дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Nissan > Nissan Micra > Краток опис за моделот
Nissan Micra Nissan Micra
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 11500
веќе од 191 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Micra порасна. Порасна и цената, но не и квалитетите

Уште во 90-тите години, еден од најпопуларните мали автомобили беше Micra. Малечкиот на Nissan имаше мали надворешни димензии, но доволно простор во внатрешноста за мајките да си ги носат децата на училиште, а беше и лесен за возење и безбеден.


Но, во меѓувреме многу европски и јапонски конкуренти исто така понудија возило со мали надворешни димензии и пространа внатрешност, а особено важно, имаа надворешен дизајн кој не го спречуваше машкиот род да пријде до нив. После многу долго време и Micra доби динамичен, а не „сладок“ дизајн, а порасна и во надворешните димензии. Но, заедно со нив, значително порасна и цената, која е највисока во класата. Дали Micra има доволно квалитети за да ја оправда?

 
Задната клупа е една од најтесните во сегментот
Ако планирате да превезувате патници на задната клупа, уште веднаш може да ви кажеме да ја избегнете Micra. Назад фали простор за колената, но особено за главата. Micra можеби порасна однадвор, но на задната клупа воопшто не се чувствува тоа – тука скоро сите конкуренти се пошироки. Дефинитивно, назад Micra е и натаму наменета само за возење деца.
 
Предните седишта се нормално покомфорни, но тоа и не е некоја предност, бидејќи сите конкуренти се подеднакво широки. Багажникот пак брои солидни 300 литри, што е во средината на класата, но просторот тука делува некако евтино – полицата на пример е супер тенка. Исто така, во него нема полица за подобро организирање на просторот, а со спуштањето на задната клупа не се добива рамен под. Кога сме кај неа, таа не се лизга напред/назад, а се дели само по сооднос 60:40.
 
Ентериерот делува квалитетно, а има и одличен мултимедијален систем
Nissan Micra има особено добар ентериер, кој делува свежо и разиграно. За пофалба е и употребата на квалитетни материјали, особено во горниот дел на кабината. Единствено, разочарува тоа што и во основниот модел воланот и менувачот не се облечени во кожа – цената барем најавува дека треба да бидат.
 
Micra има и одлично изведена централна конзола, која е многу лесна за користење и секогаш на дофат на раката. Мултимедијалниот систем е модерен, со логичен интерфејс, а со доплата може да се добие и поддршка за Apple CarPlay или Mirrorlink. Седењето зад воланот пак е ниско и спортско, со добро испружени нозе, но прегледноста кон сите агли е многу слаба. Очекувајте редовно да ја подигнувате главата за да погледнете надвор од Micra, а препорачуваме да доплатите и за камера за возење назад.
 
Вози како поголем автомобил – стабилно и тивко
Најголемиот напредок Micra го има постигнато во квалитетот на возењето. Наместо потскокнување на дупките, Micra сега се движи со сувереност на која не имаат навикнато само поголемите модели, а голема пофалба заслужува и звучната изолација – ова е веројатно најтивкиот автомобил во класата. Како и да е, суспензијата е потврда од конкурентите и дупките и натаму се пренесуваат во внатрешноста повеќе отколку што би сакале.
 
Од друга страна, благодарение на тоа, динамиката во кривините е на многу високо ниво. Micra се однесува многу стабилно и на високи брзини – тука е еден од најдобрите автомобили во класата. Единствено, би сакале управувањето да беше подиректно – Micra нема да може толку лесно да ја поставите каде сакате во кривините, барем не како што би можеле со Fiesta или Swift.
 
Преслаб основен мотор, но солидни турбо бензинец и турбо дизел
Micra има разочарувачки слаб основен 1.0 мотор со 71, кој делува особено слабо со оглед на премногу високата стартна цена, која е повисока и од некои компактни со околу 100 КС. Турбо бензинецот 0,9 делува многу подинамично и повлекува квалитетно напред, но неговата цена е веќе срамно висока, а истото важи и за дизелот.
 
Штета, зошто и двата мотори се економични и брзи – бензинецот троши околу 7,5 литри во град, додека дизелот се задоволува со под 6 литри. Ако немаше толку висока цена, наша препорака ќе беше дизелот, бидејќи покрај тоа што е брз и троши малку, работи и најтивко и најрафинирано од сите мотори во понудата.
 
Премногу висока цена – конкуренцијата е едноставно поисплатлива
Но, кај Micra разочарува токму понудата. Покрај тоа што има највисока стартна цена во класата, Micra има и најскапи доплати (дури 700 евра за металик боја!). Всушност, цената на Micra не ретко е и повисока во однос на компактните модели со иста опрема и моќност на мотор, кои ќе понудат многу подобар квалитет во возењето и многу повеќе простор.
 
Навистина, Micra е значително подобра во однос на својот претходник, но ние никако не би можеле да ја препорачаме, особено што за 4-5.000 евра помалку може да купите Suzuki Swift или пак ако сакате VW Polo за 2.000 евра помалку. Micra е премногу скапа, а не нуди доволно квалитети за да го оправда тоа. Не ја ставајте ни во потесната листа на избор, освен ако не сте љубител на брендот или особено многу не ви се допаѓа надворешниот дизајн.
ПРЕДНОСТИ
• Високо ниво на динамика и стабилност
• Одлична звучна изолација
• Ентериерот делува квалитетно, свежо и разиграно
• Комфорна возачка позиција и добро поставени команди
• Модерен мултимедијален систем
• Одлични турбо бензинец и турбо дизел
НЕДОСТАТОЦИ
• Неоправдано највисока цена во класата
• Скапи доплати како за градски автомобил
• Тесна задна клупа, наменета пред се за деца
• Лоша прегледност во сите правци
• Тврдо возење на пат со повеќе дупки
• Многу слаб основен мотор


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Nissan Micra  

ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 55 месеци
ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 55 месеци
ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 55 месеци
ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 55 месеци
ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 55 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
Citroën C3
 
Citroën C3
9890 - 15490
Suzuki Swift
 
Suzuki Swift
11290 - 16490
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мали хечбек модели
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero9550 €
Dacia Sandero Stepway10450 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta - 201814000 €
KIA Rio10990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Opel Corsa10435 €
Peugeot 20812639 €
Renault Clio12190 €
Seat Ibiza - 201815370 €
Škoda Fabia9940 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift11290 €
Toyota Yaris11690 €
Volkswagen Polo15435 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Nissan

www.nissan.mk

Импортер за Македонија
Аутомотив Груп - Nissan

Тел: 02 / 2 727 - 222

Адр: ул. Скупи ББ

Работно време:  09:00 - 17:00
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Nissan модели
Juke Micra
Navara Qashqai
X-Trail





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook