дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Land Rover > Land Rover Discovery Sport > Краток опис за моделот
Land Rover Discovery Sport Land Rover Discovery Sport
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 42900
веќе од 715 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Land Rover Discovery Sport: Солидно остварување, но цената е превисока

Нека не ве буни името на Discovery Sport – ова е модел од средната SUV класа, наследник на Freelander. Поточно, конкурент на BMW X3, Lexus NX, Mercedes GLC и Audi Q5. Или на Peugeot 5008, кој е еден од најдобрите SUV автомобили со 7 седишта.


Како и секогаш, една од главните одлики на овој Land Rover е тоа што нуди одлични возни својства на терен, благодарение на напредниот погон на сите четири тркала со компјутерска контрола, но факт е дека купувачите најчесто и не го бараат тоа од ваквиот тип на автомобили. 

 
Па, дали Discovery Sport има доволно други адути за да биде победник во една од најгусто населените класи на возила на пазарот?
 
Се нуди со 7 седишта, но третиот ред е реално неупотреблив
Discovery Sport е единствениот модел во неговата класа кој се нуди со трет ред на седишта. Сепак, освен ако таму не превезувате мали деца, тој е скоро неупотреблив, бидејќи простор скоро да нема во ниту еден правец. Конкурентите од „непремиум“ сегментот, Peugeot 5008 и Kia Sorento, нудат повеќе простор во третиот ред.
 
Од друга страна, простор на предните седишта и на втората клупа има на претек, дури и за возрасни патници. Исто така, наслонот на задната клупа може да се спушти за максимален комфор при подолги патувања, а и трите седишта (40/20/40), можат да се лизгаат напред/назад за да се ослободи простор во багажникот или во третиот ред на седишта. Со нивното спуштање пак се добива целосно рамен под кој го олеснува товарањето на поголеми предмети.
 
Багажникот пак според мерењата на Land Rover брои 981 литри, но тоа е измерено над полицата, односно до покривот. Како и да е, во реалноста багажникот е поголем од тој на скоро сите конкуренти, но не и од сите SUV автомобили со 7 седишта од „непремиум“ класата. Веројатно не треба да се спомне – кабината има многу места за одлагање на ситници и големи пијалаци.
 
Возачката позиција е одлична, но мултимедијалниот систем е разочарување
Зад воланот на Discovery Sport се седи мошне високо, како и кај секој Land Rover. Седењето е удобно и лесно се наоѓа идеалната позиција, додека седиштата исто така се мошне удобни за подолги патувања. Средната конзола е јасно изведена и читлива, но на рака се достапни само командите за клима уредот.
 
Мултимедијалниот систем е поставен во горниот дел и е многу далеку од дофат на раката. Ќе беше се добро доколку тој не беше на допир, бидејќи за секоја интеракција која ќе ја имате со него ќе треба да го поместите телото напред. И самиот мултимедијален систем не е особено импресивен, а нема ниту поддршка за Android Auto и Apple CarPlay.
 
Кабината барем делува премиум, но само на нивото на Peugeot 5008, автомобил кој е илјадници евра поевтин. Во споредба со моделите од премиум сегментот, скоро секој нуди полуксузна и подобро изработена внатрешност.
 
Преголемо навалување во кривините, но задоволителна удобност
Доколку планирате вашиот SUV да го бркате по кривините, Discovery Sport не е автомобилот за вас. Тој се навалува во кривините повеќе од очекуваното и како последица на тоа, има послаба динамичност. Од друга страна, моделите со погон на сите четири тркала можат да поминат преку препреки кои се недостижни за другите модели во сегментот, па ако така го замислувате вашиот иден SUV, овој може да е одлично решение.
 
Патниците сигурно нема да имаат забелешки – освен при поминување преку најголемите дупки, суспензијата добро ги впива сите нерамнини од патот и ги прави подолгите патувања прилично удобни. Од друга страна, во однос на звучната изолација, Discovery Sport е само просечен – дизел моторите се малку побучни од премиум стандардите, а на повисоки брзини се слуша и звук од околу ретровизорите, кој заморува на подолги патувања.
 
Превисока цена, а и дизелите не се особено штедливи
Кај нас Discovery Sport се нуди само со дизел мотори и оправдано – тие се скоро секогаш изборот на купувачите. Поточно, кај Discovery Sport се работи за еден 2,0 мотор, но со неколку изведби на сила – 150, 180 и 240 КС. 
 
Нашиот избор паѓа на изведбата со 180 КС, која нуди задоволителни перформанси и иста потрошувачка како на моторот со 150 КС, кој делува слабо во оваа каросерија. Оној со 240 КС пак нуди супер високи перформанси, а опремен е и со одлична 9-степена автоматска трансмисија, но е премногу скап. Потрошувачката кај изведбите со 150 и 180 КС изнесува околу 10 литри во град и 6,5-7 литри на отворено, што не е лошо, но е повеќе од дизел моторите на конкуренцијата, додека изведбата со 240 КС троши и до литар и пол повеќе.
 
Во однос на моќноста на моторите, па и на понудената опрема, Discovery Sport е сепак премногу скап автомобил. Цената лесно може да порасне и до бројки кои се наменети за SUV автомобилите од средно високата класа, што е премногу за ваков автомобил, особено што и не е најдобриот во својата класа. 
 
Секако, ова не значи дека велиме да се избегне – како и секој Land Rover и овој има доволно квалитети, особено во делот на функционалноста и одличните возни својства на терен, но ние мислиме дека за вистински премиум квалитети треба да се одбере некој од германските конкуренти или Lexus. Од друга страна, конкурентите во „непремиум“ сегментот чинат многу помалку, а имаат дури и подобра понуда на простор во ентериерот.
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина и на првиот и вториот ред на седишта
• Задната клупа се лизга и има наслон кој се навалува за максимум комфор
• Најголем багажник меѓу премиум конкурентите
• Удобно возење
• Одлични возни својства на терен (кај моделите со погон 4WD)
НЕДОСТАТОЦИ
• Третиот ред на седишта е скоро неупотреблив
• Послаб во кривините од премиум конкуренцијата
• Бучни дизели при забрзување
• Мултимедијалниот систем е далеку од дофат на раката, особено за пониските возачи


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Land Rover Discovery Sport  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mazda CX-5
 
Mazda CX-5
23980 - 37480
Audi Q3
 
Audi Q3
31808 - 46414
Jaguar F-Pace - 2018
 
Jaguar F-Pace - 2018
54900 - 118500
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум SUV компактни
 
Audi Q331808 €
Jaguar F-Pace - 201854900 €
Land Rover Range Rover Evoque38000 €
Lexus NX42500 €
Mazda CX-523980 €
Subaru XV26990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
ХИБРИДИ       ПРЕМИУМ - ХИБРИДИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Land Rover

www.landrover.com.mk

Импортер за Македонија
Маккар

Тел: 02 / 3 110 - 073

Адр: ул. Илинденска бр. 9

Работно време:  09:00 - 19:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Land Rover модели
Discovery Discovery Sport
Range Rover Range Rover Evoque
Range Rover Evoque Cabriolet Range Rover Sport
Range Rover Velar





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook