дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Dacia > Dacia Sandero > Краток опис за моделот
Dacia Sandero Dacia Sandero
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 9550
веќе од 159 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
3.6
Изглед
2.5
Перформанси
2
Возна динамика
2.3
Зад управувачот
3.3
Удобност
2.5
Простор и практичност
4
Квалитет и доверливост
2.5
Цена/Опрема
6
Трошоци за користење
5.3
Безбедност и сигурност
5.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Простран и евтин, со неколку компромиси

Новиот Sandero ветува дека сега може да се натпреварува со етаблираните конкуренти, особено кога е во прашање квалитетот на возење, притоа задржувајќи ги предностите од претходната генерација, како пространата кабина и големиот багажник.


Моторизацијата ја сочинуваат два бензинци и два дизели. Основниот бензинец со зафатнина од 1,2 литри е солиден, особено за низ град, додека новиот 0,9 литарски турбо со три цилиндари, иако ветува повеќе на хартија и има турбо полнач, неконзистентно ја испорачува силата и не е агилен во целото подрачје на работа. Два дизели се добро познатите dCi на Renault и двата одлично повлекуваат од ниски вртежи.

 
Во возење, новиот Sandero е навистина подобрен во однос на претходната генерација, но и натаму, се уште не е на динамичкото ниво на етаблираните конкуренти од ниската класа, а ниту удобноста не е на највисоко ниво. Особено голема разлика се чувствува кај рафинираноста и звучната изолација – моторите добро се слушаат во кабината, а при малку повисоки брзини веднаш навлегува звук од ветерот и гумите.
 
Затоа пак кабината има простор како во компактната класа, односно многу, многу повеќе од автомобилите во истиот ценовен ранг. Багажникот има одлични 320 литри, додека кабината има многу места за одлагање ситници. Седењето зад воланот исто така е подобрено, иако подесување на седиштето се добива во најскапите нивоа на опрема, а и би сакале воланот да се мрда малку повеќе горе – долу. Средната конзола пак има добро распоредени и јасни команди и е лесна за користење.
 
Опремата кај основните модели, нормално е послаба, но затоа и цената е пониска. Всушност, реално, за толку голема каросерија, Sandero е еден од најдостапните модели на пазарот. Сепак, цената при препродажба нема да биде толку ниска, а и основниот мотор не го карактеризира особено ниска потрошувачка, која во град може да се качи и преку 9 литри, односно преку 10 литри плин за моделот со таква инсталација. Исто така, доверливоста не е на нивото на етаблираната конкуренција, а кабината, иако подобрена, не делува луксузно и квалитетно како кај поскапите конкуренти. Во однос на претходникот, подобрена е и опремата за безбедноста – сега ESP и четири воздушни перничиња се стандардни, но да почекаме до резултатите од EuroNCAP за финален заклучок.
 
Навистина, новиот Sandero можеби напредна во однос на претходникот, но и натаму, особено во квалитетот на возните карактеристики, заостанува зад малку поскапите и поетаблирани конкуренти. Оние кои можат да замижат на тоа, пак, ги чека пространа кабина и голем багажник...
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
1-во ниво | ESSENTIAL
  • Наслон за глава за сите седишта 
  • LED дневни светла напред
  • Предно воздушно перниче за заштита на главата и градниот кош 
  • Браници во боја на каросерија
  • Воздушно перниче за возач и совозач 
  • Надворешни рачки на вратите во црна боја
  • Систем против блокирање на тркалата (ABS) 
  • Челични фелни со украсни поклопци 15" Groomy
  • Систем за помош при итно сопирање (AFU) 
  • Затворена фиока пред совозачот
  • Систем за надзор на стабилност на возилото (ESP) 
  • Средно стоп светло напред
  • Систем за контрола на пролизгување (ASR) 
  • Затемнети стакла
  • Систем за помош при тргнување по нагорнина (HSA) 
  • Хромиран средишен дел на управувачот
  • Isofix систем за прицврстување на детско седиште 
  • Мат хром раб на вентилациските отвори
  • Сигнал за незакопчан возачки и совозачки сигурносен појас 
  • Навлаки Ambiance
  • Индикатор за притисок на пневматици
  • Индикатор за промена на брзината
  • Сет за поправка на гуми 
  • Рачен клима уред
  • Самозаклучување на возилото за време на возење 
  • Далечинско централно заклучување
  • Систем Start & Stop Електрично подигнување на предните стакла и импулсно подигнување на возачкото стакло
  • Осветлен багажен простор
  • Задно стакло со функција за греење со бришач
  • Рачно подесиви надворешни ретровизори во црна боја
  • Деллива задна клупа 1/3-2/3
  • 12V приклучок
 
 
2-ро ниво | COMFORT
Содржи се' што има Essential, плус:
  • Патен компјутер* 
  • Челични фелни со украсни поклопци 15" Popster
  • Сигнал за незатворена врата 
  • Навлаки Laureate
  • Светла за магла напред 
  • Рачки на предни врати
  • Надворешни рачки на вратите во боја на каросерија
  • Дополнителни хромирани елементи во внатрешноста 
  • Електрично подесиви надворешни ретровизори во боја на каросерија
  • Џепови на задниот дел од предните седишта 
  • Страничен џеп на совозачко седиште 
  • Радио, CD, MP3, AUX, Bluetooth, USB
  • Осветлена фиока пред совозачот со команди при управување
  • Возачко седиште, предни сигурносни појаси и
  • управувач подесив по висина
  • Приказ на надворешната температура 

 

3-то ниво |STEPWAY

  • Наслони за глава на сите седишта 
  • Браници во боја на каросерија
  • Предни воздушни перничиња за заштита на главата и градниот кош 
  • Надворешни рачки на вратите во црна боја
  • Воздушно перниче за возач и совозач 
  • Затворена фиока пред совозачот
  • Серво управувач Средно стоп светло
  • Систем против блокирање на тркалата (ABS) 
  • Затемнети стакла
  • Систем за помош при нагло сопирање (AFU) 
  • Хромиран среден дел на управувачот
  • Систем за надзор за стабилност на возилото (ESP) 
  • Хромиран раб на вентилациски отвори
  • Систем за контрола на пролизгување (ASR) 
  • Flexwheel фелни 16’’ Dark metal
  • Помош при тргнување по нагорнина (HSA) 
  • Посебна внатрешност и навлаки Stepway
  • Isofix систем за прицврстување на детско седиште 
  • Должни кровни носачи во мат хром боја
  • Визуелен и звучен сигнал за незакопчан сигурносен појас 
  • SUV додатоци (хромирани предни елементи, облоги на браникот
  • Индикатор за притисок на пневматици хромиран дел на браникот напред и назад 
  • Индикатор за промена на брзина 
  • Сет за поправка на гуми
  • Led дневни предни светла 
  • Задно стакло со бришач со функција за греење
  • Систем Start & Stop 
  • Електрично подигнување на предни стакла
  • Самозаклучување на возилото за време на возењето 
  • Импулсно подигнување на возачкото стакло
  • Светла за магла напред 
  • Рачен клима уред
  • Приказ на надворешната температура 
  • Радио, CD, MP3, AUX, Bluetooth, USB 
  • Делива задна клупа 1/3-2/3
  • со команди при управување 12V приклучок
  • Далечинско централно заклучување
  • Светло во багажен простор
  • Висока каросерија

 

4-то ниво | PRESTIGE
Содржи се' што има Stepway, плус:

  • Патен компјутер Наслон за раце на предни врати
  • Регулатор и ограничувач на брзината 
  • Електрично подигнување на задни стакла
  • Задни паркинг сензори 
  • Електрично подесиви ретровизори со функција на греење во боја на каросерија Возачко седиште , предни сигурносни појаси
  • Хромирана предна маска и управувач подесив по висина 

 

5-то ниво | TECHROAD
Содржи се' што има Prestige, плус

  • Рачно подигнување на задни стакла 
  • Навлаки TechRoad
  • Автоматски клима уред 16" Flexwheel двобојни фелни
  • Столб помеѓу предни и задни врати во црна боја 
  • Црно бели украсни елементи во внатрешноста
  • Надворешни ретровизори во сјајно црна боја со мат
  • MP3 Надворешни рачки на врати во црна боја
  • Мултимедијален систем Media Nav Evolution
    • 7" екран чувствителен на допир, USB, 
    • навигација + картографија Адриатик
    • функција на поврзаност со Android Auto
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина и голем багажник
• Солидна ергономија
• Добри дизел мотори
• Ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Слаби возни својства
• Удобноста е просечна
• Слаба звучна изолација
• Основниот бензинец троши повеќе гориво


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Dacia Sandero  

dacia sandero ili suzuki celerio?
Напишан од ရန်ကုန်  пред  околу 36 месеци
Sanderoto go imam od 2010 god osnovnata verzija "park green".Edinstvenoto nesto so mi preci e volanot bidejki ne e servo i e dosta tezok pogotovo vo grad.Voznjata ne e losa, malku e potvrda, a i zvucnata izolacija e dosta slaba
Напишан од Trajce  пред  околу 48 месеци
Sakam da go spodelam moeto iskustvo so ovaj avtomobil . Go imam od Dekemvri 2014 godina 1,5 dci so 75 konji i laureate oprema. Iskreno sum prezadovolen od avtomobilot potrosuvackata na gorivo e na mnogu nisko nivo sredna potrosuvacka okolu 4.2 litri na 100 km , od opremata sum zadovolen a sekako i od cenata. Za familijarni luge sto ne mu e potrebno voznja so golemi brzini avtomobilot e idealen , prostran ima super prostor funkcionalen... sekako se gleda extinata izvedba na nekoi sitnici no na to
Напишан од Petar  пред  околу 52 месеци
ova e dobro ova ne e dacia
Напишан од ova e dobro ova ne dacia  пред  околу 61 месеци
ova e dobro ova ne e dacia
Напишан од ova e dobro ova ne dacia  пред  околу 61 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 5
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Citroën C3
 
Citroën C3
9890 - 15490
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
Dacia Sandero
 
Dacia Sandero
9550 - 14500
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мали хечбек модели
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero Stepway10450 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta - 201814000 €
KIA Rio10990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Nissan Micra11500 €
Opel Corsa10435 €
Peugeot 20812639 €
Renault Clio12190 €
Seat Ibiza - 201815370 €
Škoda Fabia9940 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift11290 €
Toyota Yaris11690 €
Volkswagen Polo15435 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Dacia

www.dacia.mk

Импортер за Македонија
Аутомотив Груп - Dacia

Тел: 02 / 2 727 - 280

Адр: ул. Првомајска 21

Работно време:  09:00 - 17:00
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Dacia модели
Dokker Duster - 2018
Lodgy Logan
Logan MCV Sandero
Sandero Stepway





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook