|
Информации за автомобилот
|
|
|

Има место за сите, само вози ме нежно
|
Со поелегантен и посмирен дизајн, новиот Outlander и понатаму нуди многу простор во внатрешноста и три реда на седишта. Но, има ли нешто што ќе направи да им запрети на најдобрите во класата?
|
Моторизацијата кај нас ја сочинува само еден дизел мотор, со зафатнина од 2,2 литри и 150 КС. Солидно повлекува уште од ниски вртежи и генерално нуди задоволителни перформанси, односно забрзување до стотка за 10,3 секунди и максимална брзина од 200 km/h.
Солидна е и удобноста – релативно меко подесената суспензија добро ги впива дупките од нашите патишта. Моторот е исто така добро придушен, но работи со изненадувачки многу вибрации и е недоволно рафиниран. Звук од гумите и ветерот се слуша само на многу високи брзини, па патувањето е вистинско уживање. Од друга страна, динамиката во возењето е далеку од најдобрите во класата, а особено од поатлетските модели, кои имаат само два реда на седишта. Разочарува и недоволно прецизното управување, а и менувачот не е најмазен и прецизен...
Внатрешноста е адутот во ракавот на Outlander. Нуди многу простор и на предните и на задните седишта, а има дури и трет ред за деца, кој нуди доволно комфор... Багажникот, со склопена трета клупа, брои 591 литри, што е извонреден резултат. Зад воланот, лесно е да се најде идеалната позиција, а и централната конзола е свртена накај возачот, што во пракса треба да го олесни користењето. Сепак, некои поважни команди се скриени од погледот на возачот, а и уредот за навигација е неинтуитивен за користење, особено за оние од постарата генерација.
Стандардната опрема е исклучително богата и недостасува се чини само трет ред на седишта, кој се добива со второто ниво. Цената е коректна, односно со оглед на опремата, во рамките на класата. Во поглед на квалитетот, Mitsubishi никогаш не бил на нивото на другите јапонски производители, но сепак е познат како доверлив бренд. Во кабината, пак, и покрај видливиот напредок во квалитетот на материјалите, Outlander се уште не е на нивото на најдобрите во SUV сегментот. Дизел моторот троши околу 6,5 литри во просек (5,3 фабрички), односно околу 8 литри во град и 5,5 литри на отворено, што се солидни бројки.
Outlander е вистински голем крстосувач, со многу простор во кабината, високо ниво на функционалност и одлична удобност. Од друга страна, далеку е од најдобрите во класата кога е во прашање динамиката во возењето, а и рафинираноста на моторот не е најдобра.
НИВОA НА ОПРЕМА
1-во ниво | INTENSE
- 2.2L 16-вентили, линиски 4-цилиндри DOHC ICTC DI-D
- Auto Stop & Go (AS&G)
- Multi-select 4WD (Електронски контролиран по потреба 4WD со 4WD ECO и 4WD lock)
- 215/70R16 пневматици и 16" x 6.5J алуминиумски фелни
- Резервно тркало
- Предна долна заштита
- Ретровизори во боја на каросерија, со греење, електронски регулирани и преклопливи
- Надворешни рачки во боја на каросерија
- Странични украсни прагови
- Црна појасна трака на среден столб [освен за црна надворешна боја на возило]
- Додатоци на лакот од поткрилото, црни
- Задна долна заштита
- Затемнети стакла за задните врати
- Хромирана појасна подпрозорска лајсна
- Странични трепкачки светла за правец на ретровизорите
- Рефлекторски тип предни светла за магла
- Задни паркинг сензори
- Кровни носачи (сребрени)
- Светла и видливост
- Главни светла & LED-DRL, халоген со мануелно нивелирање
- Задни комбинирани светла, LED
- Високо поставено стоп светло, LED
- Предно амбиентално светло со светло за мапа
- Предно долно светло кај стапала
- Конзолно светло
- Осветлување на конзолна кутија
- Задно амбиентално светло
- Светло во товарен дел
- Преден ветробран, зелено стакло, ламинирано со звучна изолација
- Предни и задни врати, зелено стакло, темперирано
- Заден ветробран, зелено стакло, темперирано со греење
- Нова подна конзола
- Управувач, електрично серво управување, висинско и телескопско регулирање
- Кожно обложен 3 крак управувач со пиано црн украс
- Кожно обложена рачка од менувач
- Bluetooth hands-free телефонски систем
- Bluetooth hands-free контроли на управувач
- Хромирани внатрешни рачки од врати
- Само затемнувачки внатрешен ретровизор
- Сензори за дожд за автоматско бришење
- Темпомат контроли на управувачот
- Контрола за ограничувач на брзина на управувач
- Аудио контроли на управувач
- Паркинг сопирачка со хромиран прстен, лост тип
- Бирач за возен режим на подната конзола
- Осветлување на брава за стартување
- ECO режим, прекинувач
- Мерни инструменти со висок контраст
- Мулти информациски екран (LCD)
- ECO drive assist индикатор
- Индикатор за промена на брзина (GSI)
- Индикатор за ниво на течност за ветробран
- Рамна клупа на прв и втор ред седишта (5 седишта)
- Матерјал, штоф со конец
- 1 ред функција, лизгање и наклоување, потпора за глава, висинско регулирање на возачко
- седиште, висински подесив безбедносен појас, врзан во 3 точки со пред-затегнување и
- ограничување на силата x2
- 2 ред 60:40 деллива, независно регулирање на наклон
- Инструмент панел, мека облога на површината
- Сребрена маска на оквир од отвор за вентилација на инструмент панел
- Централен панел, Сјајно црна боја
- Преден трим на врата, мека облога на површина
- Инструмент панел и панел од трим на врата, детали, сребрена боја
- 2 клуча со трансмитер за далечинско отворање
- Централно заклучување на брави
- Предни и задни прозорци со електрично регулирање, возачки, отворање и затворање целосно
- со еден допир, со тајмер при вадење на клуч од брава, заштита од потфаќање на возачка
- страна
- Темпомат
- Ограничувач на брзина
- Автоматско регулирање на светло
- Подна централна конзолна кутија, со централен потпирач за рака
- USB приклучок
- Заден централен потпирач за рака
- Welcome светло
- Coming home светло
- Аудио систем, 6-звучници, 4 звучници со полн опсег + 2 твитери
- AM/FM радио, CD/MP3 плеер
- Кровна антена
- PTC грејач
- Климатизер, двозонска клима
- Задни изводи за воздух за заден ред седишта
- Сензор за дожд, автоматски брисачи
- SRS воздушни перници, возачки и совозачки предни
- SRS странични, возачки и совозачки
- SRS странични завесни воздушни перници за 1 и 2 ред седишта
- Возачка SRS воздушна перница за колена на возач
- Брава за SRS предно совозачко воздушно перниче
- Активна Контрола на Стабилност (ASC) со Контрола на пролизгување (TCL)
- Помош при сопирање (BA)
- Систем за спречување на блокирање при сопирање(ABS)
- Електронска дистрибуција на силата од сопирањето (EBD)
- Помош при тргнување на нагорнина (HSA)
- Имобилизатор
- Заштита за деца, брави за задните врати
- City crash provision систем за безбедност
- BOS соприрачка
- Emergency Stop сигнален систем (ESS)
- Reinforced Impact Safety Evolution (RISE) шасија
- Сет алат за промена на тркало
- Мониторинг систем на притисок во пневматици (TPMS)
- Покривка во багажен простор
- Кутија во подот од товарниот простор
2-ро ниво | INTENSE PROMO
Содржи се што има Intense, плус
- AM/FM радио, CD/MP3 аудио систем со екран
- Keyless Operation System (KOS) бесклучен систем со прекинувач за стартување на моторот
- LED главни светла со автоматско нивелирање
- Мијачи на главни светла
- Паркинг камера, помош при паркирање
- 225/55R18 пневматици 18" x 7.0J алуминиумски фелни
|
|
ПРЕДНОСТИ
|
|
|
• Пространа кабина и голем багажник | • Удобно возење | • Солидни перформанси и ниска потрошувачка | • Богата опрема |
|
|
|
НЕДОСТАТОЦИ
|
|
|
• Послаба динамика во возењето | • Недоволно рафиниран мотор | • Непрецизно управување и менувач |
|
|

Спореди со предности и недостатоци на друг модел.
|
|
КОМЕНТАРИ - СТРАНА
1 од 1
|
|
Вашето име
Коментар
Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари.
Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.
|

|