дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Opel > Opel Corsa > Краток опис за моделот
Opel Corsa Opel Corsa
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 10435
веќе од 173 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Opel Corsa: Како и секогаш, солидно остварување

Особено кај нас, Opel Corsa е исклучително популарен градски автомобил, кој многу фамилии го користат и за подолги патувања. Причините за ова се многу, но воглавно Corsa отсекогаш нудела економични мотори, доволно простор во кабината и удобно возење.


Новиот модел ги наследува сите тие карактеристики, во меѓувреме вклучувајќи и многу нови технологии кои го ставаат рамо до рамо со најдобрите во класата. Секако, Corsa не е идеален автомобил, а има особено многу нејасности за тоа кој правец ќе го фати во иднината по купувањето на Opel од страна на PSA, но останува фактот дека актуелниот модел е солидно остварување.
 
Основните мотори се многу слаби, но останатите нудат одлични перформанси и ниска потрошувачка
Атмосферските бензинци кај Corsa се слаби и тоа важи и за 1,4 литарскиот, кој не делува особено динамично. Нашиот избор би паднал на 1,0 турбо бензинецот со 90 КС или 1,4 турбо бензинецот со 100 КС. Првиот троши од 6,5-7 литри на 100 km во град, додека вториот троши помалку од литар повеќе, но од друга страна нуди подобри перформанси, подобро повлекува од пониски вртежи и е потивок. Поточно, доколку не е максимално важна потрошувачката, тој би бил нашиот избор, особено што е за околу 200 евра поевтин во старт. Дизелите пак се премногу скапи и имаат доста слаби перформанси, особено основниот со 75 КС.
 
Внатрешноста е една од најпространите во класата, но багажникот е само просечен
За оние кои бараат максимално голем багажник во својот мал автомобил, Corsa нема да е најдобриот избор, бидејќи во изведбата со пет врати има капацитет од 285 литри. Ова не е малку, но поновите конкуренти имаат 30-40 литри повеќе. Воедно, багажникот е длабок и треба многу да го подигнете товарот за да го извадите (има висока пречка кај вратата), а со спуштањето на задните седишта не се добива целосно рамен под.
 
Онаму каде е поважно, за патниците, Corsa е еден од најпространите модели во рамките на ниската класа. Простор има и на предните и на задните седишта, особено во пределот на главата, па патниците нема да има потреба премногу да се наведнуваат. Радува и тоа што кај моделот со 5 врати задните врати се поголеми и повисоки (многу од конкуренцијата премина на купе облик), што го олеснува влегувањето и внесувањето на детско седиште, дете или поголеми предмети.
 
Од друга страна, Corsa има четири ѕвездички на EuroNCAP тестирањата, но тоа е главно поради малку посиромашната опрема за безбедност – резултатите за заштита на патници и деца се блиски до моделите со 5 ѕвездички.
 
Одлична возачка позиција и добро поставени команди, но малку послаба прегледност
Секој возач ќе може лесно да се снајде зад воланот на Corsa, а и централната конзола е логично изведена и лесна за користење. Мултимедијалниот систем, со 7 инчен дисплеј на допир има многу функционалности, како на пример можност да се користи навигацијата на телефонот, но од друга страна е нејасен за користење, со лошо поставени икони и бавен. Исто така, прегледноста во предниот дел е малку послаба поради легнатите и широки A-столбови.
 
Целосно, кабината на Corsa изгледа солидно склопена, а дизајнерите фрлиле и по некој светкав материјал во поскапите модели за да ја разбијат монотонијата. Ова е дефинитивно еден од подобрите ентериери во ниската класа, иако пластиките се тврди на допир. Но, така е кај скоро сите модели во оваа класа.
 
Солидна удобност и на нашите патишта, но послаба динамика во кривините
Ако барате мал автомобил кој ќе биде и забавен за возење, избегнете ја Corsa. Додека модели како Fiesta и Swift делуваат како картинг, Corsa делува како поголем, потежок автомобил и не е толку забавна за возење во кривините, а особено разочарува недоволно директното управување, кое не го инволвира возачот во возењето.
 
Од друга страна, целосно сме задоволни со тоа како Corsa ги впива дупките од патот – тука е еден од најдобрите модели во класата. Ова е многу важно, особено за нашите градски улици. Од друга страна, на повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот и гумите во споредба со најдобрите во класата, но кабината не е премногу бучна.
 
Ниската цена ги маскира сите недостатоци
Кога зборуваме за најдобрите модели во ниската класа, често мислиме и на автомобили кои чинат преку 13.000 евра. Стартниот модел на Corsa чини многу помалку, а истото важи и за изведбите со посилни мотори и повеќе опрема. Воедно, доплатите не се премногу скапи, а и лесно е да се добие попуст кај дилерите на Opel за уште пониска цена.
 
Според тоа, Corsa е многу солидно остварување во ниската класа. Да, има недостатоци, но достижна е и за оние со поплиток џеб, нешто што не може да се каже за многу понови конкуренти. Ние би ја препорачале на сите кои бараат добро избалансиран автомобил од ниската класа, кој има пространа кабина, удобно возење и комфорна внатрешност, но избегнете ја доколку ви треба флексибилна кабина или голем багажник за подолги патувања.
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина и напред и назад
• Штедливи и брзи турбо бензински мотори
• Добра возачка позиција и логично изведена централна конзола
• Удобно возење – суспензијата добро ги впива дупките
• Задните врати се отвораат широко за лесно влегување (или ставање поголеми предмети назад)
• Ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Багажникот е под просекот во класата
• Со спуштање на задната клупа не се добива целосно рамен под
• Послаба динамика во кривините
• Бучни и неекономични атмосферски бензинци


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Opel Corsa  

ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Напишан од ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ  пред  околу 59 месеци
ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Напишан од ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ  пред  околу 59 месеци
ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Напишан од ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ  пред  околу 59 месеци
ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Напишан од ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ  пред  околу 59 месеци
УБАВО АМА НЕМИ СЕ ДОПАЃА
Напишан од УБАВО АМА НЕМИ СЕ ДОПАЃА  пред  околу 60 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
Citroën C3
 
Citroën C3
9890 - 15490
Suzuki Swift
 
Suzuki Swift
11290 - 16490
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мали хечбек модели
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero9550 €
Dacia Sandero Stepway10450 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta - 201814000 €
KIA Rio10990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Nissan Micra11500 €
Peugeot 20812639 €
Renault Clio12190 €
Seat Ibiza - 201815370 €
Škoda Fabia9940 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift11290 €
Toyota Yaris11690 €
Volkswagen Polo15435 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Opel

www.opelauto.com.mk

Импортер за Македонија
Олимпија Моторс

Тел: 02 / 2 600 - 303

Адр:

Работно време: 
сабота: 


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Opel модели
Adam Adam Rocks *
Adam S - 2018 Astra
Astra GTC Astra Sedan
Astra Sports Tourer Cascada
Combo Tour Combo Van
Corsa Corsa OPC - 2018
Corsa Van Crossland X - 2018
Grandland X - 2018 GTC OPC - 2018
Insignia Grand Sport - 2018 Insignia Hachback OPC - 2018
Insignia Hochback OPC - 2018 Insignia Sports Tourer - 2018
Insignia Sports Tourer OPC - 2018 Mokka X
Movano Van Vivaro
Zafira





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook