дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Mercedes-Benz > Mercedes-Benz C-Class > Краток опис за моделот
Mercedes-Benz C-Class Mercedes-Benz C-Class
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 33990
веќе од 566 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
6.8
Изглед
7
Перформанси
8
Возна динамика
7.7
Зад управувачот
7
Удобност
5.5
Простор и практичност
6
Квалитет и доверливост
7
Цена/Опрема
4
Трошоци за користење
7
Безбедност и сигурност
8.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Во сенка на конкуренцијата од Минхен

Потрагата по високата динамичност и спортско возење, нарави од C класата позабавен автомобил, но новиот модел и натаму не е удобен и рафиниран како што би барал еден купувач од Mercedes.


Навистина, во возење, се однесува како ниту една C – Class досега. Нема проблеми со брзи промени на правецот и агилно поминува низ свиоците, со многу мала доза на подуправливост. Сепак, ова е на сметка на удобноста, која, со оглед на класата, е на под просечно ниво и пренесува премногу вибрации во внатрешноста. Воздушната суспензија ги подобрува работите на ова поле, но чини многу пари. Слаба е и рафинираноста, особено при забрзување, кога моторите добро се одгласуваат во внатрешноста, а тоа особено важи за дизелите, кои звучат како од пред десетина години. И произведуваат многу вибрации. 

Работите се подобруваат кога ќе се влезе во внатрешноста. Простор има многу повеќе отколку кај претходникот, особено на задната клупа, па сега на подолгите патувања ќе можат да уживаат и повисоките патници (кај Airmatic моделите со воздушна суспензија, да не заборавиме). Багажникот брои мошне солидни 480 литри, што е во рамките на класата. Зад воланот, пак, ергономијата е на исклучително ниво, седењето е удобно, а управувањето со мултимедијалниот систем се чини најлесно од сите конкуренти. 
 
А онаму каде C – Class брилира е квалитетот на кабината. Сите материјали се исклучително меки и фини на допир, а изработката беспрекорна. Целиот амбиент оддава чувство на нешто скапо и луксузно, за нијанса подобро од конкурентите во класата. На тестовите за доверливост, најмалиот седан на Mercedes – Benz од претходната генерација не е на највисоките места, но треба да се почека за резултатите од новиот модел и да се види дали има подобрувања.
 
Моторизацијата кај нас ја сочинуваат два бензинци и еден дизел. Сите мотори нудат одлични перформанси и ниска потрошувачка, која изнесува 10 литри во град и 6,5 на отворено за бензинецот, односно 7 во град и 5,5 на отворено за дизелот. Цената е една од највисоките во класата, додека доплатите се безобразно големи. На пример, се доплаќа за поголем резервоар за гориво, а основниот, со 48 литри, е како кај градски автомобил! Добро е барем што опремата за безбедноста е на многу високо ниво.
 
Mercedes C – Class е исклучително квалитетен и простран автомобил од средната премиум класа, но тоа се отприлика главните позитивни карактеристики. Автомобилот не е доволно удобен за подолги патувања и има бучни и нерафинирани мотори, што особено важи за дизелот. Исто така, безобразно скапите доплати ја навредуваат интелигенцијата на купувачот. Нормално, кај сите се конкуренти доплаќа, но не и за поголем резервоар и поудобно возење... И покрај тоа што C – Class е понов модел, ќе кажеме уште тука, BMW 3 Series е подобриот автомобил.
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина
• Одлична ергономија
• Исклучителен квалитет на материјали
• Одлични динамички карактеристики
• Економични мотори
НЕДОСТАТОЦИ
• Неудобно возење
• Нерафинирани и бучни мотори
• Мал резервоар за гориво (48 литри)
• Скапи доплати


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Mercedes-Benz C-Class  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
BMW Серија 3
 
BMW Серија 3
31170 - 53160
Audi A4
 
Audi A4
31660 - 57921
Audi A5 Sportback
 
Audi A5 Sportback
38777 - 71417
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум седани
 
Alfa Romeo Giulia 201938800 €
Audi A431660 €
Audi A5 Sportback38777 €
BMW Серија 331170 €
Citroën DS529900 €
Lexus IS 38500 €
Peugeot 508 - 201933620 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Mercedes-Benz

www.mercedes-benz.mk

Импортер за Македонија
МакАутоСтар

Тел: 02 / 2 580 - 000

Адр: ул. Индустриска 2

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Mercedes-Benz модели
A-Class B-Class
C-Class C-Class Cabriolet
C-Class Coupe C-Class Estate
CLA CLA Shooting Brake
CLS CLS Shooting Brake
E-Class E-Class Cabriolet
E-Class Coupe E-Class Estate
G-Class GLA
GLA AMG GLC AMG
GLC Coupe GLC Coupé AMG
GLC SUV GLE AMG
GLE Coupe GLE Coupé AMG
GLE SUV GLS
GT AMG S-Class
S-Class Cabriolet S-Class Coupe
S-Class Sedan AMG SL
SLC SLS AMG
V-Class





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook