дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Peugeot > Peugeot 108 > Краток опис за моделот
Peugeot 108 Peugeot 108
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од
веќе од € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Peugeot 108: Снаодлив градски шармер

Уште кога беа лансирани првите генерации на триото Citroen C1, Peugeot 107 и Toyota Aygo, ние ги нарековме најдобрите модели во класата, поради забавата во возењето која ја нудеа и задоволителната практичност, особено во тесните градски улички.


Сепак, во меѓувреме и конкуренцијата лансираше одлични мини автомобили и сега на тројката на PSA и Toyota ќе и биде многу потешко да исплива на врвот. Peugeot 108, како и неговите браќа, има модерен, тренди стајлинг однадвор кој привлекува многу погледи од минувачите, има интересна кабина во која секогаш ќе се чувствувате младо и многу ниска потрошувачка. Но, дали е тоа доволно за пиедесталот?
 
И двата мотори влечат добро, а трошат многу малку гориво
Peugeot 108 се нуди со два бензинци со три цилиндри, кои секако дека нема да понудат спортски перформанси, но се доволно брзи за градско возење. Поголемиот мотор може да се носи и со повисоки брзини на автопат, бидејќи добро потегнува и над 120 km/h, но тоа сопствениците веројатно ретко ќе го прават. И кај двата агрегати ни се допаѓа „рапавиот“ звук, кој одлично прилега на целиот карактер на возилото и знае дури и да го подигне адреналинот.
 
Благодарение на ниската маса на возилото, моторите ќе ве наградат со многу ниска потрошувачка. Помалиот 1,0 троши 6,5 литри во град, додека на отворено изнесува 4,5-5 литри, зависно од тоа колку брзо возите. Поголемиот 1,2 мотор троши околу 0,5 литри повеќе, што не е премногу со однос на дополнителната сила која ја дава. Нашиот избор би бил на помалиот мотор поради пониската цена, но доколку сакате повисоки перформанси и 1,2 агрегатот ќе биде одлично решение.
 
Кабината има само „доволно простор“
Доколку сакате максимум простор во својот мини автомобил, Peuegot 108 (па и Citroen C1 и Toyota Aygo) не е најдобар избор. На задните седишта има доволно простор, но само за пократки патувања во град. Како и да е, предните седишта се многу удобни, па за двајца патници ќе биде комфорно и на подолг пат.
 
Онаму каде на C1 му фали најмногу простор е во багажникот – тој има само 168 литри, што е на дното од класата. Јасно е дека тој ќе биде доволен само за шопинг низ град, но не и за одење надвор од градот или на одмор. За тоа, конкурентите се малку подобри, но генерално, ќе треба да одите класа погоре за да имате доволно голем багажник за патувања.
 
Зад воланот пак немаме многу забелешки – командите се секогаш на дофат на раката, а седењето е прилично комфорно. Малку повисоките возачи сепак ќе нема да можат максимално да се испружат, но тоа е очекувано во толкав автомобил. Исто така, прегледноста во задниот дел е ограничена, но не е преголем проблем поради малите димензии на автомобилот.
 
Најлесен за возење во град, а доволно стабилен и на повисоки брзини
Од друга страна, Peugeot 108 има исклучително мали надворешни димензии, помали од директните конкуренти, а и многу мал круг на свртување. Ова го прави многу лесен за возење во градските гужви – заедно со агилното и прецизно управување во кривините, ова дефинитивно ќе предизвика насмевка на вашето лице. Навистина, ако сакате автомобил кој ќе биде најлесен за паркирање и возење во градските гужви, не гледајте подалеку.
 
Peugeot 108 одлично се однесува и на повисоки брзини. Управувањето е течно и директно, а тркалата добро се лепат на подлогата. Високи оценки заслужува и целосната рафинираност на погонот и звучната изолација, како и удобноста, кои се одлични со оглед на тоа што се работи за мини автомобил. До 120-130 km/h, дефинитивно не би имале проблем да поминеме и повеќе километри. Нормално, на предните седишта.
 
Ниска цена и евтино одржување
Peugeot 108 е еден од најевтините мини автомобили кои можете да ги купите. Сепак, опремата во почетниот модел е прилично сиромашна и за добро опремен автомобил, ќе треба да доплатите околу 1.000 евра. Како и да е, покрај ниската потрошувачка, 108 ќе биде и многу евтин за одржување. Механиката е едноставна и трајна, а сервисите се поевтини отколку на поголемите автомобили. Дури и при надворешно оштетување, 108 ќе биде поевтин за поправка од конкурентите, а за „мирен сон“, тука е и одличниот сервис на Euroimpex, каде неретко може да наидете и на промотивни сервиси.
 
Според тоа, Peugeot 108 е повторно одлично остварување на градски автомобил. Можеби нема простор во кабината како VW Up! и неговите близнаци, односно Hyundai i10, но малите надворешни димензии и младешкиот карактер сигурно ќе го направат неговото возење многу позабавно од тие автомобили. А ако сакате вашиот автомобил да ви измами насмевка, 108 е еден од најевтините начини да стигнете до тоа!
 
ПРЕДНОСТИ
• Економични бензински мотори
• Одлични возни својства на повисоки брзини
• Задоволително ниво на удобност и рафинираност
• Одлична ергономија и удобни седишта
• Лесен за управување во град поради малите димензии
• Ниска цена и трошоци за одржување
НЕДОСТАТОЦИ
• Потесна задна клупа и помал багажник од директните конкуренти
• Прегледност во задниот дел


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Peugeot 108  

mnogu sakam takva kola
Напишан од andrej  пред  околу 27 месеци
ne
Напишан од ne  пред  околу 60 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Up!
 
Volkswagen Up!
11062 - 13669
Mitsubishi Space Star
 
Mitsubishi Space Star
8690 - 10990
Toyota Aygo
 
Toyota Aygo
9990 - 93900
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мини автомобили
 
Citroën C110490 €
Fiat Panda9690 €
Fiat Panda 4x412900 €
Mitsubishi Space Star8690 €
Renault Twingo - 20189900 €
Škoda Citigo9150 €
Toyota Aygo9990 €
Volkswagen Up! 11062 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Peugeot

www.peugeot.com.mk

Импортер за Македонија
Еуроимпекс

Тел: 02 / 3 111 - 000

Адр: Ул. Трета Македонска бригада бр. 72

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Peugeot модели
108 2008
208 208 GTi
3008 301
308 308 GTi
308 SW 5008 - 2018
508 508 - 2019
508 RXH 508 SW
Boxer Expert
Expert Tepee Partner
Partner Tepee Rifter - 2018
Traveller - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook