дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Toyota > Toyota Auris > Краток опис за моделот
Toyota Auris Toyota Auris
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 17050
веќе од 284 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.8
Изглед
4.5
Перформанси
4
Возна динамика
5
Зад управувачот
5.7
Удобност
6
Простор и практичност
5
Квалитет и доверливост
6.5
Цена/Опрема
6
Трошоци за користење
7.3
Безбедност и сигурност
8.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Поспортски однадвор, но и натаму удобен и рафиниран

Факт е, Toyota почна да внесува малку повеќе динамика во своите нови модели, но и натаму, купувачите на брендот бараат пред се квалитет, удобност и рафинираност. Новиот Auris можеби изгледа поспортски однадвор, но воглавно е рафиниран и удобен автомобил.


Моторизацијата вклучува два бензински и два дизел мотори, познати од претходниот модел. Освен основниот бензинец, кој треба навистина добро да се исцеди за да има добар прогрес напред, другите мотори имаат задоволителни перформанси. Сепак, со 1,6 литарскиот бензинец и 2,0 литарскиот дизел се добива и мултилинк задна оска, па вреди да се размисли за доплатата, која и не е многу голема во однос на помалите мотори.
 
Во поглед на динамиката во возењето, видлив е голем напредок во однос на претходната генерација, но Auris и натаму не е агилен како најдобрите во класата, а има и помалку прецизно управување. Затоа, удобноста е на многу високо ниво, како и целосната рафинираност на подвозјето кое скоро и да не испушта звуци при поминување преку поголеми дупки. Одлична е и звучната изолација.
 
Внатрешноста, и покрај задржувањето на надворешните димензии, е попространа во однос на претходникот и е меѓу најдобрите во класата. Багажникот сепак брои само 360 литри, што е под просекот во сегментот на компактите. Ергономијата зад управувачот е одлична, а особено се прегледни и достапни командите кои се изведени со големи и читливи копчиња. Единствен проблем е прегледноста во задниот дел, но Toyota нуди камера за возење назад уште во второто ниво на опрема.
 
Опремата е богата уште во основниот модел, па така автоматската клима и целосниот сет контроли за безбедноста се достапни стандардно. Моментално, цена е и пониска од таа на стариот модел и е конкурентна со германските и јапонските конкуренти. Auris во своето портфолио го има и извиканиот квалитет на возилата на Toyota, а тоа се забележува и во внатрешноста, која конечно доби мека пластика, но и натаму не е накитена со луксузни детаљи, како хром или слично.
 
Исклучително рафиниран и удобен, новиот Auris и натаму е класична Toyota кога е во прашање квалитетот на возењето. Изгледа и многу подинамично од својот претходник, но и натаму заостанува зад најдобрите во класата кога е во прашање агилноста во возењето. Сепак, за оние што сакаат пред се смирено и рафинирано возење, Auris е еден од најдобрите модели во класата.
 
 
НИВО НА ОПРЕМА
 
 
1-во ниво | TERRA
  • Антиблокирачки с-м за сопирање+ Електорнска распределба на силата на сопирање+ Систем за помош при сопирање (ABS+EBD+BA)
  • Систем за контрола на стабилноста на возилото (VSC)
  • Систем за контрола на влечната сила (TRC)
  • Предно воздушно перниче, возач и совозач
  • Странично воздушно перниче, возач и совозач
  • Заштитни воздушни завеси, напред и назад
  • Воздушно перниче за колена, возач
  • Електрични странични ретровизори со грејачи со вградени трепкачи, во боја на каросерија
  • Аудио контроли на управувачот
  • Радио-CD, MP3 подршка и USB влез со 4 звучници
  • Централна брава со далечинско управување
  • Електрика на предни прозори
  • LED дневни светла
  • Управувач регулиран по височина и длабочина
  • Систем за помош при тргнување на нагорнина (НАС)
  • Мулти-информационен дисплеј (борд комјутер)
  • Автоматска клима
  • Електричен серво управувач
  • Деливи (60:40) задни седишта
  • Гуми 195/65R15 со челични тркала
  • Би-халогени предни фарови ос функција "Follow me home"
  • Bluetooth
  • LED задни светла
  • Резервно тркало за привремена употреба 125/70/17
 
ПРЕДНОСТИ
• Висока удобност
• Одлична рафинираност и звучна изолација
• Пространа кабина
• Одлична ергономија
• Богата опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Бензинските мотори бараат високи вртежи за добри перформанси
• Премногу лесно и недоволно прецизно управување
• Багажникот заостанува зад конкуренцијата (360 литри)


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Toyota Auris  

TOJOTA E TOJOTA HEMA ЗБОР
Напишан од TOJOTA E TOJOTA HEMA ЗБОР  пред  околу 64 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 67 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 67 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 67 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 67 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Ford Focus - 2018
 
Ford Focus - 2018
18400 - 39000
Volkswagen Golf VII
 
Volkswagen Golf VII
19996 - 50626
Renault Megane
 
Renault Megane
16990 - 37990
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компакти
 
Citroën C413990 €
Fiat Tipo - 201713000 €
Ford Focus13990 €
Ford Focus - 201818400 €
Honda Civic - 201723990 €
Hyundai i30 - 201814500 €
KIA Ceed - 201813990 €
Mazda 316980 €
Mazda 3 - 2019 *16980 €
Opel Astra17413 €
Peugeot 30817020 €
Renault Megane16990 €
Seat Leon18080 €
Toyota Corolla Hatchback - 201917990 €
Volkswagen Golf VII19996 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Toyota

www.toyota.com.mk

Импортер за Македонија
Тојота Авто Центар

Тел: 02 / 3088 - 800

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 18:00 (сервис до 16:00)
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Toyota модели
Auris Aygo
Camry - 2019 C-HR
C-HR - Hybrid Corolla Hatchback - 2019
Corolla Hatchback Hybrid - 2019 Corolla Sedan - 2019
Corolla Sedan Hybrid - 2019 Corolla Touring Hybrid- 2019
Corolla Touring Sports - 2019 Hilux - 2016
Land Cruiser - 2018 Prius Hybrid
Proace RAV4 - 2019
RAV4 Hybrid - 2019 Yaris
Yaris Hybrid





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook