17, 5 крак "Y" дизајн
  • Гуми 225/50 R17
  • Декорација во внатрешноста Aluminium Ellipse
  • Хромирани издувни цевки
  • Заден дифузер во боја Twilight Gray matt 
  • Хромирани лајсни на предната маска и на предните дифузери
  • Хромирани лајсни околу стаклата
  • Спортски предни седишта
  • Штоф на седиштата Atrium
  • Лумбаго поддршка на предните седишта

 

3-то ниво | DESIGN
Содржи опрема Sport, плус

  • Алуминиумски тркала 7.5Јx17, 10 крак дизајн
  • Гуми 225/50 R17
  • Декорација во внатрешноста Aluminium Ellipse
  • Хромирани издувни цевки
  • Заден дифузер во боја Matt black titanium
  • Централна конзола обложена со вештачка кожа
  • Хромирани лајсни на предната маска и на предните дифузери
  • Хромирани лајсни околу стаклата
  • Алуминиумски лајсни на рачките на вратите
  • Комфорни предни седишта
  • Штоф на седиштата Concept
  • Дополнителни светла во внатрешноста
ПРЕДНОСТИ
• Исклучителна механичка рафинираност и одлична звучна изолација
• Удобно возење дури и кај S-Line моделот со спуштено подвозје
• Квалитетна внатрешност со највисоко ниво на завршна обработка
• Пространа кабина
• Високо ниво на ергономија, одличен MMI мултимедијален систем
• Одлично впарени мотор и менувач – работат во перфектна синергија
НЕДОСТАТОЦИ
• Динамиката и агилноста се зад главните конкуренти
• Дисплејот не може да се собере во предната конзола
• Мали места за одлагање ситници во внатрешноста
• Скапи доплати


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Audi A4  

НЕ Е ОВА ЗА СЕКОЈ
Напишан од НЕ Е ОВА ЗА СЕКОЈ  пред  околу 44 месеци
НЕ Е ОВА ЗА СЕКОЈ
Напишан од НЕ Е ОВА ЗА СЕКОЈ  пред  околу 44 месеци
НЕ Е ОВА ЗА СЕКОЈ
Напишан од НЕ Е ОВА ЗА СЕКОЈ  пред  околу 44 месеци
ubavi
Напишан од Martina  пред  околу 45 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Audi A4
 
Audi A4
31660 - 57921
BMW Серија 3
 
BMW Серија 3
31170 - 53160
Audi A5 Sportback
 
Audi A5 Sportback
38777 - 71417
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум седани
 
Alfa Romeo Giulia 201938800 €
Audi A5 Sportback38777 €
BMW Серија 331170 €
Citroën DS529900 €
Lexus IS 38500 €
Mercedes-Benz C-Class33990 €
Peugeot 508 - 201933620 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Audi

www.audi.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Audi модели
A1 A3
A3 Sedane A4
A4 Avant A5 Coupe
A5 S5 Coupe A5 Sportback
A6 A6 Allroad Quattro
A6 Avant A7 Sportback
A8 Q2
Q3 Q5
Q7 Q8
R8 TT Coupe





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook