дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > MINI > MINI Cooper > Краток опис за моделот
MINI Cooper MINI Cooper
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од
веќе од € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Mini Cooper: Многу мангуплук и супериорно возачко доживување

По релансирањето на брендот пред повеќе од една деценија, Mini стана синоним за забава во возењето и за возило наменето за купувачи кои имаат висок стил. Многу работи не се променети уште од првиот модел – автомобилот е сега поголем однадвор, но го има скоро истиот изглед, а истото важи и за „ретро“ ентериерот.


Од Mini нагласуваат дека најновиот модел има и повеќе простор во ентериерот, но реално, на Mini му требаше многу повеќе простор. Па, дали со последните промени Mini е доволно добар за да се спротивстави на конкуренти од калибарот на DS3 и Audi A1?

 
И натаму супер забавен за мини градски трки
Ако сакате автомобил кој ќе биде забавен во „прва, втора, трета“ и кој ќе вози како картинг во кривините, не барајте понатаму – Mini Cooper е најдобриот избор. Можеби му фали стабилноста која ја има Audi A1, но Mini Cooper е дефинитивно попрецизен и со него ќе можете повеќе да си играте.
 
На сето ова се придружуваат и моторите. Да бидеме искрени, него и не му одговараат дизелите, иако имаат многу ниска потрошувачка (под 6 литри во град), а и основниот 1,2 бензинец не е доволно брз за да измами насмевка на лицето. Нашиот избор паѓа на 1,5 литарскиот турбо бензинец, кој добро ќе ве залепи за седиштето, а троши околу 8,5 литри гориво во град. Ќе заборавевме – вади и многу шармантен звук, бидејќи има само три цилиндри. Не размислувајте за друг мотор.
 
Од друга страна, ако сакате удобен и тивок автомобил можеби треба да размислите за некој целосно друг модел. Моторите кај Mini се тивки, но на автопат има премногу звук од ветерот, додека суспензијата потскокнува на градските дупки. Очигледно, ова е автомобил направен пред се за забава.
 
Тесна внатрешност и многу, многу мал багажник
На предните седишта во Mini е прилично комфорно, но само ако не сте повисоки од 1,9 метри. Да, во Mini е дури и напред тесно. Воедно, средната конзола е вистински хаос и бара долго време за навикнување – има премногу копчиња. Доплатете за мултимедијалниот систем со 6,5 инчен дисплеј – тој се управува со вртлив контролер и генерално ја олеснува работата, иако конкурентите имаат подобри системи од овој.
 
Ако напред пак седне малку повисока личност, назад патниците ќе треба да направат гимнастика за воопшто да можат да се сместат. Тука не би сакале да патувате надвор од градот. Како шлаг на тортата, багажникот има само 211 литри – околу 100-тина литри од конкурентите во сегментот. Навистина, ако планирате да го користите автомобилот за превоз на патници или на багаж, избегнете го Mini.
 
Кај Mini Cooper разочарува и понискиот квалитет на материјалите и изработката во кабината. Ова е сепак премиум модел и очекувавме дека ќе понуди барем малку полуксузно чувство во внатрешноста.
 
Висока цена, но персонализација на која никој не е рамен
За трендсетерите, кои автомобилот сакаат да го направат по свој вкус, Mini е најдобриот избор. На британскиот бренд скоро секоја година му текнуваат различни начини како можете да го направите својот автомобил единствен – конкурентите засега можат само да ги следат. Но, мора да се напомене дека ако имате планови за многу персонализација, цената на автомобилот може драматично да порасне.
 
Воедно, стартната цена е исто така висока – мора да сте навистина спремни да платите толку многу пари за толку мал автомобил, кој освен што ќе биде тренди и забавен за возење, нема да има скоро никаква друга функционалност.
 
Што не значи дека не го препорачуваме. Толку забава и стил во моментов ретко кој друг конкурент може да понуди. Ако купувате со срцето и нас ни е тешко да ни текне некој друг автомобил со кој ќе ве премислиме. Mini Cooper можеби не е практичен, но и тоа како привлечен и забавен!
ПРЕДНОСТИ
• Исклучително динамичен во кривините – вози како картинг
• Директно и прецизно управување
• Моќни и многу штедливи мотори
• Најмногу можности за персонализација во класата
НЕДОСТАТОЦИ
• Тесна внатрешност и мал багажник
• Потскокнување на нерамнини
• Висока цена
• Не е за лабаво секојдневно возење низ град


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за MINI Cooper  

OVA NOSI MOTOR OD BMW
Напишан од OVA NOSI MOTOR OD BMW  пред  околу 65 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
 
-
 
-
 
-
 
Најпопуларни автомобили
 
 
 
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

MINI

www.mini.com.mk

Импортер за Македонија
Маккар

Тел: 02 / 3096 - 511

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  09:00 - 19:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други MINI модели
Clubman Cooper
Cooper Convertible Cooper Coupe
Cooper John Cooper Works Countryman
Paceman Roadster





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook