дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Citroën > Citroën C1 > Краток опис за моделот
Citroën C1 Citroën C1
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 10490
веќе од 174 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Citroen C1: Возете низ градот со широка насмевка

Уште кога беа лансирани првите генерации на триото Citroen C1, Peugeot 107 и Toyota Aygo, ние ги нарековме најдобрите модели во класата, поради забавата во возењето која ја нудеа и задоволителната практичност, особено во тесните градски улички.


Сепак, во меѓувреме и конкуренцијата лансираше одлични мини автомобили и сега на тројката на PSA и Toyota ќе и биде многу потешко да исплива на врвот. Citroen C1, како и неговите браќа, има фанки стајлинг однадвор кој привлекува многу погледи од минувачите, има интересна кабина и многу ниска потрошувачка. Но, дали е тоа доволно за пиедесталот?

 
И двата мотори трошат многу малку гориво, а имаат задоволителни перформанси
Citroen C1 се нуди со два бензинци со три цилиндри, кои секако дека нема да понудат спортски перформанси, но се доволно моќни за градско возење. Поголемиот мотор може да се носи и со повисоки брзини на автопат, но тоа сопствениците веројатно ретко ќе го прават. И кај двата агрегати ни се допаѓа „рапавиот“ звук, кој одлично прилега на целиот карактер на возилото.
 
Благодарение на ниската маса на C1, моторите ќе ве наградат со многу ниска потрошувачка. Помалиот 1,0 троши 6,5 литри во град, додека на отворено изнесува 4,5-5 литри, зависно од тоа колку брзо возите. Поголемиот 1,2 мотор троши околу 0,5 литри повеќе, што не е премногу со однос на дополнителната сила која ја дава.
 
Кабината нема простор како конкурентите
Доколку сакате максимум простор во својот мини автомобил, Citroen C1 (па и Peugeot 108 и Toyota Aygo) не е најдобар избор. На предните и задните седишта има доволно простор, но само за пократки патувања. Како и да е, предните седишта се многу удобни, во манирите на вистински Citroen, па за двајца патници ќе биде комфорно и на подолг пат.
 
Онаму каде на C1 му фали најмногу простор е во багажникот – тој има само 168 литри, што е на дното од класата. Јасно е дека тој ќе биде доволен само за шопинг низ град, но не и за одење надвор од градот или на одмор. За тоа, конкурентите се малку подобри, но генерално, ќе треба да одите класа погоре.
 
Зад воланот пак немаме многу забелешки – командите се секогаш на дофат на раката, а седењето е прилично комфорно. Малку повисоките возачи сепак ќе нема да можат максимално да се испружат, но тоа е очекувано во толкав автомобил. Исто така, прегледноста во задниот дел е ограничена, но не е преголем проблем поради малите димензии на автомобилот.

Најлесен за возење во град, а доволно агилен и на кривулести патишта
Од друга страна, Citroen C1 има исклучително мали надворешни димензии, помали од директните конкуренти, а и многу мал круг на свртување. Ова го прави многу лесен за возење во градските гужви – заедно со агилното и прецизно управување во кривините, ова дефинитивно ќе предизвика насмевка на вашето лице. Навистина, ако сакате автомобил кој ќе биде најлесен за паркирање и возење во градските гужви, не гледајте подалеку.
 
Citroen C1 одлично се однесува и на повисоки брзини. Управувањето е течно и директно, а тркалата добро се лепат на подлогата. Високи оценки заслужува и целосната рафинираност на погонот и звучната изолација, како и удобноста, кои се одлични со оглед на тоа што се работи за мини автомобил. До 120-130 km/h, дефинитивно не би имале проблем да поминеме и повеќе километри. Нормално, на предните седишта.
 
Ниска цена и ниски трошоци за одржување
Citroen C1 е еден од најевтините мини автомобили кои можете да ги купите. Сепак, опремата во почетниот модел е прилично сиромашна и за добро опремен автомобил, ќе треба да доплатите околу 1.000 евра. Како и да е, покрај ниската потрошувачка, C1 ќе биде и многу евтин за одржување. Механиката е едноставна и трајна, а сервисите се поевтини отколку на поголемите автомобили. Дури и при надворешно оштетување, Citroen C1 ќе биде поевтин за поправка.
 
Според тоа, Citroen C1 е повторно одлично остварување на градски автомобил. Можеби нема простор во кабината како VW Up! и неговите близнаци, односно Hyundai i10, но малите надворешни димензии и младешкиот карактер сигурно ќе го направат неговото возење многу позабавно од тие автомобили. А ако сакате вашиот автомобил да ви овозможи забава, C1 е еден од најевтините начини да стигнете до тоа!
 
 
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | FEEL
  • ABS + REF + AFU системи за безбедно сопирање,
  • ESP системи за безбедно управување,
  • Воздушни перничиња за возач и совозач со можност за деактивирање на совозачкото,
  • Странични воздушни перничиња за возач и совозач,
  • Воздушни завеси,
  • LED дневни светла,
  • Isofix,
  • Мануелен клима уред,
  • Електрика на предни прозори,
  • Централно заклучување со далечинско,
  • Браници во боја на каросерија,
  • Радио MP3 со 4 звучници,USB,
  • Серво управувач,
  • Тркала 155/65 R14" со украсни капаци STAR,
  • Управувач прилагодлив по висина,
  • Предупредувачки сигнал за сигурносен појас,
  • Систем за контрола на притисокот на пневматиците,
  • Преден и заден браник во боја на каросерија,
  • Преклоплива задна клупа со наслони за глава,
  • Надворешни ретровизори во боја на каросерија,
  • Надворешни рачки на вратите во боја на каросерија,
  • Возачко седиште со висинска регулација,
  • Резервно тркало.
 
 
2-ро ниво | AIRSCAPE FEEL 
Содржи се што има FEEL, плус:
  • Надворешни ретровизори во боја на кров,
  • Обртомер,
  • USB box (без CD читач),
  • Платнен кров во црна боја.
ПРЕДНОСТИ
• Економични бензински мотори
• Одлични возни својства на повисоки брзини
• Задоволително ниво на удобност и рафинираност
• Одлична ергономија и удобни седишта
• Лесен за управување во град поради малите димензии
• Ниска цена и трошоци за одржување
НЕДОСТАТОЦИ
• Потесна задна клупа и помал багажник од директните конкуренти
• Прегледност во задниот дел


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Citroën C1  

zdravo sum zainteresiran za c1 1 m3 so 5 vrati
Напишан од besnik  пред  околу 5 месеци
me interesira kolku e nova citroen c1
Напишан од Snezana  пред  околу 33 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Up!
 
Volkswagen Up!
11062 - 13669
Toyota Aygo
 
Toyota Aygo
9990 - 93900
Škoda Citigo
 
Škoda Citigo
9150 - 11000
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мини автомобили
 
Fiat Panda9690 €
Fiat Panda 4x412900 €
Mitsubishi Space Star8690 €
Renault Twingo - 20189900 €
Škoda Citigo9150 €
Toyota Aygo9990 €
Volkswagen Up! 11062 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Citroën

www.citroen.com.mk

Импортер за Македонија
Автонова

Тел: 02 / 3093 - 001

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Citroën модели
Berlingo - 2019 Berlingo Furgon
Berlingo Multispace Berlingo VAN - 2019
C1 C3
C3 Aircross C4
C4 Cactus C4 Grand Picasso
C4 Picasso - 2014 C5
C5 Aircross - 2019 C-Elysee
DS3 DS4
DS5 Jumper
Jumper Combi Jumpy
Jumpy Multispace





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook