дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Renault > Renault Megane > Краток опис за моделот
Renault Megane Renault Megane
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 16990
веќе од 283 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Renault Megane: Еден од најдобрите модели во класата

Megane отсекогаш бил стилскиот избор во класата и тоа важи и за најновиот модел, кој однадвор изгледа навистина привлечно, а тоа особено важи за задниот дел. Сепак, претходниот беше разочарување и на новиот Megane ќе му треба многу повеќе од само добар изглед.


Според Renault, новиот Megane е развиван уште во старт да биде жесток конкурент на најдобрите во класата на компакти, односно VW Golf, Ford Focus и Peugeot 308. Па, дали Megane сега има доволно адути за да биде директен избор на купувачите?

 
Багажникот е голем, но кабината е само просечно широка
Една од најголемите забелешки за претходникот беше премногу тесната задна клупа. Новиот модел е поширок внатре, но повторно, назад не е широко како кај најдобрите во класата, особено ако и напред седи некој поголем патник. Тука комфорно на долги патувања ќе биде само за помали патници или деца. Предните седишта се нормално покомфорни.
 
Од друга страна багажникот брои 405 литри, што е меѓу подобрите резултати во класата. Нормално, задната клупа се спушта во сооднос 60:40, но не се добива целосно рамен под и тука нема да може да ги лизгате куферите – ќе мора да ги подигнете. Дополнително отежнување е превисокиот праг на товарање и огромниот заден браник, кој е лесно да го изгребете при внесување и вадење тешки предмети. Низ кабината пак има многу интелигентно поставени места за одлагање ситници, особено во предниот дел, што е за пофалба.
 
Одлична возачка позиција и солиден мултимедијален систем
Зад воланот секој возач ќе ја најде својата идеална позиција, но тоа веќе и не е предност – на возачкото седиште е удобно кај сите конкуренти. Она што особено ни се допадна кај Megane е мултимедијалниот систем со дисплеј на допир од дури 8,7 инчи, кој е во „портрет“ поставеност и кој работи брзо и има интуитивен кориснички интерфејс, како и поддршка за Android Auto и Apple CarPlay.
 
Според нас, ова е најблизу до „таблет“ од сите модели во класата и дури и немавме проблем да го користиме и во движење, бидејќи е голем и има големи команди, кои не е тешко да се погодат. За жал, овој систем се добива само со доплата од 750 евра – другиот е нормално (широко) поставен 7 инчен дисплеј, кој е солиден, но не е на нивото на поголемиот.
 
Во поглед на квалитетот на ентериерот, исто така немаме големи забелешки – пластиката во горниот дел е мека на допир, додека онаа во долниот дел многу тврда. Исто како кај скоро секој компакт. Како и да е, ќе беше добро Renault малку да ја разигра внатрешноста – вака изгледа многу досадно, особено ако се спореди со екстериерот.
 
Исклучително удобно возење, но послаба динамика
Renault со Megane јасно кажува за кого е наменет овој автомобил. Суспензијата е исклучително мека и одлично ги впива сите дупки од патот – поудобен компакт во моментов веројатно и да нема. Воедно, сите мотори се тивки и работат со малку вибрации, а кабината останува тивка и на повисоки брзини. Со доплата може пак да се добие систем кој генерира звук на мотор од спортски автомобил, мотоцикл или дури и вселенски брод во ентериерот. Кул.
 
Во поглед на динамиката, Megane е сепак послаб и не може да се мери со најдобрите во класата, особено поради прелесното и непрецизно управување и менувачите со предолг од. Сепак, агресивно возење бараат само одредена група на купувачи и среќни сме што Renault одлучил Megane да го направи пред се удобен.
 
Штедливи мотори и коректна цена
Цената на моделите од компактната класа последниве неколку години значително се покачи, особено на поновите модели. Megane во старт нема превисока цена и има солидна опрема. Наша препорака се изведбите Zen или Intens и турбо бензинецот со 100 или 130 КС – и двата имаат многу солидни перформанси и потрошувачка од околу 8 литри во град и под 6 литри на отворено со нормално возење. За оние кои поминуваат повеќе километри, препорака е 1,5 dCi дизелот со 110 КС, кој е многу еластичен и троши под 6 литри во град, односно под 5 литри на отворен пат.
 
Според сето ова, Renault Megane е модел кој секако треба да го ставите во потесната листа доколку се имате одлучено за компактен автомобил. Исклучително е тивок и удобен, што не може да се каже за многу модели од класата и има комфорни предни седишта и голем багажник. Има и неколку недостатоци кои можат да им пречат на некои купувачи – доколку сакате максимум простор на задната клупа или пак автомобил кој ќе ви даде спортски филинг зад воланот, Megane не е автомобилот за вас. Ако не го барате тоа, сериозно размислете за францускиот компакт.
ПРЕДНОСТИ
• Исклучително удобно возење – дупките не се пренесуваат во кабината
• Тивки мотори и генерално одлична звучна изолација
• Голем багажник со капацитет од 405 литри
• Одличен R-Link мултимедијален систем (но се добива само со доплата)
• Штедливи и брзи турбо бензински и дизел мотори
НЕДОСТАТОЦИ
• Задната клупа е малку потесна
• Со спуштање на задните седишта не се добива рамен под
• Послаба динамика во возење
• Непрецизно управување и предолг од кај мануелните менувачи


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Renault Megane  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Ford Focus - 2018
 
Ford Focus - 2018
18400 - 39000
Renault Megane
 
Renault Megane
16990 - 37990
Volkswagen Golf VII
 
Volkswagen Golf VII
19996 - 50626
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компакти
 
Citroën C413990 €
Fiat Tipo - 201713000 €
Ford Focus13990 €
Ford Focus - 201818400 €
Honda Civic - 201723990 €
Hyundai i30 - 201814500 €
KIA Ceed - 201813990 €
Mazda 316980 €
Mazda 3 - 2019 *16980 €
Opel Astra17413 €
Peugeot 30817020 €
Seat Leon18080 €
Toyota Auris17050 €
Toyota Corolla Hatchback - 201917990 €
Volkswagen Golf VII19996 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Renault

www.renault.mk

Импортер за Македонија
Аутомотив Груп

Тел: 02 / 2 727 - 200

Адр: ул. Првомајска 21

Работно време:  09:00 - 17:00
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Renault модели
Captur Clio
Clio Grandtour Clio RS
Espace Kadjar
Kangoo Koleos - 2017
Megane Megane GrandCoupé
Megane RS Scenic
Talisman Talisman Estate
Twingo - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook