дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Škoda > Škoda Octavia > Краток опис за моделот
Škoda Octavia Škoda Octavia
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 15870
веќе од 264 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.7
Изглед
4.5
Перформанси
5
Возна динамика
5
Зад управувачот
5
Удобност
5
Простор и практичност
7
Квалитет и доверливост
6.5
Цена/Опрема
5.5
Трошоци за користење
5.7
Безбедност и сигурност
8
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Скоро класа погоре

Досега, Octavia беше поевтина и подостапна верзија на Golf, со многу голем багажник. Новиот модел, и натаму има огромен багажник, но ветува голем напредок во квалитетот и битка со моделите од средната класа!


Моторизацијата е исклучително богата и сите мотори повлекуваат уште од ниските вртежи, благодарение на турбо полначите. Сепак, на послабите мотори им недостасува малку повеќе сила на високи вртежи, па соодветно на тоа и треба да се возат посмирено.

 
Благодарение на новата платформа, од новиот Golf, Octavia вози поудобно, но и натаму е далеку од она што можат да го понудат автомобилите од средната класа – дупките добро се чувствуваат во внатрешноста. Стабилноста на високи брзини пак е одлична, иако агилноста и забавата во возењето се далеку од она што го нудат компактите во класата. Звучната изолација е солидна, но при повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот, а и дизел моторите се побучни отколку во Golf (иако се работи за истите агрегати) и се помалку рафинирани.
 
Во внатрешноста, има простор на претек и напред и назад, рамо до рамо со автомобилите од средната класа, како Mondeo и Passat. Багажникот пак брои фантастични 590 литри, што е нов рекорд во класата. Солидна е и практичноста – кабината има доволно места за одлагање ситници, но пречи тоа што со спуштањето на задните седишта не се прави целосно рамен под. Зад управувачот, лесно е да се најде идеалната позиција, додека командите се добро распоредени, со големи и читливи копчиња.
 
Новата Octavia нема да биде многу поскапа од претходникот, но споредено со компактите, ќе биде дури и повисока. Опремата ќе биде стандардно богата, уште во основниот модел. Потрошувачката кај сите мотори е ниска, скоро како кај Golf. Нормално, Octavia ќе доаѓа со целосна опрема за безбедноста, а во портфолиото има чисти пет ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP. Во поглед на квалитетот, видлив е голем напредок во однос на претходникот, па кабината сега е рамо до рамо со таа на Golf.
 
Прочитавте неколку пати во текстот, дека го спомнуваме Golf, а новата Octavia сака да конкурира на Passat и Mondeo. Реално, не е удобен и рафиниран како моделите од средната класа, но има пак пространа и квалитетна кабина која може да засрами многу од нив, а особено компактите. Навистина, на оние што нема да им пречи малку потврдото возење, Octavia е исклучително квалитетен и простран хечбек, со ултра голем багажник и коректна цена.
 
 
 
 
НИВОA НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | ACTIVE 
  • ABS сопирачки со ESC – електронска пограма за
  • стабилност со Старт - Стоп систем
  • 6 x воздушни перничиња (за возач, совозач,
  • странични напред и завеси за глава)
  • Серво управувач прилагодлив по висина и
  • длабочина
  • Висинско прилагодување на возачкото седиште
  • Централно заклучување со далечинско
  • Електрични стакла во предните врати
  • CLIMATIC – мануелен клима уред
  • SWING радио со 6.5” екран во боја со USB, iPod,
  • SD card slot, 4 звучници
  • MAXI DOT - борд компјутер, 12V приклучок
  • Ретровизори во боја на каросерија, електрично
  • прилагодливи со греење
  • LED дневни светла
  • Резервно тркало во стандардна димензија со алат
  • 15” Челични тркала – SIDUS
  • Active Црно / Сив ентериер (Arun Black)
 
 
2-ро ниво | AMBITION
Содржи се што има ACTIVE, плус:
  • Hill Hold асистент при угорнини
  • Хром пакет во ентериерот
  • Мал кожен пакет (три-крак управува, рачка од
  • менувач и рачна сопирачка)
  • Држач за наочари
  • Jumbo Box - преден потпирач за раце
  • Централен наслон за раце позади, со cup-holder
  • Асиметрично преклоплива задна клупа
  • Bluetooth телефонска конекција
  • Електрични стакла и во задните врати
  • Електрично преклоливи ретровизори со
  • периметарско осветлување
  • Предни и задни светла за магла
  • 16” Челични тркала – TEKTON
  • Ambition Црно / Сив ентериер (Sly Black) или
  • Ambition Црно / Кафен ентериер (Sly Brown)

 

3-то ниво | STYLE
Содржи се што има AMBITION, плус:

  • Мултифункционален управувач
  • Висинско и лумбарно подесување на предните
  • седишта
  • CLIMATRONIC – автоматски клима уред
  • 8 звучници
  • Color MAXI DOT – борд компјутер
  • Текстилни патосници, напред и позади
  • Фиксирачки елементи и мрежа во багажниот
  • Ролетна за заштита од сонце на задното стакло
  • Самозатемнувачки внатрешен ретровизор
  • Миење на предните светла под притисок
  • LED предни светла со динамична контрола
  • Сензор за дожд со светлосен асистент за долги светла
  • Темпомат
  • Сензори за паркирање, позади
  • Хромирани лајсни околу страничните стакла
  • 16” Алуминиумски тркала - ALCATRAS
  • Style Црно / Сив ентериер (Crinkel Black) или
  • Style Беж ентериер (Crinkel Beige)
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина
• Фантастично голем багажник (590 литри)
• Солидни возни својства
• Цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Малку потврдо возење
• Побучни дизел мотори
• Со спуштањето на задните седишта не се добива рамен под


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Škoda Octavia  

Kolata ja vozam 4 godini. Period na uzivanje. A so eden rezevoar pominuvam 1100 km. 2.0 tdi. Ednostavno kazano perfektno vozilo.
Напишан од jovo  пред  околу 53 месеци
Najdobroto neshto napraveno od SKODA
Напишан од kire  пред  околу 66 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Škoda Octavia
 
Škoda Octavia
15870 - 29240
Mazda 3 Sedan
 
Mazda 3 Sedan
16980 - 29480
Toyota Corolla Sedan - 2019
 
Toyota Corolla Sedan - 2019
16990 - 24190
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компактни седани
 
Honda Civic Sedan - 201727990 €
Hyundai Elantra14890 €
Mazda 3 Sedan16980 €
Opel Astra Sedan16212 €
Toyota Corolla Sedan - 201916990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Škoda

www.skoda.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Škoda модели
Citigo Fabia
Fabia Combi Karoq - 2018
Kodiaq - 2018 Octavia
Octavia Combi Octavia RS
Rapid Rapid Spaceback
Scala Superb
Superb Combi





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook