дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Nissan > Nissan X-Trail > Краток опис за моделот
Nissan X-Trail Nissan X-Trail
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 29990
веќе од 499 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Комфорен SUV

Денешните урбани теренци, таканаречени SUV, имаат за цел да му понудат на купувачот повисоко ниво на функционалност и можност за полесно поминување преку градските препреки, како на пример тротоарите.


Сепак, има и такви кои не само што нудат полесно поминување на препреките, туку пренесуваат и од својата теренска ДНК, како на пример Nissan X-Trail. Но, дали јапонскиот SUV е добар и на асфалт? Бидејќи, да бидеме реални, купувачите во оваа класа бараат да се однесува добро токму таму и скоро 95% од нив никогаш не ги испробуваат неговите теренски возни својства. Па, дали X-Trail испорачува?
 
Кабината има многу простор, но само ако ги одбегнете моделите со панорамски покрив
Nissan X-Trail е еден од најголемите SUV-а во својата класа и тоа најдобро се покажува во внатрешноста. Тука има доволно простор и на предните седишта и на втората клупа, иако третиот ред на седишта е само за мали деца. Сепак, моделите со панорамски покрив јадат на простор за главата, особено на втората клупа и препорачуваме да се избегнат.
 
Како и да е, X-Trail може да се пофали со одлична флексибилност – задната клупа се лизга напред-назад за да се ослободи простор за патниците во третиот ред или багажникот, а исто така се навалуваат наслоните во сооднос 60:40. Со спуштањето на седиштата се добива и целосно рамен под за товарање, додека багажникот со пет кренати седишта брои солидни 550 литри, кои се помалку од директните конкуренти како Peugeot 5008 и Skoda Kodiaq, но се чини доволни за една фамилија.
 
Комфорна возачка позиција со добар поглед напред, но лош мултимедијален систем
Ако го сакате последниот крик на технологијата, одберете го Peugeot 5008. Nissan X-Trail има мултимедијален систем со 7 инчен дисплеј на допир, кој ниту има добра графика, ниту е доволно брз, ниту има добар кориснички интерфејс. Воедно, не поддржува Apple CarPlay и Android Auto.
 
Од друга страна, немаме забелешка на останатите команди, кои се големи и читливи, а и возачката позиција е висока и овозможува добар поглед напред. Прегледноста назад е сепак ограничена и препорачуваме доплата за камера за возење назад.
 
Квалитетот на кабината пак е само просечен – пластиката во горниот дел е мека на допир, но тврда во долниот. Целосно, ентериерот не остава „премиум“ впечаток како оној во Peugeot 5008 и е само рамо до рамо со поевтиниот Skoda Kodiaq.
 
Конкуренцијата е и подинамична и поудобна
X-Trail има многу меко подесена суспензија, но тоа не значи дека автомобилот е удобен. При поминувањето преку поголемите дупки, вибрациите се чувствуваат и неколку секунди после ударот во ентериерот, а на пат со кривини телата на патниците ќе шетаат премногу лево-десно. При многу бавно возење, ваквата подесеност на суспензијата можеби го прави патувањето лежерно, но дефинитивно не одговара на автомобил наменет за кривулестите европски (и македонски) патишта.
 
Очекувано, динамиката во возењето е исто така слаба – не очекувајте во X-Trail да се чусвтвувате особено сигурни кога ќе возите по кривините – Peugeot 5008 и Skoda Kodiaq се многу подобри тука. Едноставно, X-Trail на асфалт вози како теренците од минатото – не сака да го брзате. Кога сме кај возењето на терен, моделите со 4х4 погон се мошне солидни. Моторите исто така не се особено тивки, а тоа особено важи за дизелите, кои значително се слушаат при забрзување. За среќа, на отворен пат бучавата се намалува и патниците ќе можат да зборуваат и на повисоки брзини.
 
Дизел моторите се солидни, но конкурентите се побрзи и трошат помалку
Ако купувате X-Trail, исклучиво одберете дизел. Наш избор паѓа на помалиот 1,6 со 130 КС, кој можеби нема којзнае какви перформанси, но е доволно брз за да одржите високо темпо на автопат и повеќе одговара на лежерниот карактер на возење на X-Trail. Воедно, тој мотор троши помалку, но и двата трошат повеќе од истите агрегати во 5008 и Kodiaq – помалиот дизел троши преку 8 литри во град и преку 6 литри на отворено.
 
Со тој податок лесно е да се заклучи дека X-Trail дефинитивно делува застарено во однос на помодерните конкуренти со 7 седишта. Јапонскиот SUV реално нема ниту еден особено голем квалитет – Peugeot 5008 е подобар во скоро секој аспект и е многу подобро место за подолги патувања. Воедно, францускиот SUV троши помалку и има многу поквалитетна внатрешност. Од другата страна, Skoda Kodiaq пак е поевтин и има повеќе простор внатре, а вози многу подинамично во кривините. 
 
 
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | VISIA 
 
  • ABS (Anti-lock Brake System) Систем против блокирање на тркалата
  • EBD (Electronik Brake Force Distribution) Електронски регулатор на силата на сопирање
  • ESP (Електронска контола на стабилност на возилото)
  • Сигурносни предни воздушни перничиња(возач и совозач)
  • Сигурносно странично воздушно перниче (возач и совозач)
  • Сигурносни воздушни завеси
  • Можност за исклучување на совозачкото воздушно перниче
  • Два сигурносни појаси во три точки напред и три појаси во 3 точки позади
  • Ограничувач на силата на затегнување на предните појаси
  • По висина подесиви сигурносни појаси
  • ISOFIX држачи за детски седишта
  • Nissan Chassis Control (Nissan-ов систем за контрола на шасија)
  • Клима уред
  • Радио CD MP3, приклучок USB, AUX и DAB функција
  • 4 звучници
  • Bluetooth
  • Мерач на надворешната температура
  • Дигитален часовник
  • Серво управувач подесуван по висина и длабочина
  • Команди за радио, патен компјутер, темпомат и Bluetooth на управувач
  • Електрична контрола на стаклата напред и назад
  • Осветлен багажен простор
  • Огледала во штитници од сонце
  • Осветлен багажен простор
  • Џепови на задниот дел од возачкото и совозачкото седиште
  • 12 V приклучок
  • Централна конзола со место за чаша
  • По висина подесиви наслони за глава напред (2) и назад (3)
  • Возачко седиште подесиво по висина
  • Делива и лизгачка задна клупа
  • Преден наслон за раце
  • Преградна плоча во багажниот простор
  • Наслон за раце на задната клупа со прегради за чаши
  • Задни светла за магла
  • Follow me home функција на светлата
  • Алуминиумски фелни 17”
  • Димензии на гуми 225/65 R17
  • Хромирани надворешни рачки на вратите
  • Електрично подесиви ретровизори со функција на греење и интегриран
  • покажувач на смерот
  • LED дневни светла
  • Украсни хромирани лајсни околу прозорците
  • Халогенски предни светла
  • Имобилизатор
  • Далинско централно заклучување
  • Темпомат
  • Ограничувач на брзина
  • Помош при тргнување по нагорнина (Hill Start Assist)
  • Инструмент табла со 5” TFT екран во боја
  • Електронска паркинг сопирачка
  • Систем за мерење на притисок на пневматици
  • (Tyre Pressure Monitoring System)
  • Stop/Start систем
  • Резервно тркало
  • Индикатор за промена на брзина

 

 
2-ро ниво | ACENTA 
Содржи се што има VISIA, плус:
  • Управувач обложен со кожа и рачка на менувачот
  • 6 звучници
  • Автоматски двозонски клима уред
  • Лумбална потпора на возачкото седиште
  • Затемнети задни стакла
  • Внатрешен ретровизор со опција на самозатемнување
  • Подесување на совозачкото седиште по висина
  • Предни светла за магла
  • Електрично преклопување на надворешните ретровизори
  • Предни и задни паркинг сензори
  • Електронска контрола на погонот - ALL MODE систем 4x4 (за модели со
  • опција со погон 4x4)
  • Автоматско палење на светлата
  • Сензори за дожд

 

3-то ниво | N-CONNECTA 
Содржи се што има ACENTA, плус:
  • Навигација Nissan Connect со 7” екран осетлив на допир
  • Должни кровни носачи
  • 18” алуминиумски фелни
  • Димензии 225/60 R18
  • “Shark” антена
  • Автоматско работење на долги светла
  • Систем за предупредување при ненамерно напуштање на
  • сообраќајната лента
  • Систем за избегнување на фронтален судир
  • Систем за препознавање на сообраќајни знаци
  • Интелигентен клуч со stop/start функција
  • Електрично отворање на вратата на багажникот
  • Around View Monitor (систем со 4 камери со приказ од 360 степени околу возилото)
  • Систем за препознавање на објекти во движење

 

4-то ниво  | TEKNА 
Содржи се што има N-CONNECTA, плус:
  • Седишта обложени со кожа
  • Греачи на преднни и задни седишта
  • Електрично подесување на возачкото седиште во 4 смера
  • Електрично подесување на совозачко седиште во 2 смера
  • Надворешен изглед
  • LED предни светла со AFS систем9
  • 19” алуминиумски фелни
  • Димензии на гумите 225/55 R19
  • Електричен стаклен кров
  • Електричен стаклен кров
  • Премиум Bose® аудио систем со 8 звучници, вуфер и дигитално појачување (само на верзии со 5 седишта)
  • Интелигентен систем за паркирање
  • Систем за предупредување на возило во мртов агол
  • Систем за предупредување на возило од страна за време на возење наназад
  • Систем за одржување на вниманието на возачот
 
ПРЕДНОСТИ
• Солиден на терен
• Простор и на предните и на задните седишта
• Висока возачка позиција со добар поглед напред
• Добро поставени команди
• Флексибилни седишта – функционалноста е на високо ниво
НЕДОСТАТОЦИ
• Ни доволно удобен ни доволно динамичен
• Гласни и нерафинирани дизел мотори
• Моделите со панорамски покрив имаат помалку простор за главата
• Внатрешноста не оддава премиум чувство
• Повисока потрошувачка во однос на директните конкуренти


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Nissan X-Trail  

ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 55 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 55 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Škoda Kodiaq - 2018
 
Škoda Kodiaq - 2018
24170 - 39850
Nissan X-Trail
 
Nissan X-Trail
29990 - 47300
Honda CR-V - 2018
 
Honda CR-V - 2018
37990 - 48990
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV големи
 
Honda CR-V - 201837990 €
Hyundai Grand Santa Fe37230 €
Hyundai Santa Fe - 201855555 €
KIA Sorento37650 €
Mitsubishi Outlander31980 €
Peugeot 5008 - 201825490 €
Škoda Kodiaq - 201824170 €
Subaru Outback49900 €
Toyota RAV4 - 201930990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Nissan

www.nissan.mk

Импортер за Македонија
Аутомотив Груп - Nissan

Тел: 02 / 2 727 - 222

Адр: ул. Скупи ББ

Работно време:  09:00 - 17:00
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Nissan модели
Juke Micra
Navara Qashqai
X-Trail





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook