дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Seat > Seat Ateca - 2017 > Краток опис за моделот
Seat Ateca - 2017 Seat Ateca - 2017
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 20041
веќе од 334 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Seat Ateca: Спортски, но недоволно удобен компактен SUV

Со лансирањето на Ateca, Seat го означи влезот во SUV сегментот на возила, каде продажбата продолжува нагло да расте. И самата Ateca има одлични бројки на продажба на европскиот конкурент – шпанскиот производител не може да постигне со производството за да ги задоволи барањата на купувачите.


Но, дали е тоа последица на вистинските квалитети на Ateca или пак на дизајнот, односно одлична маркетинг стратегија? Во оваа класа на возила веќе има многу етаблирани модели, како Kia Sportage и Hyundai Tucson, а и импресивни новодојденци како Peugeot 3008, што работите за Ateca ги прави уште потешки. Па, има ли Шпанецот доволно адути за да биде најдобриот избор во класата?

Кабината е доволно пространа, но не нуди флексибилност како многу од конкурентите

На предните седишта во Ateca има многу простор – тука без проблем ќе се сместат и луѓе високи два метри. Задната клупа е исто така пространа, но не очекувајте кралски нивоа на комфор – задниот наслон не се навалува и е премногу исправен, што ги прави подолгите патувања на задните седишта позаморни.

Некои ќе речат дека ова е непотребна забелешка за автомобил од оваа класа, но многу од конкурентите тука нудат задна клупа која има наслон кој може да се навали и се многу, многу подобри за долги патувања, како на пример Kia Sportage. На големината на багажникот пак немаме забелешки – тој има 510 литри, што е меѓу најдобрите резултати во класата, но тука престануваат добрите зборови. 

Покрај тоа што наслоните не се навалуваат, задната клупа не се лизга напред/назад за да се ослободи повеќе простор во багажникот (повторно, достапно кај многу конкуренти), а истата се спушта само во сооднос 60:40 – конкурентите се спуштаат во сооднос 40:20:40, кој овозможува сместување на двајца патници назад и подолги предмети во багажникот, како скии. Тоа нема да може да го направите во Ateca, што е голем минус за модел кој сигурно ќе се користи за зимски одмори.

Ентериерот не остава премиум впечаток. Всушност, делува евтино

Да немаше автомобили како Peugeot 3008 во оваа класа на возила, ќе кажевме дека кабината на Ateca е доволно квалитетна. Сепак, таа е преземена целосно од Leon и квалитетот на материјалите едноставно не е на нивото на кое се очекува да биде еден толку скап автомобил. Тука особено пречи монотониот дизајн и тоа што кабината е облечена во целосно иста боја насекаде. За истите пари може да ни текне на дузина автомобили со ентериери од многу повисока класа.

Други забелешки за кабината нема – низ неа има доволно места за одлагање на ситници и пијалаци, но само во рамките на класата. Денес, скоро секој SUV има многу места за ситници.

Спортски динамичен, но премногу тврд, особено на задната клупа

Кажавме горе дека задната клупа не е место каде ќе сакате да поминете многу километри? Ова е особено нагласено на нашите патишта – Ateca нервозно поминува преку дупките и за наш вкус пренесува премногу удари во внатрешноста, многу повеќе од конкурентите. Би рекле и дека е тврд автомобил, што особено се чувствува на задните седишта.

Разбираме, Seat тука сакал да направи „спортски“ SUV, но на кој навистина му треба таков автомобил? Ateca можеби вози најдобро во својата класа по кривините, но динамиката и натаму е далеку послаба од еден компактен автомобил, како на пример Leon. Навистина, не ја разбираме потребата од спортско возење во еден семеен SUV, особено ако таа одзема на удобноста во возењето.

Од друга страна, забелешки на звучната изолација и немаме – моторите се тивки и рафинирани, а на високи брзини не се слуша премногу звук од ветерот и гумите. Но, повторно, тука Ateca е само конкурентна на другите модели во класата – ништо особено импресивно.

За среќа, возачот ќе биде и прилично удобно седнат во своето седиште, а благодарение на подесувањето на воланот и седиштата во сите правци, лесно е да се најде идеалната позиција. Ни се допаѓа и распределеноста на командите на централната конзола, а мултимедијалниот систем на допир е еден од најдобрите во класата, со јасни команди и добро дизајниран и брз кориснички интерфејс.

Избегнете го 1,0 TSI бензинецот – другите мотори се економични и нудат солидни перформанси

Почетната цена на Seat Ateca можеби делува примамливо и поевтино од многу модели во класата, но основниот 1,0 TSI бензинец со 115 КС се мачи со тешката каросерија и препорачуваме да се избегне. Нашиот избор паѓа на 1,4 TSI бензинецот, бидејќи нуди одлични перформанси и ниска потрошувачка од околу 9,5 литри во град и 6,5 литри на отворен пат (повисока за литар кај моделот со 4х4 погон). Дизелот со 150 КС пак исто така нуди одлични перформанси, но е многу побучен од бензинецот, особено при забрзување. Наша препорака е и да ги погледнете моделите со DSG автоматски менувач, кој е брз во менувањето и не троши повеќе од мануелниот.

Кој модел и да го одберете, цената ќе биде повисока од многу конкуренти. Всушност, подобро опремените модели навлегуваат во повисоката класа на SUV возила, како на пример RAV4, кој во хибридна изведба е поевтин од Ateca во дизел изведба со автоматски менувач. Притоа, разликата во квалитет е огромна. 

 

Но, ајде да не одиме толку далеку – Peugeot 3008 има многу полуксузен ентериер, покомфорна задна клупа, поголем багажник, потивко и многу поудобно возење и може да се купи за слични пари, со единствен недостаток што нема модел со погон на сите четири тркала (но има напреден систем за предниот погон за возење на терен). Или, ако сакате да потрошите помалку пари, Kia Sportage нуди повеќе простор, многу покомфорна задна клупа, флексибилен ентериер и многу поудобно возење, за неколку илјади евра помалку. Проверете ги сите модели во класата пред да го истурите кесето за Ateca – ќе ни бидете особено благодарни!

 

НИВОА НА ОПРЕМА

 

1-во ниво | REFERENCE

  • 7 воздушни перничиња (2 предни + 2 странични + 2 завеси + воздушно перниче за колена на возачот) 
  • Можност за деактивација на совозачко воздушно перниче 
  • Потсетник за неврзан појас на сите седишта 
  • ABS + ASR + ESP + XDS 
  • Безбедносен пакет: Индикатор за притисок во пневматици + детектор на замор 
  • 2 iSOFIX и 2 Top Tether за прицврстување на детски седишта на задната клупа 
  • Челични фелни Urban 16" 36/1 пневматици 215/60 R16 95V 
  • Мало резервно тркало со алат и дигалка 
  • Кровни шини во црна боја 
  • Рачки на врати и куќишта на ретровизори во црна боја
  • Хромирана рамка на решетката напред 
  • Сокриена единечна издувна цевка
  • Комфорна суспензија
  • Централно заклучување со далечински управувач и селективно отворање на багажникот 
  • Електрика на предни и задни стакла 
  • Електрично прилагодување на надворешни ретровизори
  • Автоматски клима уред "Climatronic" 
  • Електрична паркирна кочница со Autohold функција 
  • Индиатор за препорачан степен на пренос
  • Халогени предни светла со двојна оптика и LED дневни светла
  • Предни светла за магла со аголно осветлување
  • Media System Color: радио со 6.5" екран во боја чувствителен на допир 8 звучници USB Aux-in SD
  • картичка Bluetooth
  • Темпомат
  • Front assist: Асистент при ризик од фронтален судар 
  • 12 v приклучок напред 
  • Светла за читање напред 
  • Комфорни седишта 
  • Прилагодување на возачко седиште по висина 
  • Деллива преклоплива задна клупа 
  • Наслон за рака напред со кутија и држач за чаши
  • Можност за прикачување торби на закачалки во багажниот простор

 

 

2-ро ниво | STYLE
Содржи се што има REFERENCE, плус:

  • Алуминиумски фелни Dynamic 17" 36/1 пневматици 215/55 R17 94V
  • Хромирани кровни шини и хромирани рамки на прозорите
  • Рачки на врати и куќишта на ретровизори во боја на каросерија
  • LED задни светла
  • Сензори за паркирање позади
  • "Convenience" пакет: сензор за автоматско вклучување на фаровите Coming Home & Leaving Home функција 
  • сензор за дожд 
  • внатрешен ретровизор со автоматско затемнување
  • Светла за читање напред и позади 
  • амбиентално осветлување напред и во пределот на нозете
  • Мултифункционален кожен управувач (со Tiptronic кај DSG) 
  • рачка на менувачот обложена со кожа 
  • Прилагодување на возачко и совозачко седиште по висина и лумбарно 
  • Фиока под возачко седиште
  • Наслн за рака позади и механизам за лесно преклопување на задната клупа во багажникот

 

 

3-то ниво | EXCELLENCE
Содржи се што има STYLE, плус:

  • Алуминиумски фелни Performance 18" 36/1 пневматици 215/50 R18 92W.
  • Кај модели 4Drive пневматици 225/50 R18 95W
  • Затемнети стакла
  • Рачки на врати и куќишта на ретровизори во боја на каросерија со периметарско осветлување во ретровизорите (welcome light)
  • Видлива двојна издувна цевка
  • Keyless entry+go = отклучување и стартување на моторот без клуч
  • SEAT Full LED + LED дневни светла
  • Park assist: Помош при паралелно паркирање и сензори за паркирање напред и назад
  • Камера со поглед назад
  • Навигациски систем: 8" екран во боја чувствителен на допир 8 звучници Aux-in CD 2xSD картички
  • 4xUSB Bluetooth говорно давање наредби (задолжително со PZ1 или PZ2)
  • SEAT Drive Profile: избор на профил на возење
  • Адаптивен темпомат + Front assist
  • LED внатрешно осветлување + мултиколор амбиентално осветлување. Осветлена фиока пред
  • совозачот и светло во багажникот
  • Алантара спортски седишта во кафена боја (кафена инструмент табла)
  • Плафон во црна боја
  • Алуминиумски лајсни на праговите на предните врати

 

 

4-то ниво | FR
Се што има EXCELLENCE, плус:

  • Алкантара спортски седишта во црна боја (црна инструмент табла)
  • Алуминиумски навлаки на педалите
 
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина и напред и назад
• Голем багажник од 510 литри
• Високо ниво на динамика во возењето
• Штедливи и брзи TSI и TDI мотори
• Одлична возачка позиција и високо ниво на ергономија
• Добар мултимедијален систем
НЕДОСТАТОЦИ
• Задната клупа не е флексибилна како кај другите компактни SUV модели
• Наслон на задните седишта не се навалува – конкурентите се покомфорни на долги патувања
• Премногу тврдо возење, особено изразено на нашите патишта
• Ентериерот делува евтино, особено кај помалку опремените модели


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Seat Ateca - 2017  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Nissan Qashqai
 
Nissan Qashqai
21590 - 36590
Ford Kuga MCA
 
Ford Kuga MCA
23300 - 48300
Citroën C5 Aircross - 2019
 
Citroën C5 Aircross - 2019
21990 - 37390
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV Компактни
 
Citroën C5 Aircross - 201921990 €
Ford Kuga MCA23300 €
Great Wall Hover H5 12034 €
Hyundai Tucson17777 €
Hyundai Tuscon - 201818990 €
Jeep Compass - 201725000 €
Jeep Renegade23000 €
KIA Sportage - 201716950 €
Mitsubishi Eclipse Cross23980 €
Nissan Qashqai21590 €
Opel Grandland X - 201823525 €
Peugeot 300822490 €
Renault Koleos - 201734500 €
Ssang Yong Korando17200 €
Volkswagen Tiguan30443 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Seat

www.seat.com.mk

Импортер за Македонија
КА-ДИС

Тел: 02 / 3076 - 400

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 16:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Seat модели
Arona - 2018 Ateca - 2017
Ibiza - 2018 Leon
Leon Cupra Leon ST
Leon ST Cupra Tarraco - 2019 *





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook