Моторизацијата ја сочинуваат два бензински и три дизел мотори. Основните два агрегати, односно бензинецот со 82 КС и дизелот со 68 КС не нудат којзнае какви перформанси и се наменети за оние што ќе ја ценат ниската потрошувачка. Најдобар избор се чини е дизелот со 92 КС, кој не заостанува драстично во однос на перформансите на посилниот дизел, а е поеластичен од бензинецот со 120 КС.
На пат, 2008 се однесува доволно стабилно и има добар контакт со подлогата, иако забележително се навалува во кривините. Возењето е удобно, во манир на прав Французин, додека моторите се тивки и рафинирани. При повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот, но така е кај скоро сите модели во класата. Единствен поголем недостаток, ако можеме така да го наречеме, е недостатокот на погон на сите четири тркала, но и така ретко кој од купувачите ќе излезе со овој автомобил на терен.
Во кабината, простор има на претек и на предните и на задните седишта, особено во делот за главата на патниците. Багажникот брои одлични 360 литри, додека со спуштањето на задната клупа се добива целосно рамен под. Низ кабината има доволно места за одлагање ситници. Возачот сепак ќе треба да се навикне на пониско поставениот волан, кој ако се дигне повисоко го ограничува погледот кон инструмент таблата, која е поставена над него. Другите команди се одлично поставени, додека прегледноста е солидна со оглед на класата и формата на каросеријата.
Основниот модел Access е опремен со целосна опрема за безбедноста и електроника, но нема клима ниту аудио уред, ставки за кои треба да се посегне кон второто ниво на опрема Active. Цената е малку повисока во однос на главните конкуренти, но 2008 има квалитетна кабина и квалитетна изработка, додека моторите се најекономични во класата, а тоа особено важи за еHDi дизелите, кои се задоволуваат со 5,5 литри потрошувачка на дизел во градски услови. Голема пофалба заслужува и извонредниот Start&Stop систем, кој е еден од најрафинираните кој сме го пробале досега.
Динамичен и модерен однадвор, со вистински квалитети однатре, 2008 е вистинско освежување во класата на малите SUV-а, каде досега или се бираше стил (Nissan Juke) или функционалност (Skoda Yeti). Најдоброто од двата света има малку повисока цена, која навлегува во компактната класа, но затоа, барем во поглед на пространоста, 2008 не заостанува зад тие модели. Навистина, на почеток цената се чини малку повисока, но 2008 има доволно адути да ја оправда. Вози одлично, има супер пространа кабина и е оддалечен од подлогата, што е добитна комбинација за нашите патишта, полни со дупки и високи тротоари.
НИВОА НА ОПРЕМА
1-во ниво | ACTIVE
- ABS - Систем против пролизгување
- ESP - Електронска контрола на стабилност
- AFU - Помош при нагло сопирање
- REF - Електронска распределба на силата на кочење
- Регулатор на брзината (темпомат)
- 2 предни воздушни перници, 2 странични воздушни перници и
- 2 странични воздушни завеси
- Сензор за појаси
- Детектор за притисок во пневматик
- Варијабилен серво управувач подесив по висина и длабочина
- Електрични подигнувачи на предните стакла
- Централно заклучување со далечинско управување
- LCD екран во бела боја
- Патен компјутер
- Автоматско заклучување на возилото при тргнување
- Висинско подесување на возачко седиште
- Преклопна и деллива задна клупа 2/3 - 1/3 со 3 наслони за глава, 2 ISOFIX приклучоци за седиште
- Подготовка за радио со антена
- Тркала со челични наплатки 15”пневматик 195/65R15 раткапна LODE”
- Резервно тркало со намалени димензии
- Рачки и ретровизори во боја на возилото
- Надолжни кровни носачи во сива боја
- Hill Assist
- Заден споилер
- Електрично подесиви ретровизори со греење
- 3D LED задни светла
- LED дневни светла
- Мануелен клима уред
- Touch screen + 6 звучници + команди на управувач + USB + Bluetooth + USB и AUX излез
- Управувач пресвлечен со кожа
- Челични наплатки 16” пневматик 195/60/ R16 наплатки “SILICE”
- Предни светла за магла, детали во хром во ниво на предни
2-ро ниво | ALLURE
Содржи се што има ACTIVE, плус:
- Автоматски двозонски клима уред
- Електрични подигнувачи за задни стакла - One touch
- Ретровизори со преклопување
- Инструмент табла со LED осветлување
- Пакет на прегледност (автоматски бришачи со сензор за дожд + автоматско активирање на светла
- Заден сензор за паркирање
- Спортски седишта во комбинација скај и платно
- Заштита на преден и заден браник, заштита на багажен простор
- Хромирани капаци на ретровизори
- Хромирана предна решетка
- Заден спојлер со хромиран завршеток
- Странични хромирани лајсни на прозорите
- Дополнително затемнети задни стакла
- Алуминиумски наплатки 16” “AQUILA” пневматик 195/60/ R16
- Фарови за магла со функција за дополнително осветлување во агол
3-то ниво | GT LINE
Содржи се што има ALLURE, плус:
- GRIP CONTROL - адаптибилен систем против пролизгување на погонските тркала, за возење по разни услови
- Алуминиумски фелни 17” “ERIDAN BRILLIANT” (црна сјај)205/50/ R17
- GT LINE ознаки на возилото
- Оквир во црна боја и решетка на ладилникот во темнен хром со PEUGEOT натпис во црвена боја
- Капаци на ретровизори во “Црна Perla”
- LED амбиентално осветлување од внатрешната страна на кровот
- Заштита на преден и заден браник од нерѓосувачки челик INOX
- Надолжни кровни носачи во црна боја
- Кровен споилер на задниот дел во црна сјајна боја
- Спортски алуминиумски педали и хромирани украси на издувот интегрирани во заштитниот дел на браникот
- Инструмент табла со LED црвено осветлување
- Оквири со црна сјајна лајсна и задни странични украсни лајсни во црна сјајна боја
- GT LINE спортски седишта од комбинација TEP кожа и ткаенина шиена со црвен штеп
- GT LINE рачка на менувач рачки за затварање со црвен штеп
- GT LINE спортски управувач преслечен во перфорирана кожа зашиен со црвен штеп со хромиран завршеток
- Детали во црна сјајна боја во ниво на предните светла за магла