дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Lexus > Lexus RX - 2016 > Краток опис за моделот
Lexus RX - 2016 Lexus RX - 2016
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 124500
веќе од 2075 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Lexus RX: Префинет до максимум, но недоволно практичен

Многумина веројатно и не знаат, но пионерот во премиум класата на SUV автомобили е Lexus, со моделот RX. Ова возило веќе скоро две децении се исклучително популарно на американскиот пазар, но не и во Европа. Затоа, Јапонците ги засукаа ракавите и го направија нивниот натпреварувач многу поагресивен однадвор и може слободно да кажеме дека во моментов е најпривлечен модел меѓу конкурентите.


Сепак, неуспехот во Европа се должеше и на недостатокот на дизелски мотори. Lexus ова веќе скоро една деценија се обидува да го ублажи со хибриден погон, каков што има во новиот RX, покрај 2.0 турбо моторот со 245 КС. Купувачите кај нас очигледно се веќе „продадени“ на овој концепт – на патиштата се возат голем број на Lexus RX модели, но дали јапонскиот модел навистина го заслужува ова?
 
Внатрешноста е кралски пространа, но багажникот е премногу мал
Доколку планирате да пренесувате многу товар со вашиот SUV, како на пример за летен или зимски одмор, уште веднаш ќе ви кажеме да го избегнете RX. Неговиот багажник има зафатнина од само 453 литри – конкурентите нудат од 150 до 300 литри повеќе простор во багажникот. Навистина, очекувавме повеќе простор во толку голем SUV.
 
За просторот во кабината пак никој нема да има забелешки. Тука, Lexus RX е најголем во својата класа, особено на задните седишта, каде и високите патници ќе можат и да ги прекрстат нозете. Воедно, наслонот на задната клупа се спушта за максимален комфор на долги патувања, а и седиштата одлично го држат телото. За предните дури би рекле дека се најдобри во бизнисот.
 
Кабината изобилува и со многу интелигентни места за одлагање ситници. На пример, во централната конзола има место за ставање смартфон со безжичен полнач, а страничните фиоки во вратите се отвораат за да овозможат внес на поголеми предмети.
 
Супер удобно и рафинирано возење, но со помала доза на „спорт“
Lexus RX не е најдобриот автомобил во класата за возење по кривини, а и не се занесува дека е спортски. Да бидеме искрени, тоа особено ни се допаѓа, бидејќи ниту еден SUV и не може да биде спортски. На сметка на тоа, возењето е супер удобно и глатко, дури и преку поголемите нерамнини на патот.
 
Всушност, целиот начин на кој вози RX е максимална префинетост. Хибридниот погон на пример нема степени на пренос и благодарение на тоа забрзувањата се течни, без прекини, додека кој погон и да го одберете, во кабината нема да се слуша скоро ништо и нема да има вибрации. За разлика од дизелите на конкуренцијата.
 
Возачот нема да има проблем да помине долго време зад воланот
Дека седењето позади воланот на RX ќе биде исклучително комотно и дека сите команди ќе бидат на дофат на раката не се ни сомневавме. Навистина, ова е еден од најдобрите автомобили за подолги патувања – има одлични седишта кои се подесуваат во сите насоки кои може да ги замислите и команди кои се поставени точно на допирот на вашата рака. 
 
Она што е тема на полемики во сите нови модели на Lexus е мултимедијалниот систем, кој се управува со своевиден џојстик на средната конзола. Џојстикот е осетлив на пат со нерамнини, а и корисничкиот интерфејс не многу интуитивен – Германците дефинитивно имаат подобри мултимедијални системи. Од друга страна, огромниот 12,3 инчен дисплеј дозволува приказ на две информации одеднаш, со супериорна графика, што особено многу ни се допадна, а аудио системот и клима уредот имаат посебни команди, па нема да мора пречесто да „баратате“ со џојстикот.
 
Супериорен квалитет во кабината, ниски трошоци за одржување и ниска цена
Lexus RX, особено во хибридната изведба, е најдостапниот SUV во својата класа, благодарение на тоа што не се плаќа акциза. Воедно, опремата е побогата во однос на премиум конкурентите, а Lexus нуди неколку богати нивоа на опрема. Ова делумно ја ограничува персонализацијата, но ние нема да се буниме – во RX секогаш добивате повеќе опрема во однос на модел со иста цена на конкуренцијата.
 
Но, нека не ве буни цената – изработката и материјалите во ентериерот, а и воопшто на целиот автомобил, се на највисоко ниво. Во внатрешноста големо внимание е посветено и на деталите – некои од нив се и рачно изработени. Особено импресионира тоа како е сошиена кожата и како се вградени некои од дрвените и металните елементи.
 
Најголема предност на Lexus пред конкурентите сепак се многу ниските трошоци за одржување. Кај RX не само што сервисите се поевтини, туку тој и многу помалку ќе се расипува во однос на германските модели, а тоа особено важи за хибридниот модел, кој важи за еден од најдоверливите, воопшто. Кога сме кај погоните, апсолутно треба да го изберете хибридниот – тој нуди задоволителни перформанси (до стотка стигнува за 7,7 секунди), а троши околу 9,5 литри гориво во град со нормално возење, односно околу 7,5 литри на отворено
 
Скоро идеален луксузен SUV, освен ако не носите премногу багаж со вас
Lexus RX е SUV кој ќе ги задоволи барањата и на најпребирливите купувачи во премиум класата, се додека во нивната замисла не е возило со многу голем багажник – 453 литри се премалку за толку голем SUV. Во сите други параметри, RX е извонреден автомобил – вози смирено и тивко, има луксузен и одлично изработен ентериер и кралска пространост во кабината. Можеби не е спортски како BMW X5 или Porsche Cayenne, но според нас тоа и не е потребно кај ваков тип на возило. И на крај, не може да се замижи на пониската цена и многу богатата опрема уште во старт, како и на пониските трошоци за одржување – тука Lexus отсекогаш бил шампион!
ПРЕДНОСТИ
• Луксузен ентериер
• Исклучително пространа внатрешност
• Удобно возење
• Рафиниран и тивок погон
• Одлична ергономија и посебни копчиња за аудио системот и клима уредот
• Ниска потрошувачка во градски услови
• Богата опрема и ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Многу помал багажник од конкуренцијата
• Мултимедијалниот систем е потежок за управување од оние во германските конкуренти
• Веќе застарен ентериер


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Lexus RX - 2016  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Jaguar E-Pace - 2018
 
Jaguar E-Pace - 2018
37900 - 73400
Land Rover Range Rover Sport
 
Land Rover Range Rover Sport
86500 - 168000
Mercedes-Benz GLE SUV
 
Mercedes-Benz GLE SUV
66250 - 135380
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум SUV големи
 
Audi Q551622 €
Jaguar E-Pace - 201837900 €
Jeep Grand Cherokee51000 €
Land Rover Range Rover Sport86500 €
Mercedes-Benz GLE SUV66250 €
Volkswagen Touareg - 201966647 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Lexus

www.lexus.eu

Импортер за Македонија
Тојота Авто Центар

Тел: 02 / 3088 - 800

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 18:00 (сервис до 16:00)
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Lexus модели
ES - 2019 GS
IS LC - 2017
LS NX
RC RX - 2016
UX





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook