дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > BMW > BMW X3 > Краток опис за моделот
BMW X3 BMW X3
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од
веќе од € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

BMW X3 – Баварците ја пронајдоа формулата за одличен SUV автомобил

Првата генерација на BMW X3 беше исклучително популарен автомобил, од едноставна причина што беше компактен SUV со доволно добра понуда на простор и премиум беџ, на кој купувачите ќе продолжат да паѓаат. Сепак, тој автомобил беше далеку од импресивен и во многу работи беше поправен од втората генерација, која го продолжи успехот на пазарот, но повторно, не беше меѓу најдобрите во сегментот.


Третата генерација, која беше лансирана неодамна, се чини испегла доволно недостатоци од претходниците не само да биде конкурентен автомобил во класата, туку да се искачи и на самиот врв. Иако не е совршена, новата X3-ка има доволно квалитети за да биде високо препорачлива за секој купувач кој размислува за премиум возило од средната SUV класа.

Кабината нуди солидно ниво на простор и функционалност
Новата X3-ка порасна значително во димензиите во однос на првата генерација и сето тоа е пренесено во внатрешноста. Иако Audi Q5 е за некој сантиметар поширок внатре, во X3 патниците ќе се возат комфорно во сите насоки, со еден исклучок – третото место во средина на задната клупа не е најудобно поради големиот тунел во средината. Сепак, за 4-ца патници, X3 е вистински комфорен автомобил.
 
Особено голема пофалба заслужува и тоа што задната клупа може да се навали за уште подобар комфор – тука ќе може и квалитетно да дремнете. Исто така, задната клупа се дели по сооднос 40:20:40, што го олеснува организирањето на долги предмети, а кабината изобилува со места за одлагање ситници и пијалаци. Багажникот има 550 литри, што не е рекорд во класата, но според нас е сосем доволно за една фамилија.
 
Зголемен квалитет на материјалите во внатрешноста и подобрено чувство на луксуз
Во поглед на квалитетот на материјалите и изработката, BMW отсекогаш заостанувал зад Audi, Mercedes-Benz и Lexus. Не и новиот X3, кој конечно не делува евтино во ентериерот. Напротив, сите површини се облечени во мека пластика или кожа и во многу елементи, Х3 сега потсетува на поголемиот Х5, што е секако за пофалба.
 
За голема пофалба е и iDrive системот, кој може да се управува со контролер кај менувачот, што е најлесната опција, особено во движење, но овозможува и интеракција преку дисплејот на допир, како и со гестови на рацете во воздухот. Ние ова последното би го избегнале, бидејќи не функционира како што ветува производителот. Она што функционира е возачката позиција – сите команди се на дофат на рацете, седењето е удобно и комфорно, а прегледноста во сите насоки одлична!
 
Конечно удобно возење, придружено од одлични динамички возни својства
Скоро сите модели на BMW се „озлогласени“ за тврдото возење, но тоа за среќа конечно не важи кај X3. Да бидеме реални, суспензијата не ги голта перфектно сите нерамнини – Q5 со воздушна суспензија е и натаму најудобен модел во класата, но е доволно добра за да не заморува на долги патувања. Ова важи за сите типови на суспензија, освен онаа кај моделот M40i, која е претерано тврда за фамилијарните купувачи.
 
Динамиката во возењето на новиот X3 исто така е многу силна страна. Не е на нивото на Porsche Macan, но е доволно добра за да измами насмевка на лицето на возачот, а е придружена од прецизно и директно управување. Автоматските менувачи исто така се брзи и меко ги менуваат степените. Целосно гледано, возачкото искуство во новиот X3 е скоро совршено. Зошто скоро? Дизел моторот со четири цилиндри, кој е најчест избор на купувачите и натаму е прегласен и нерафиниран за еден премиум SUV, нешто што BMW конечно треба да го поправи.
 
Моторите овозможуваат одлични перформанси и ниска потрошувачка
Кој мотор кај Х3 и да го одберете, ќе добиете високи перформанси и релативно ниска потрошувачка. И покрај тоа што е побучен, наш избор е дизелот со 190 КС, кој спринта до стотка за 8 секунди, а троши околу 8,5-9 литри во град и околу 6,5 литри на отворено. Бензинецот со 184 КС е поевтин во старт и нуди слични перформанси (8,3 секунди до стотка), а троши респектабилни 10,5-11 литри во град и околу 7,5 литри на отворено.
 
За уживателите во возењето, BMW X3 се нуди и со помоќни дизели и бензинци со 6 цилиндри, кои добро ќе ве залепат за седиштето. Иако ќе трошат доста повеќе гориво од изведбите со четири цилиндри, тие се изненадувачки економични за толку моќни мотори, а овозможуваат многу позабавно возење и се генерално потивки.
 
Висока цена, но овој пат се чини е оправдана
BMW X3 уште во основниот модел нуди доволно опрема за просечниот купувач, но цената е прилично висока и особено многу се качува ако почнете да доплаќате за повисоките нивоа на опрема. Тогаш, X3 може да чини и повеќе од некои конкуренти од повисоката класа на SUV модели. Како и да е, доколку сте претпазливи со доплатите, во BMW X3 ќе најдете одличен сопатник. SUV моделот од Минхен нуди забава за возачот, удобност и комфор за патниците и простор и практичност за целата фамилија. Во моментов, ова е најдобриот модел во неговата класа.
ПРЕДНОСТИ
• Добар баланс меѓу возните својства и удобноста
• Пространа кабина за 4 возрасни патници
• Голем багажник и одлична практичност
• Покачен квалитет на материјалите во внатрешноста
• Штедливи и брзи мотори
• Одличен iDrive мултимедијален систем
НЕДОСТАТОЦИ
• Бучен 2,0 дизел мотор
• Малку простор за трет патник на задната клупа
• Висока цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за BMW X3  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Jaguar E-Pace - 2018
 
Jaguar E-Pace - 2018
37900 - 73400
Land Rover Range Rover Sport
 
Land Rover Range Rover Sport
86500 - 168000
Mercedes-Benz GLE SUV
 
Mercedes-Benz GLE SUV
66250 - 135380
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум SUV големи
 
Audi Q551622 €
Jaguar E-Pace - 201837900 €
Jeep Grand Cherokee51000 €
Land Rover Range Rover Sport86500 €
Lexus RX - 2016124500 €
Mercedes-Benz GLE SUV66250 €
Volkswagen Touareg - 201966647 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

BMW

www.bmw.com.mk

Импортер за Македонија
Маккар

Тел: 02 / 3096 - 600

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  09:00 - 19:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други BMW модели
M3 Sedan M4
M4 Convertible * M5 Sedan
M6 Cabrio M6 Coupe
M6 Gran Coupe X1
X2 X2 M
X3 X3 M
X4 X4 M
X5 X5 M
X6 Z4 Roadster
Серија 1 Серија 2 Convertible
Серија 2 Coupe Серија 3
Серија 3 - 2018 * Серија 3 Gran Turismo
Серија 3 Touring Серија 4 Coupe
Серија 4 Gran Coupe Серија 5
Серија 5 Gran Turisimo Серија 5 Touring
Серија 6 Cabrio Серија 6 Gran Coupe
Серија 7 - 2019





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook