дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Dacia > Dacia Lodgy > Краток опис за моделот
Dacia Lodgy Dacia Lodgy
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 14500
веќе од 241 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
3.6
Изглед
1.5
Перформанси
3
Возна динамика
1.3
Зад управувачот
3.7
Удобност
3.5
Простор и практичност
8.5
Квалитет и доверливост
2
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
4
Безбедност и сигурност
3.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Компромис на скоро секое поле

Веќе и очекувано, најновата Dacia нуди многу лим за парите, но во скоро секој друг поглед заостанува зад конкуренцијата. Сепак, моделот е наменет за посиромашните источни пазари и се обидува да ги задоволи потребите токму на тој купувач. Механиката е актуелната на Renault (нема веќе стари мотори), што ветува барем солидни перформанси и ниска потрошувачка, но секако не и доверливост, која не е силна страна ниту на францускиот бренд...


Тој многу лим што го споменавме, придонесува за исклучително пространа внатрешност. Всушност, во оваа категорија, Lodgy може да засрами и многу дупло поскапи конкуренти! Доволно простор има дури и во третиот ред на седишта, додека практичноста е на многу високо ниво – седиштата лесно се преклопуваат, додека низ кабината има многу места за одлагање ситници. Багажникот брои неверојатни 827 литри (!) и има многу низок раб на товарање, што е уште еден плус за практичноста. Седиштата, сепак, не се особено удобни при подолги патувања, додека седењето зад воланот е многу високо.

Пространата внатрешност е придружена и со прилично удобно возење. Но, претерано меко подесената суспензија драматично ги влошува возните својства и ќе отидеме дотаму што ќе кажеме дека Lodgy дури и делува небезбедно при повисоки брзини. Претерано се навалува и носот често знае да пролизга надвор од зададената линија, дури и при средни брзини. Слаба е и рафинираноста – вибрации од моторот добро се чувствуваат во внатрешноста, додека звучната изолација е на ниско ниво и кабината е многу бучна при повисоки брзини.
 
Потрошувачката е солидна кај сите мотори, освен кај основниот бензинец со 85 КС, кој троши премногу гориво, односно преку 9 литри во просек, 11,5 до 12 во град и 7,5 до 8 литри на отворено. Турбо бензинецот со 115 КС троши околу литар и пол помалку, но дизелите се вистинските штедливци. Помалиот, со 90 КС, троши 6 литри во просек, односно 7 литри во град и 5 на отворено. Посилниот дизел троши околу половина литар повеќе гориво. Според понудените перформанси, препорака е дизелот со 90 КС, особено поради тоа што Lodgy и не сака многу брзо возење.
 
Квалитетот, очекувано, не е на ниво на поскапите конкуренти. Во внатрешноста има евтина пластика насекаде, додека изработката е само просечна, но се тоа е очекувано со оглед на многу ниската цена, скоро дупло помалку од некои конкуренти. Со оглед на тоа што ја користи механиката на Renault, не смее да очекуваме ни доверливост од Lodgy. Романскиот модел значително заостанува и во поглед на безбедноста, со освоени 3 ѕвездички на тестот на EuroNCAP, што секако не е за пофалба.
 
Но, за македонскиот пазар, каде буџетот на купувачот е ограничен, ова е веројатно недостаток кој може да се проголта, иако ние секогаш сме се противеле на намалена безбедност. Lodgy нуди навистина многу простор и ќе биде добар избор за фамилијарните купувачи кои го бараат тоа, но треба да се биде спремен на многу компромиси. Dacia повторно не измисли топла вода, туку направи многу поевтин, но и генерално полош автомобил од конкуренцијата.
 
 
НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
 
1-во ниво | ESSENTIAL
  • 2 дополнителни седишта во трет ред 
  • Потпирачи за глава на сите седишта 
  • Предни странични воздушни перници за заштита на глава и граден кош 
  • Воздушни перници за возач и совозач 
  • Можност за исклучување на совозачко воздушно перниче 
  • Серво управувач Ндолжни кровни носачи во црна боја
  • Систем против блокирање на тркалата (ABS) 
  • Систем за помош при нагло кочење (AFU) 
  • Систем за контрола на стабилноста на возилото (ESP)
  • Систем за регулација на лизгање (ASR)
  • Далечинско централно заклучување
  • Рачно прилагодливи надворешни огледала во црна боја
  • Електрично отворање на стакла напред
  • Греено задно стакло со бришач
  • Деллива задна клупа 1/3-2/3
  • Подготовка за радио
  • 12V приклучок
  • Ссистем за помош при качување на нагорнини (HSA) 
  • Isofix систем за прицврстување на детски седишта одзади 
  • Безбедносни појаси во три точки Затворена фиока пред совозач
  • Предупредување за незакопчан безбедносен појас на возачот и совозачот 
  • Безбедносни појаси прилагодливи по висина напред 
  • Возачко седиште прилагодливо по должина и потпирач 
  • Комплет за поправка на гума Тапацир Ambiance
  • Индикатор за притисок во гуми Затемнети стакла
  • Индикатор за промена на брзина
  • Дневни светла
  • Систем Start & Stop
  • Челични тркала со украсни покривачи 15" Groomy
  • Надворешни рачки на вратите во црна боја
  • Средшна фиока помеѓу возачко и совозачко седиште со 12V приклучок
  • Вантрешност во темносива боја
  • Браници во боја на каросерија
 
 
 
2-ро ниво | COMFORT
Содржи се што има ESSENTIAL, плус:
  • Регулатор и ограничувач на брзина 
  • Клима уред 
  • Возачко саедиште и управувач прилагодливи по висина 
  • Странични прозори во 3 ред со отворање 
  • Безбедносни појасни напред прилагодливи по висина
  • Дополнителен ретровизор внатре за контрола на заднјите седишта 
  • Електрично импулсно отворање на прозор од возачка страна 
  • Масички на задниот дел од предните седишта
  • Мат хром надолжни кровни носачи
  • Светла за магла напред
  • Хромирани додатоци во внатрешноста
  • Електрично прилагодливи надворешни ретровизори во боја на каросерија
  • Челични тркала со украсни покривачи 15" Popster
  • Тапацир Laureate
  • Надворешни рачки на вратите во боја на каросерија
  • Кожен управувач
  • Радио, CD, MP3, AUX, Bluetooth, USB со команди на управувач
 
 
 
3то ниво |  STEPWAY PRESTIGE
  • 2 дополнителни седишта во трет ред 
  • Потпирачи за глава на сите седишта 
  • Предни странични воздушни перници за заштита на глава и граден кош
  • Воздушни перници за возач и совозач 
  • Можност за исклучување на совозачко воздушно перниче 
  • Серво управувач Греено задно стакло со бришач
  • Систем против блокирање на тркалата (ABS) 
  • Систем за помош при нагло кочење (AFU) Надолжни кровни носачи
  • Систем за контрола на стабилноста на возилото (ESP) 
  • Систем за регулација на лизгање (ASR) 12V приклучок
  • Ссистем за помош при качување на нагорнини (HSA) 
  • Isofix систем за прицврстување на детски седишта одзади 
  • Безбедносни појаси во три точки Возачко седиште и кожен управувач прилагодливи по должина
  • Предупредување за незакопчан безбедносен појас на возачот 
  • Безбедносни појаси прилагодливи по висина напред 
  • Возачко седиште прилагодливо по должина и потпирач
  • Комплет за поправка на гума
  • Индикатор за притисок во гуми 
  • Индикатор за промена на брзина 
  • Дневни светла  
  • Систем Start & Stop 
  • Светла за магла напред
  • Далечинско централно заклучување
  • Електрично прилагодливи надворешни ретровизори во сива dark metal боја
  • Електрично подигање на стакла напред
  • Деллива задна клупа 1/3-2/3
  • Импулсно подигање на возачко стакло
  • Патен компјутер
  • Странични прозори во 3 ред со отворање
  • Клима уред
  • Хромирани додатоци во внатрешноста
  • Регулатор и ограничувач на брзина
  • Flexwheel тркала 16’’ Dark Metal
  • Надворешни рачки на вратите во црна боја
  • Затворена фиока пред совозач
  • Средшна фиока помеѓу возачко и совозачко седиште со 12V приклучок
  • Браници во боја на каросерија
  • Тапацир Stepway
  • Масички на задниот дел од предните седишта
  • Затемнети стакла
  • SUV додатоци : облоги на браниците во црна боја и хромирани додатоци напред и позади
  • Мултимедиски системv Media Nav Evolution:
    •  7" екран осетлив на допир, USB, MP3
    •  навигација + картографија на Адриатик
 
 
 
4-то ниво | TECHROAD
Содржи се што има STEPWAY PRESTIGE, плус:
  • 16" двобојни Flexwheel тркала 
  • Тапацир TechRoad
  • Надворешни рачки на вратите во црна боја
  • Поединечни елементи во внатрешноста во црно-бела боја
  • Надворешни ретровизори во сјајно црна боја со матизирани елементи 
  • Прекривач за багажен простор
ПРЕДНОСТИ
• Многу простор во внатрешноста
• Огромен багажник
• Одлична практичност
• Ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Лоши возни својства
• Висока потрошувачка кај бензинците
• Слаба рафинираност и голема бучност
• Разочарувачки лоша безбедност
• Неквалитетна внатрешност


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Dacia Lodgy  

Одлична анализа
Напишан од Бобан  пред  околу 73 месеци
OVA E UTNATA INVESTICIJA
Напишан од OVA E UTNATA INVESTICIJA  пред  околу 75 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Ford C-MAX
 
Ford C-MAX
17400 - 33300
Citroën C4 Picasso - 2014
 
Citroën C4 Picasso - 2014
18990 - 27990
Opel Zafira
 
Opel Zafira
17488 - 25604
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Моноволумени компактни
 
Citroën C4 Picasso - 201418990 €
Ford C-MAX17400 €
Opel Zafira17488 €
Renault Scenic19490 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МОНОВОЛУМЕНИ - МАЛИ       МОНОВОЛУМЕНИ - КОМПАКТИ       МОНОВОЛУМЕНИ - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Dacia

www.dacia.mk

Импортер за Македонија
Аутомотив Груп - Dacia

Тел: 02 / 2 727 - 280

Адр: ул. Првомајска 21

Работно време:  09:00 - 17:00
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Dacia модели
Dokker Duster - 2018
Lodgy Logan
Logan MCV Sandero
Sandero Stepway





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook