дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Jeep > Jeep Cherokee > Краток опис за моделот
Jeep Cherokee Jeep Cherokee
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 42500
веќе од 708 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Jeep Cherokee: Извонреден на терен, но ограничен како фамилијарен SUV автомобил

Jeep се чини како да се специјализира за автомобили наменети за возење на терен. Нивниот модел Cherokee, кој треба да е најпопуларен во гамата, нуди високо ниво на технологија наменета за возење надвор од патот, но а прилично ограничен во другите сегменти.


Иако во класата реално нема вистински директни конкуренти, бидејќи ниту еден од нив не е толку добар на терен, невозможно е да не се спореди со нив, особено поради тоа што има многу висока цена, со која навлегува во премиум сегментот.
 
Премногу мал багажник со оглед на големите надворешни димензии
Најголемото разочарување за купувачите е багажникот. Лесно е да се претпостави дека скоро сите кои сакаат SUV поголем од 4,5 метри, сакаат и голем багажник. Со 412 литри, тој во Cherokee не е воопшто голем. Всушност, помал е од багажниците на многу компактни теренци, кои се и до 30 сантиметри помали однадвор.
 
За просторот во кабината нема забелешки, а и задната клупа се лизга напред-назад за да се ослободи место во багажникот, но тогаш драматично се намалува простор за колената назад. Севкупно, ова е прилично ограничен SUV во поглед на практичноста, особено споредено со другите конкуренти во класата, кои нудат и поголем багажник и повеќе простор и подобра практичност.
 
Ентериерот не делува воопшто премиум, иако цената е таква
Возачката позиција во новиот Cherokee е одлична за оние кои сакаат од високо да гледаат на патот. Прегледноста е одлична во сите правци, особено напред, а ни се допаѓа и поставеноста на командите на централната конзола. Мултимедијалниот систем, кој во поевтините модели има 5 инчен дисплеј, а во поскапите 8,4 инчен е лесен за користење благодарение на големите икони, но графиката е многу послаба од таа на премиум конкурентите.
 
Најмногу од се во ентериерот на Cherokee пречи недоволно високиот квалитет на материјалите. Цената на Cherokee, а особено тоа што се работи за премиум модел од Jeep најавуваат дека патниците во кабината ќе бидат пречекани од поквалитетни материјали, но тоа тука едноставно не е случај. Секој премиум конкурент ќе понуди полуксузна внатрешност.
 
Удобен, но бучен на асфалт, шампион на терен
Доколку се одлучите за модел со погон на сите четири тркала, ќе го добиете најдобриот автомобил за возење на терен во класата. Cherokee лесно се снаоѓа и со потешки терени, а особено ни се допаѓа што на централната конзола има селектор на модул за возење, било дали се работи за снег, кал и сл., што на возачот драматично му ја олеснува задачата.
 
Како и да не, на асфалт Cherokee не е толку добар како премиум конкурентите како BMW X3, Audi Q5, Lexus NX и Alfa Romeo Stelvio. Динамиката е послаба и телото се навалува малку повеќе во кривините, а и дизел моторите не се особено брзи. Исто така, тие се многу бучни при забрзување, а звук има и од ветерот и гумите на повисоки брзини.
 
Од друга страна, немаме забелешки на удобноста – Cherokee одлично ги впива дупките, а на релаксираното возење одлично одговара и автоматскиот менувач со 9 степени, кој меко ги менува степените и е препорачлив, бидејќи мануелниот е прилично тврд и недоволно прецизен.
 
Моторите се генерално економични, но цената е премногу висока
Кај Cherokee ги препорачуваме исклучиво дизелските мотори, бидејќи бензинците трошат премногу гориво. Меѓу двата агрегати кои се нудат на нашиот пазар, го препорачуваме помоќниот со 170 КС и со автоматски менувач, кој троши околу 9,5-10 литри во град и 7 литри на отворено.
 
Како и да е, невозможно е да се оправда високата цена на Cherokee, и покрај тоа што основната опрема е многу богата и вклучува цел сет на активни контроли за безбедноста. Според нас, американскиот SUV не нуди особена причина да платите многу повеќе пари отколку што би платиле за RAV4 Hybrid или пак Mazda CX-5, односно дури во многу сегменти делува како „помалку премиум“ од нив. Разликите се особено големи кога ќе се спореди со премиум конкурентите, кои чинат скоро исто како Cherokee. 
 
Според тоа, како и со Jeep Compass, овој модел би го препорачале само на авантуристите кои својот автомобил често ќе го носат надвор од патот. Настрана од тоа, Cherokee има недоволно голем багажник, премногу гласни мотори и внатрешност која не оддава премиум впечаток како што најавува цената.
ПРЕДНОСТИ
• Одлични возни својства на терен
• Удобно возење на асфалт
• Мек и брз 9 степен автоматски менувач
• Релативно штедливи дизел мотори
• Одлична возачка позиција
• Простор во кабината
НЕДОСТАТОЦИ
• Премал багажник – 412 литри се убедливо најмалку во класата
• Бучни и нерафинирани дизел мотори
• Внатрешноста не делува воопшто премиум
• Висока цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Jeep Cherokee  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Lada Niva 4x4
 
Lada Niva 4x4
8990 - 8990
Suzuki Jimny - 2019
 
Suzuki Jimny - 2019
15900 - 18970
Jeep Cherokee
 
Jeep Cherokee
42500 - 55000
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мали теренци
 
Jeep Wrangler41000 €
Lada Niva 4x48990 €
Suzuki Jimny - 201915900 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
ТЕРЕНЦИ       ПИК-АП       
 

Одберете друг автомобил
     

Jeep

www.jeep.com

Импортер за Македонија
Аутомобиле СК

Тел: 02 / 3093 - 100

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Jeep модели
Cherokee Compass - 2017
Grand Cherokee Grand Cherokee SRT
Renegade Wrangler
Wrangler Unlimited





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook