дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Jeep > Jeep Wrangler > Краток опис за моделот
Jeep Wrangler Jeep Wrangler
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 41000
веќе од 683 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Jeep Wrangler - нов мотор и комплетен редизајн

Редизајнираната икона на марката Jeep нуди целосно нова внатрешност со нови квалитетни материјали и подобрена ергономичност. Нова командна табла, централна конзола и инструмент табла. Гамата на Jeep Wrangler и Jeep Wrangler Unlimited е опремена со новиот 2,8 l турбодизел со 200 КС и вртежен момент од 410 Nm. За првпат кај еден модел на Jeep, моторот ја поседува и новата технологија Stop/Start за намалување на потрошувачката. Новиот подвижен покрив hard top во боја на каросерија е достапен кај верзијата Sahara давајќи му поелегантен изглед и неконвенционален стил за забавно патување под open-air. Легендарниот off-road капацитет на Jeep е резултат на софистицирани 4x4 системи за пренос Command-Trac®, Rock-Trac® и електронско блокирање на предните и задни диференцијали Tru-Lock®. Осовинит


Jeep продолжува да ја усовршува успешната формула за Wrangler и Wrangler Unlimited преку надополнување  на неговиот извонреден off-road капацитет со беспрекорно однесување на новиот мотор turbodiesel 2,8 l со технологија Stop/Start, целосно редизајниран ентериер, зголемен комфор и бесшумност со специјалните интервенции на менувачот, изолација и hard-top во боја на каросерија кај верзијата Sahara.

Со историја од 70 години, Jeep Wrangler е мит кој ги постави основите на возење off-road и претставува архетип во автомобилската индустрија. Директен наследник на оригиналниот Willys-Overland од 1941, Jeep Wrangler е оригинален и автентичен 4x4, со неконвенционален дух на американската марка со извонредни капацитети на off-road и уживање во возењето уникатно во својот род. Од неговото дизајнирање до денес, Jeep Wrangler ги сочува своите стилски карактеристики и својата филозофија за целосно доживување на outdoor.

Jeep Wrangler е најдоброто од off-road според перформансите и едноставната употреба. Уникатноста на Jeep Wrangler е во класични кружни фарови, решетка со седум отвори, трапезоидни краци на тркалата, rollbar, покрив во повеќе конфигурации hard-top и soft-top, врати кои се отстрануваат. Стилските карактеристики кои се одраз на автентичноста и слободата на марката Jeep.

Со зголемено меѓуоскино растојание за 52 cm, каде попространата внатрешност може сосема удобно да прими пет патници, Jeep Wrangler Unlimited е еволуција на Jeep Wrangler. Jeep Wrangler Unlimited е спој на исклучителни перформанси на off-road со внатрешна просторност и мултифункционалност на секојдневно возило кое може да се трансформира од off-road во кабрио 4x4 со четири врати.

Новиот Jeep Wrangler е достапен со нивоа на опременост: Sport, Sahara и Rubicon со нов ентериер кој е поелегантен и удобен и нов мотор 2,8 l turbodiesel common-rail Euro 5 со DPF во сериска опрема. Верзијата со четири врати Jeep Wrangler Unlimited предвидува две нивоа на опременост Sahara и Rubicon.

Jeep Wrangler и Jeep Wrangler Unlimited се уникатни возила благодарение на бројните комбинации за да се доживее авантура под open-air. Достапни се во конфигурации со Sunrider® soft top и во hard top Freedom Top® , Jeep Wrangler и Jeep Wrangler Unlimited гарантираат искуство во возењето open-air на едно оригинално кабрио во својот род.

Модуларниот hard top Freedom Top има лесна употреба благодарение на неговата троделна структура. Кај верзијата Sahara, hard top е достапен во боја на каросерија, новитет за гамата на Wrangler и Wrangler Unlimited.

Jeep Wrangler и Jeep Wrangler Unlimited  се достапни со нови бои на каросерија Sahara Tan, Mango Tango, Bright White, Deep Cherry и Cosmos Blue кои се надоврзуваат на боите Flame Red, Bright Silver, Black и Natural Green кои се веќе во гамата.

Командната табла е целосно редизајнирана со помеки линии. Новата командна табла е позаоблена со нов дизајн на местата за чување на предмети, поголема ергономичност и материјали со повисок квалитет. Нов дизјан има и конзолата и наслонот за рака на вратите. Во сериска опрема се вклучени електрика на ретровизори со грејачи и клима уред со автоматско контролирање на температурата. Верзијата Sahara во сериска опрема нуди квалитетни седишта во кожа и грејачи на седиштата напред. Возачот и патниците имаат поголема видливост која се гарантира со поголеми димензии на прозорчињата назад.

Нови команди на управувачот за управување со радио, cruise control, телефон и други функционалности без да се тргнат рацете од воланот. Новиот приклучок  USB за конектирање на мултимедијални уреди, CD, читач DVD и систем Bluetooth сериски кај верзиите Sahara и Rubicon.

Внатрешниот простор нуди 104 cm за патниците во првиот ред. На седиштата назад сосема удобно може да се сместат двајца патници и располагаат со простор од 88 cm. Зафатнината на багажниот простор со преклопени седишта од втор ред изнесува 425 литри. Jeep Wrangler Unlimited го нуди истиот простор за првиот ред и 92 cm за патниците од вториот ред. 

Дизајнот body-on-frame на шасијата со челична структура со прaвоаголен пресек, појачани потпирачи и траверзи, ги задоволува најстрогите барања за заштита на патниците во случај на судар. Ваквата структура на шасијата и` дава поголема робусност, траење и торзионална цврстина. На сите верзии во серија поставена е и лимена заштитите под школката со дебелина од  2,5 mm за заштита на најизложените делови, како што се резервоарот за гориво и диференцијалот.

Новата гама на Jeep Wrangler и Jeep Wrangler Unlimited е опремена со новиот мотор 2,8 l turbodiesel common-rail. Моторот 2.8 CRD развива моќност од 200 КС (147 kW) при 3.600 врт/мин. односно зголемување од 13% во споредба со претходниот дизел мотор 2,8 l. Максималниот вртежен момент од 410 Nm при 2.000 - 3.200 врт/мин кај моделите со мануелен шестостепен менувач и 460 Nm при 1.600 - 2. 600 врт/мин со автоматски петтостепен менувач W5A580. Новиот мотор Тurbo diesel 2,8 l е мотор со четири вентили по цилиндар и со DOHC. Со систем за вбризгување Common Rail од 1.800 bar, со пиецо електрични бризгалки и турбокомпресор со варијабилна геометрија, новиот 2,8 l ги задоволува стандардите Euro 5 за емисија.

Автоматскиот менувач W5A580 е вграден и кај Jeep Grand Cherokee и претставува новитет за Jeep Wrangler. Автоматскиот менувач гарантира поголема флуидност и намалување на потрошувачката на гориво. Новиот менувач содржи и интерактивна електронска контрола Electronic Range Select за автоматско селектирање на степенот или секвенционално.

Мануелниот менувач со дизел мотор кај Jeep Wrangler со новата технологија Stop/Start. Станува збор за прва примена на оваа технологија кај едно возило од марката Jeep.

Со систем Stop/Start, моторот се исклучува штом возилото запре. Моторот се стартува автоматски штом ќе се притисне на педалата. Со икона на  инструмент таблата се покажува дали системот е активен или исклучен.

Дизајниран за да доминира во off-road авантурите, Jeep Wrangler е резултат на седум децениски leadership во развојот на системите 4x4. Два системи за интегрален пренос се на располагање кај Jeep Wangler и Jeep Wrangler Unlimited: Command-Trac® кај верзиите Sport и Sahara и Rock-Trac® кај верзијата Rubicon.

Jeep Wrangler и Jeep Wrangler Unlimited поседуваат уред Brake Lock Differentials (BLD) интегриран во системот Electronic Stability Program (ESP). Уредот BLD употребува сопирачки систем за блокирање на тркалото кое е во фаза на пролизгување со цел да испрати вртежен момент на другото тркало на оската за надминување на најсериозните off-road пречки. BLD е електронски автоматски уред и не бара интервенција од страна на возачот.

Системот Hill Descent Control функционира при 4WD Low и минимална брзина од 1,6 km/h. Системот се активира со команда на централната конзола. Hill Descent Control се деактивира во моментот при интервенирање на педалата за сопирање и на педалата за забрзување. Системот е сериски кај верзиите со автоматски менувач.

Дизајниран да му помогне на возачот при тргнување на нагорнина, системот Hill Start Assist кај Jeep Wrangler го гарантира времето потребно да се премести ногата од педалот за сопирање на оној за забрзување. Системот го одржува притисокот во сопирачките две секунди. Особено корисен за возење во град и во специфични услови на off-road, Hill Start Assist е сериски кај целата гама.

На располагање е комплетна опрема за сигурност и софистициран ESP ‘3 MODE’ за екстремни услови.

Сите модели на Jeep® Wrangler во сериска опрема поседуваат електронска контрола на стабилност (Electronic Stability Program (ESP) ‘3 MODE’.
 

ПРЕДНОСТИ
НЕДОСТАТОЦИ


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Jeep Wrangler  

махиндрата џипот е копија на ова
Напишан од махиндрата џипот е копија на ова  пред  околу 56 месеци
махиндрата џипот е копија на ова
Напишан од махиндрата џипот е копија на ова  пред  околу 56 месеци
махиндрата џипот е копија на ова
Напишан од махиндрата џипот е копија на ова  пред  околу 56 месеци
махиндрата џипот е копија на ова
Напишан од махиндрата џипот е копија на ова  пред  околу 56 месеци
махиндрата џипот е копија на ова
Напишан од махиндрата џипот е копија на ова  пред  околу 57 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Lada Niva 4x4
 
Lada Niva 4x4
8990 - 8990
Suzuki Jimny - 2019
 
Suzuki Jimny - 2019
15900 - 18970
Jeep Cherokee
 
Jeep Cherokee
42500 - 55000
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мали теренци
 
Jeep Cherokee42500 €
Lada Niva 4x48990 €
Suzuki Jimny - 201915900 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
ТЕРЕНЦИ       ПИК-АП       
 

Одберете друг автомобил
     

Jeep

www.jeep.com

Импортер за Македонија
Аутомобиле СК

Тел: 02 / 3093 - 100

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Jeep модели
Cherokee Compass - 2017
Grand Cherokee Grand Cherokee SRT
Renegade Wrangler
Wrangler Unlimited





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook