дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Nissan > Nissan Qashqai > Краток опис за моделот
Nissan Qashqai Nissan Qashqai
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 21590
веќе од 359 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.6
Изглед
5.5
Перформанси
5
Возна динамика
5.3
Зад управувачот
4.7
Удобност
5
Простор и практичност
6
Квалитет и доверливост
6
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
5.3
Безбедност и сигурност
8
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Повторно при врвот од класата

Претходниот Qashqai толку добро го имаше доловено поимот урбан кросовер, што буквално направи бум на пазарот и го врати Nissan на вистинските патеки во Европа. Новиот модел не е перфектен, но и натаму треба да биде при самиот врв на листата кога се бира нов ваков автомобил од класата.


Прва причина, особено за помладите купувачи, се возните својства. Qashqai не е најдинамичниот во класата, но е многу близу до најдобрите, а има и прецизно управување и солидни менувачи. Возењето е малку потврдо, но само при пониски брзини во град. Рафинираноста е пак на највисоко ниво и моторите работат скоро без вибрации и се добро пригушени. Дури и при повисоки брзини, не се слуша толку многу звук од воздухот и тркалата како кај другите SUV од класата.

Во поглед на перформансите, пак, основниот бензинец и дизел се флексибилни, но се чини недоволно силни за излети надвор од градот, па доколку се патува почесто надвор, препорака е посилниот дизел.

Внатрешноста е одлично организирана и нуди доволно простор и на предните и на задните седишта, со доволно простор за одлагање ситници и солиден багажник од 430 литри. Зад воланот, седењето е ергономско и командите се одлично распоредени, иако прегледноста не е на високо ниво, дури и во предниот дел. 

Ценовно, Qashqai не е најевтиниот модел во класата, но нуди солидна опрема уште во основниот модел. Исто така, претходникот добро се покажа на тестовите за доверливост, а кабината е квалитетна и добро изработена. Потрошувачката кај сите мотори е на многу ниско ниво, што е и логично, бидејќи турбо бензинецот има зафатнина од 1.2 литри и 115 КС (8,5 во град, 9,5 со агресивно возење, 6 на отворено), додека дизелот е 1.5 dCi од Renault со 110 КС (8 во град, 8,5 со агресивно возење, 5,5 на отворено). Посилниот дизел троши околу половина литар повеќе.

Доколку прочитавте се што е напишано погоре, јасно е дека Qashqai е автомобил кој нема премногу маани и е целосен пакет. Конкуренцијата сега е посилна од порано, но Qashqai и натаму добро се држи. Доколку не пречи малку потврдото возење и нешто послабата моторизација, високо препорачано!

 

НИВО НА ОПРЕМА

 

1-во ниво | VISIA 

  • ABS (Систем против блокирање на тркалата)
  • EBD (Електричен регулатор на силата на кочење)
  • ESP (Електронска контрола на стабилност на возилото)
  • NBAS (Зајакнување на силата на сопирање во итен случај)
  • Сигурносни предни и странични воздушни перничиња (возач и совозач)
  • Сигурносни завеси (возач и совозач)
  • Можност за исклучување на совозачкото воздушно перниче
  • Два 3-точковни појаси напред и назад
  • Ограничувач на силата на затегнување на предните појаси
  • По висина подесиви сигурносни појаси
  • ISOFIX држачи за детски седишта
  • Nissan интелигентен надзор на шасија: Active Ride control, Active Trace control
  • Резервно тркало
  • Функција Autohold (помош при стационарно возило со вклучен мотор - само со рачен менувач)
  • Клима уред
  • Филтер против прав
  • Радио со CD, МП3 читач
  • Приклучок за USB, AUX
  • DAB дигитален радио прием со 4 звучници
  • Bluetooth handsfree систем
  • Мерач на надворешна температура
  • Дигитален часовник
  • Серво управувач подесуван по висина и длабочина
  • Команди за радио, патен компјутер, темпомат и Bluetooth на управувач
  • Електрична контрола на стаклата напред и назад
  • Осветлен багажен простор
  • Огледала (штитници од сонце)
  • 12 V приклучок напред
  • Централна конзола со 2 држачи за раце
  • По висина подесиви потпирачи за глава напред (2) и назад (3)
  • Возачко седиште подесиво по висина
  • Деллив преклоплив наслон на задната клупа (60:40)
  • Преден наслон за рака
  • Седишта обложени со црна ткаенина
  • Внатрешни кровни облоги во светло сива боја
  • Декори на вратите и предни плочи во црна боја
  • Челични фелни 16” со украсни поклопци
  • Димензии на гуми 215/65 R16
  • Преден и заден браник во боја на каросерија
  • Заштитна пластика околу возилото
  • Рачки на вратите во боја на каросерија
  • Електрично подесиви ретровизори со функција на греење, во боја на
  • каросерија, рачно преклопливи со LED покажувачи на смерот
  • Нови LED предни дневни светла со светлосив потпис
  • Задни светла со LED потпис со 3D ефект
  • Халогенски предни светла
  • Украсни хромирани лајсни околу прозорците
  • Црни B и C столбови
  • Имобилизатор
  • Далечинско централно заклучување на вратите и подигнување на прозорците
  • Темпомат
  • Лимитатор на брзината
  • Помош при тргнување по нагорнина (Hill Start Assist)
  • Патен компјутер со TFT 5” екран во боја
  • Електронска рачна сопирачка
  • Систем за мерење на притисок на пневматици (Tyre Pressure Monitoring System)
  • STOP/START систем на работа на моторот
  • Елетронска контрола - ALL MODE систем 4x4 (освен 2WD) 

 

2-ро ниво | АCENTA 
Содржи се што има VISIA, плус:

  • Двозонски автоматски клима уред
  • Управувач обложен со кожа
  • Осветлување во касета пред совозач
  • Кожна рака на менувачот
  • 6 звучници
  • Лумбално подесување на седиштето на возачот и совозачот
  • Џепови на заден дел од возачко и совозачко седиште
  • Осветлување на кабина на задната клупа
  • Наслон за раце на задната клупа со држачи за чаши
  • Модуларен под на багажникот
  • Декори на вратите и предната плоча во црна лак боја
  • Совозачко седиште подесиво по висина
  • Амбиентално осветлување на ентериерот
  • Хромирани внатрешни рачки на вратите
  • Надворешен изглед
  • 17” алуминиумски фелни
  • Димензии на гуми 215/60 R17
  • Предни магленки
  • Електрично преклопливи надворешни ретровизори
  • Автоматско вклучување на светлата
  • Сензори за дожд

 

3-то ниво | N-CONNECTA 
Содржи се што има ACENTA, плус:

  • 18” алуминиумски фелни
  • Димензии на гуми 215/55 R18
  • Сребрени лајсни на преден и заден браник
  • Shark антена
  • Затемнети задни прозори и прозор на вратите од багажникот
  • Црни B и C столбови
  • Декори на врати и предна плоча во 3D мат сребрена боја
  • Предни спортски седишта
  • Интелигентен клуч - систем за отклучување на возилото и за вклучување на моторот без употреба на клучот со START/STOP копче
  • Nissan Connect мултимедијален навигациски систем со 7” екран
  • чуствителен на допир во боја
  • 360 Around View Monitor (систем за 4 камери за паркирање)
  • Автоматско нужно сопирање (функција на препознавање на пешаци)
  • Препознавање на сообраќајни знаци
  • Систем за предупредување при ненамерно напуштање на возната лента
  • Предни и задни паркинг сензори
  • Автоматско вклучување / исклучување на долги светла

 

4-то ниво | TEKNA
Содржи се што има N-CONNECT, плус:

  • Седишта обложени во комбинација со кожа/ткаенина
  • Електрично греење на предни седишта
  • Електрично подесување на седиштата на возачот
  • Должни кровни носачи во сребрена бојa
  • 19” алуминиумски фелни
  • Димензии на гуми 225/45 R19

 

5-то ниво | TEKNA PLUS
Содржи се што има TEKNA, плус:

  • Надворешни ретровизори со меморија и функција за возење назад
  • Седишта обложени со Nappa кожа (делови на задната клупа со имитација на кожа)
  • Електрично подесување на седиштето на совозачот
  • Меморирање на положбата на седење на возачот
  • Електрично подесување на лумбалниот дел на седиштето за совозачот
  • Внатрешни кровни облоги во црна боја
  • Панорамски стаклен црн кров
  • Поклопци на надворешните ретровизори во премиум сребрена црна боја
  • Кровни носачи во премиум сребрена боја
  • Систем за предупредување на возило во мртов агол
  • Систем за препознавање на објекти во движење при возење назад
  • Систем за одржување на свесноста / будноста на вниманието на возачот
  • Интелигентен систем за паркирање
ПРЕДНОСТИ
• Солидни возни својства
• Пространа кабина и солиден багажник
• Извонредна рафинираност
• Економични мотори
НЕДОСТАТОЦИ
• Нешто потврдо возење при пониски брзини
• Слаб основен дизел
• Лоша прегледност


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Nissan Qashqai  

ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 50 месеци
ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 50 месеци
ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 50 месеци
ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 50 месеци
ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 50 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Nissan Qashqai
 
Nissan Qashqai
21590 - 36590
Ford Kuga MCA
 
Ford Kuga MCA
23300 - 48300
Seat Ateca - 2017
 
Seat Ateca - 2017
20041 - 34730
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV Компактни
 
Citroën C5 Aircross - 201921990 €
Ford Kuga MCA23300 €
Great Wall Hover H5 12034 €
Hyundai Tucson17777 €
Hyundai Tuscon - 201818990 €
Jeep Compass - 201725000 €
Jeep Renegade23000 €
KIA Sportage - 201716950 €
Mitsubishi Eclipse Cross23980 €
Opel Grandland X - 201823525 €
Peugeot 300822490 €
Renault Koleos - 201734500 €
Seat Ateca - 201720041 €
Ssang Yong Korando17200 €
Volkswagen Tiguan30443 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Nissan

www.nissan.mk

Импортер за Македонија
Аутомотив Груп - Nissan

Тел: 02 / 2 727 - 222

Адр: ул. Скупи ББ

Работно време:  09:00 - 17:00
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Nissan модели
Juke Micra
Navara Qashqai
X-Trail





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook