дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Mercedes-Benz > Mercedes-Benz E-Class > Краток опис за моделот
Mercedes-Benz E-Class Mercedes-Benz E-Class
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 49980
веќе од 833 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Mercedes E-Class: Бенчмарк во класата

Најпопуларниот автомобил во бизнис светот, во новата генерација донесува доза на луксуз која пред тоа беше достапна само во S Class. Воедно, многу важно за купувачите, E-Class не загуби на вистинските вредности – патниците и натаму ќе бидат почастени со супер удобно возење и високо ниво на комфор, како што се очекува од еден вистински Mercedes-Benz.


Но, денес многу конкуренти исто така можат да се пофалат со удобно и рафинирано возење и многу комфор во кабината, па на E Class му треба многу повеќе од тоа. Му треба високо ниво на технологија и детали кои ќе го разликуваат од останатите модели во сегментот. Текстот подолу ќе ви открие дали новата E Class ги има сите тие адути.

 
Лежерно и комфорно возење – тука без проблем ќе поминете многу километри
Mercedes E Class е достапен со неколку типови на суспензија, но ние би се задржале на обичната „челична“ и воздушната кај сите модели, освен E43. Овој последниот има воздушна суспензија, но подесена повеќе на спортско доживување и ние би ја избегнале – воопшто не одговара на карактерот на ова возило.
 
Другите две изведби имаат супер удобно возење, како на волшебен килим. Всушност, основниот пакет е толку добар, што нема ни потреба да се доплати за воздушна суспензија, освен ако таа не доаѓа автоматски со таа изведба (кај помоќните V6 мотори). Возењето е особено удобно на автопат, каде ќе се чувствувате како буквално да летате, а не да се возите на пат. Импресивно.
 
Mercedes тука исправи и неколку недостатоци на претходникот – сега и дизелските мотори се тивки и не работат со премногу вибрации, додека звучната изолација е на највисоко ниво. Како и да е, за максимална тишина на повисоки брзини, препорачуваме да се избегнат моделите со тркала над 17 инчи и многу широки гуми.
 
Покрај начинот на кој вози, E Class ги разгалува патниците и со многу комфор во ентериерот и на удобните предни и на задни седишта. Ние сепак би ги избегнале моделите со панорамски покрив, кој одзема од просторот за глава на задната клупа. Доколку не планирате превоз на патници назад, тој пак визуелно го зголемува просторот во кабината. Багажникот пак е само задоволителен – има 540 литри, што е солидно, но е 20 литри помалку од BMW 5 Series.
 
Не е динамичен, но е импресивно стабилен
И покрај помеко подесената суспензија, E Class е автомобил во кој ќе се чувствувате безбедно и на многу повисоки брзини – стабилноста е на многу високо ниво. Сепак, динамиката на кривулестите патишта не е на нивото на BMW 5 Series или Jaguar XF, но тоа и не ни пречи, бидејќи во „нормалните“ верзии, односно оние кои немаат AMG амблем, тоа и не е потребно.
 
Она што е потребно е на возачот да му биде удобно зад воланот подолго време и E Class тука поминува со највисоки оценки. Седењето зад воланот е супер удобно, со испружени нозе и лесно достапни команди, а седиштето е супер удобно и одлично го држи телото во свиокот. 
 
Воедно, на возачот му се достапни мал милион информации, без да има потреба да го тргнува многу погледот од патот, благодарение на тоа што дисплеј инструмент таблата е поврзана со уште еден голем дисплеј од левата страна. Управувањето со толку многу информации е олеснето благодарение на централно поставениот управувач во долниот дел на централната конзола, но корисничкиот интерфејс е малку збунувачки – Audi и BMW тука се во предност.
 
Од достапните мотори во E Class, бензинецот во моделот E200 и дизелот во моделот E220d одлично прилегаат на возилото. Не се спортски, но се доволно еластични и доволно моќни за престигнувања на автопат, а трошат убедливо најмалку гориво – дизелот троши под 9 литри гориво во град и само 5,5-6 литри на отворено, додека бензинецот троши околу 3 литри повеќе. V6 дизелската изведба ја препорачуваме на оние кои сакаат максимум перформанси, бидејќи е и релативно економична. Која изведба и да ја купите, го препорачуваме автоматскиот менувач со 9 степени, кој брзи и меко ги менува степените.
 
Квалитетот во кабината одличен, но особено импресионира дизајнот
Додека во поглед на квалитетот, материјалите и изработката, E Class е рамо до рамо со Audi A6, дизајнот на ентериерот делува многу полуксузно од апсолутно сите конкуренти. Кога ќе влезете во E Class, едноставно ќе се чувствувате како да сте во многу поскапо, луксузно возило, со висока доза на авангарда и елеганција. Многу ни се допаѓа и внатрешното LED осветлување во повеќе бои, кое за многумина можеби е кич, но не може да се одрече дека додава на целосниот луксуз.
 
Цената е висока, но е конкурентна на BMW и Audi
Цените во средно високата класа, особено меѓу германските конкуренти, се многу слични, односно, високи. Скапи се и доплатите – ако „забегате“ со додавањето опрема, почетната цена може да се покачи за многу илјадници евра. Како и да е, и покрај тоа што во минатото важеше за автомобил кој е евтин за одржување, во претходните две генерации E Class не се покажува како особено доверлив и се сомневаме дека Mercedes ги има подобрено работите тука. Очекувајте да плаќате малку повеќе за сервиси.
 
Настрана од тоа, поради сите квалитети кои ги поседува, а особено достапната технологија, луксузот понуден во внатрешноста и високото ниво на комфор и удобност, не можеме а да не го препорачаме E Class. Според нас, во моментов тој е најдобриот модел во својата класа – вистинска бизнис лимузина.
ПРЕДНОСТИ
• Исклучителна удобност во возењето
• Внатрешноста нуди многу комфор во сите правци
• Моторите се рафинирани, а звучната изолација на многу високо ниво
• Внатрешноста има амбиент ненадминат во оваа класа
• Дизел моторите се брзи и штедливи
• Високо ниво на технологија во ентериерот
НЕДОСТАТОЦИ
• Не е добар во кривините како конкурентите
• Високи трошоци за одржување
• Скапи доплати


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Mercedes-Benz E-Class  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mercedes-Benz E-Class
 
Mercedes-Benz E-Class
49980 - 148990
Audi A6
 
Audi A6
52398 - 68808
BMW Серија 5 Gran Turisimo
 
BMW Серија 5 Gran Turisimo
62300 - 86600
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Лимузини
 
Audi A652398 €
BMW Серија 5 Gran Turisimo62300 €
Lexus GS53500 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Mercedes-Benz

www.mercedes-benz.mk

Импортер за Македонија
МакАутоСтар

Тел: 02 / 2 580 - 000

Адр: ул. Индустриска 2

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Mercedes-Benz модели
A-Class B-Class
C-Class C-Class Cabriolet
C-Class Coupe C-Class Estate
CLA CLA Shooting Brake
CLS CLS Shooting Brake
E-Class E-Class Cabriolet
E-Class Coupe E-Class Estate
G-Class GLA
GLA AMG GLC AMG
GLC Coupe GLC Coupé AMG
GLC SUV GLE AMG
GLE Coupe GLE Coupé AMG
GLE SUV GLS
GT AMG S-Class
S-Class Cabriolet S-Class Coupe
S-Class Sedan AMG SL
SLC SLS AMG
V-Class





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook