дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Hyundai > Hyundai Tucson > Краток опис за моделот
Hyundai Tucson Hyundai Tucson
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 17777
веќе од 296 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Hyundai Tucson – функционално решение за фамилијарниот купувач

Растот на популарноста на SUV автомобилите се должи воглавно на две работи – имиџот кој го носат и функционалноста и пространоста која ја нудат. Hyundai, со претходната генерација на својот компактен SUV погоди многу од тие потреби на купувачите, притоа нудејќи го ix35 по прилично ниска цена.


Сега, тие го променија името – старо/новото Tucson треба да донесе важни подобрувања, особено во делот на квалитетот на ентериерот и имиџот, нешто што го постигнува, но дали е тоа доволно за напад на етаблираните конкуренти?

Цената секако дека е повторно број еден адут на ова Hyundai – таа е пониска од моделите на конкуренцијата за 20-30%, што секако не е за потценување. Исто така, за пофалба е и понудената опрема, која е доволно богата уште во основниот модел, а неретко се случува Hyundai да понуди и специјални изведби кои имаат повеќе опрема и пониска цена.

Но, ова е нешто кое секое Hyundai досега го прави без грешка. Нас повеќе не интересира што направи корејскиот производител со другите забелешки кај претходниот модел. Како прво, кабината доби по неколку сантиметри во секоја насока и сега простор и на предните и на задните седишта има и повеќе од доволно. Не само тоа – задната клупа има наслони кои се навалуваат за максимален комфор при патување, што е за голема пофалба.

Покрај делот за патниците, зголемен е и багажникот на респектабилни 488 литри, кои лесно ќе ги проголтаат сите торби на патниците, а низ кабината има и доволно големи места за одлагање ситници. Не помалку важно, задната клупа лесно се спушта во сооднос 60:40 за целосно рамен под, за товарање на уште поголеми предмети. Всушност, за функционалноста на кабината на Tucson не само што немаме забелешки, туку слободно ќе кажеме дека е една од најдобрите во класата.

Hyundai има постигнато и голем напредок во начинот на кој Tucson вози – автомобилот не се навалува премногу во кривините, а удобноста е на доста солидно ниво и покрај тоа што суспензијата е малку потврдо подесена. Сепак, како и со скоро секој модел на Hyundai досега, забелешки на управувањето, кое не е доволно прецизно и не враќа апсолутно никакви информации од подлогата, што е лоша вест за спортски настроените возачи.

Од друга страна, немаме забелешки на возачката позиција – тука секој ќе може да го најде своето идеално седење, а мултимедијалниот систем со 8 инчен дисплеј на допир, кој се добива од второто ниво на опрема, е лесен и интуитивен за користење, со поважните команди, како онаа за гласноста и менување на станиците, изведени надвор од него за полесно користење кога се движи автомобилот.

За жал, Hyundai не го адресираше еден од поголемите проблеми на претходникот ix35, а веројатно и на многу други модели – звучната изолација и рафинираноста. На повисоки брзини, Tucson е гласен повеќе од очекуваното и се слуша особено многу звук од ветерот и гумите, додека дизелскиот 1,7 литарски мотор е многу гласен и нерафиниран и апсолутно не одговара на карактерот на возилото.

Штета, зошто според ефикасноста кои ги нуди, тој е најдобриот избор во гамата – троши околу 7-7,5 литри во град, односно 5,5 до 6 литри на отворено. Тој сепак нема да понуди којзнае какви перформанси, но нема ниту основниот 1,6 литарски бензинец, кој треба добро да го завртите за да постигне високи брзини, а воедно троши над 10 литри гориво во град. Помоќниот дизел е брз, но бидејќи се нуди само со изведба со 4WD погон троши околу 9 литри во град и е прилично скап, а истото важи и за турбо бензинецот.

Измешаните чувства од моторизацијата остануваат и кај квалитетот. Додека Hyundai важи за производител кој прави навистина доверливи автомобили, кабината не остава таков впечаток – пластиката е исклучително тврда на допир и делува евтино и визуелно. Дефинитивно, во класата има модели со многу поквалитетни материјали.

Што не носи до заклучокот, во кој Hyundai повторно не успеа да направи целосно убедлив автомобил. Од една страна, Tucson има пространа кабина и голем багажник, со акцент на високото ниво на функционалност, но од друга страна е многу бучен во возење, има многу слаби основни мотори и евтини пластики во кабината. Во време кога секој производител се обидува да вгради некој премиум елемент во своите модели, Hyundai го направи токму спротивното.

Затоа, доколку не ви пречи малку погласно возење и поевтина пластика, ниската цена на Tucson може да ги оправда овие недостатоци, особено што и понудената опрема не е воопшто слаба. Но, не помислувајте дека поскапите конкуренти немаат што повеќе да понудат

ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина и напред и назад
• Голем багажник со 488 литри
• Задната клупа се навалува за подобар комфор при долго возење
• Изненадувачки добра динамика во возењето и стабилност и на повисоки брзини
• Ниска цена и прилично богата опрема
• Штедлив 1,7 литарски дизел
• Мултимедијалниот систем со 8 инчен дисплеј е лесен и интуитивен за користење
НЕДОСТАТОЦИ
• Многу бавни основни мотори
• Висока потрошувачка од 1,6 бензинецот
• Гласен 1,7 литарски турбо дизел
• Евтина пластика во внатрешноста
• Бучава од ветерот и гумите на повисоки брзини


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Hyundai Tucson  

Jas sum interesiran za vakof xhip da go zemam na rati kaj mozeme da dobieme po detalni informaci moj broj e 075 886 698
Напишан од Jumni rahmani  пред  околу 25 месеци
dobar e
Напишан од stevco  пред  околу 96 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Ford Kuga MCA
 
Ford Kuga MCA
23300 - 48300
Nissan Qashqai
 
Nissan Qashqai
21590 - 36590
Seat Ateca - 2017
 
Seat Ateca - 2017
20041 - 34730
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV Компактни
 
Citroën C5 Aircross - 201921990 €
Ford Kuga MCA23300 €
Great Wall Hover H5 12034 €
Hyundai Tuscon - 201818990 €
Jeep Compass - 201725000 €
Jeep Renegade23000 €
KIA Sportage - 201716950 €
Mitsubishi Eclipse Cross23980 €
Nissan Qashqai21590 €
Opel Grandland X - 201823525 €
Peugeot 300822490 €
Renault Koleos - 201734500 €
Seat Ateca - 201720041 €
Ssang Yong Korando17200 €
Volkswagen Tiguan30443 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Hyundai

www.hyundai.com.mk

Импортер за Македонија
Кореа Ауто Трејд

Тел: 02 / 3095 - 525

Адр: ул. Скупи 3а

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Hyundai модели
Elantra Grand Santa Fe
i10 i20 - 2018
i30 - 2018 i30 N - 2018
i30 Tourer - 2018 i40
i40 Estate Ioniq
ix20 Kona - 2018
Santa Fe - 2018 Tucson
Tuscon - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook