дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > BMW > BMW X6 > Краток опис за моделот
BMW X6 BMW X6
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од
веќе од € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

BMW X6: Непрактичен SUV, добар за уживателите во доброто возење

Една од главните причини поради кои купувачите се одлучуваат на SUV автомобили е нивната зголемена практичност. Имаат повеќе простор за главата, генерално поголеми багажници и поголема флексибилност во ентериерот.


Но, што ако земете голем SUV и го направите помалку практичен со цел да ги привлечете купувачите кои сакаат нивниот автомобил да изгледа и „спортски“? Го добивате BMW X6, SUV автомобил кој според нас и не е нешто убав за гледање, но со тоа дефинитивно не се сложуваат многу купувачи. За тоа нема да расправаме. Но, ќе расправаме за тоа што се губи овој автомобил во однос на X5-ката на која се базира.

 
Еден од најдобрите SUV автомобили за возачот, не и за патниците
Ако сте расположен возач, кој сака да вози брзо и во кривините, ова е еден од најдобрите SUV-а на пазарот во моментов за вас. Купе изгледот во задниот дел одлично најавува како вози овој автомобил – во кривините се навалува помалку отколку што имаме навикнато на други SUV автомобили и поагресивно и прецизно влегува во кривините. 
 
Како и да е, Porsche Cayenne е уште подобар во кривините, а и поудобен. X6 не е тврд, особено ако одберете модел со адаптивна суспензија (препорачуваме да го направите тоа), но на пониски брзини и во град, поголемите дупки и нерамнини се пренесуваат во внатрешноста, повеќе отколку што е тоа случај кај конкурентите. 
 
Од понудените мотори, сите нудат задоволителни перформанси како за толку голем автомобил, но наш избор се моделите X30d и X40d, кои се две варијации на истиот дизел мотор. И двата мотори добро потегнуваат од ниски вртежи, а трошат околу 12 литри гориво во град и 7,5-8 литри на отворено, но се малку бучни како за премиум автомобил. За уживателите во возењето, препорака е X50i V8 бензинецот, но очекувајте дека тој ќе троши многу гориво – преку 16 литри во град и 10-11 литри на отворено. Заедно со X35i изведбата, бензинците се потивки во однос на дизелите.
 
Назад има малку простор за главата, но багажникот е доволно голем
BMW X6 дефинитивно не е автомобил за оние кои бараат практичност, а тоа најдобро го покажува и купе формата на каросеријата. Поради неа, на задната клупа недостасува малку простор за главата на повисоките патници, што е разочарување во толку голем автомобил. Од друга страна, багажникот брои 580 литри, што е солидна бројка, но со тргнување на горната полица не очекувајте да добиете повеќе простор како во другите SUV-а, бидејќи стаклото е закосено и значително одзема од просторот во висина. Задната клупа пак се спушта во сооднос 40:20:40, што е одлична вест за оние кои одат на скијање (назад можат да седат двајца патници и да се стават скии низ средината). Како и да е, ако сакате повеќе практичност, препорака е поевтиниот X5.
 
Предната табла има добро распоредени команди, но разочарува квалитетот
Предната табла во X6 е подеднаква како кај X5, што значи дека има добро распоредени команди и одличен iDrive контролер за управување на мултимедијалниот систем, кој е најдобар во бизнисот. Ни се допаѓа и високата, но удобна возачка позиција и погледот напред, но прегледноста во задниот дел е многу ограничена.
 
Како и да е, ентериерот на BMW X6 едноставно не остава впечаток како Porsche Cayenne, Volvo XC90, Audi Q7 или Lexus RX, особено кога во целата равенка ќе се стави и цената. Горниот дел на предната табла и кај вратите е облечен во кожа, но под него се наоѓа изненадувачки евтина пластика. Не велиме дека кабината делува евтино, но во погоре споменатите конкуренти ќе се чувствувате многу полуксузно.
 
Повисока цена во однос на X5, помалку автомобил
X6 е дефинитивно автомобил кој купувачите го одбираат поради надворешниот изглед и кои сакаат да бидат видени со својот автомобил. Цената е неоправдано повисока во однос на BMW X5, кој вози скоро подеднакво во кривините, а има повеќе простор на задната клупа и многу поголем багажник.
 
Секако, нема да кажеме дека BMW X6 е лош автомобил, но доколку надворешниот изглед и не ви е толку важен, препорачуваме да заштедите неколку илјади евра и да купите BMW X5. Или пак купете Porsche Cayenne – не е многу поскап, а ќе понуди уште повисок квалитет во возењето и попрактична кабина.
ПРЕДНОСТИ
• Исклучителна возачка динамика
• Високи перформанси од сите мотори
• Тивки и рафинирани бензинци
• Одлично распоредени команди и врвен iDrive систем
• Удобна возачка позиција
НЕДОСТАТОЦИ
• Недоволно удобно возење, особено на пониски брзини
• Простор за глава за повисоки патници на задната клупа
• Дизелите се малку побучни
• Кабината не остава луксузен впечаток каков што најавува цената


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за BMW X6  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mercedes-Benz GLC SUV
 
Mercedes-Benz GLC SUV
52990 - 112990
Mercedes-Benz GLC Coupe
 
Mercedes-Benz GLC Coupe
59990 - 117990
Alfa Romeo Stelvio 2019
 
Alfa Romeo Stelvio 2019
44900 - 60900
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV Купе
 
Alfa Romeo Stelvio 201944900 €
Mercedes-Benz GLC Coupe59990 €
Mercedes-Benz GLC SUV52990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

BMW

www.bmw.com.mk

Импортер за Македонија
Маккар

Тел: 02 / 3096 - 600

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  09:00 - 19:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други BMW модели
M3 Sedan M4
M4 Convertible * M5 Sedan
M6 Cabrio M6 Coupe
M6 Gran Coupe X1
X2 X2 M
X3 X3 M
X4 X4 M
X5 X5 M
X6 Z4 Roadster
Серија 1 Серија 2 Convertible
Серија 2 Coupe Серија 3
Серија 3 - 2018 * Серија 3 Gran Turismo
Серија 3 Touring Серија 4 Coupe
Серија 4 Gran Coupe Серија 5
Серија 5 Gran Turisimo Серија 5 Touring
Серија 6 Cabrio Серија 6 Gran Coupe
Серија 7 - 2019





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook