дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Audi > Audi Q2 > Краток опис за моделот
Audi Q2 Audi Q2
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 27790
веќе од 463 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Audi Q2 – Повеќе стил, помалку реални SUV квалитети

Од сите премиум производители, Audi е најхрабар кога е во прашање влезот во нови сегменти на возила, особено оние пониските. По малиот (и непрактичен) A1, тие сега влегуваат и со мини SUV автомобил наречен Q2, кој во премиум класата и нема директен конкурент, односно со надворешните димензии повеќе конкурира на модели како Renault Captur, Suzuki Vitara и Nissan Juke.


Од друга страна, бидејќи се работи за Audi, за него ќе треба да платите и премиум цена, која е повисока од онаа на моделите од компактниот SUV сегмент. На пример, за помалку пари ќе може да купите и Peugeot 3008, автомобил кој ќе понуди драматично повеќе простор и функционалност или пак Toyota C-HR, која е подобар автомобил за возење и многу поудобен во исто време.

 
Тврдото подвозје го расипува целото возачко доживување
Моделот со Dynamic подвозје, иако насочен кон купувачите кои бараат помеко возење, е тврд и лесно подрипнува на честите дупки на нашите патишта, особено ако доплатите за 18 инчни тркала. Моделот со адаптивна суспензија делумно ги подобрува работите, но и во најкомфорниот мод не е удобен како конкурентите, а моделот S-Trim со спортско подвозје најдобро е да го избегнете, бидејќи пренесува премногу од патот во кабината.
 
Од друга страна, во поглед на тоа како вози, Q2 е еден од најдобрите SUV модели. Динамиката е на многу високо ниво и Q2 нема проблем со брзи промени на правецот, а доволно е стабилен и на повисоки брзини, што особено важи за моделите со Quattro погон. Исто така, звучната изолација е на многу високо ниво и на високи брзини може без проблем да се шепти во кабината, но избегнете ги моделите со поголеми тркала ако сакате максимална тишина.
 
Моторите се исто така прилично рафинирани, освен основниот 1,0 TSI бензинец со три цилиндри, кој има карактеристичен „рапав“ звук. Сепак, воглавно ова е еден од најрафинираните мали SUV автомобили и сето ова е само барање игла во сено.
 
Во кабината е прилично тесно за возрасни патници
Ако планирате многу долги патувања со вашиот SUV, Q2 не е најдобриот избор за вас. Задната клупа е прилично тесна – колената и главата допираат на седиштата напред, односно покривот, а и ширината на клупата не е доволна за трет патник во средината. Ако барате простор, има многу поевтини автомобили кои ќе понудат многу повеќе во секоја насока, како на пример Peugeot 3008 или пак Kia Sportage.
 
Багажникот исто така не е особено голем – има 405 литри, кои може да бидат и доволни за летен одмор, но конкурентите нудат и 100-тина литри повеќе и го олеснуваат планирањето на багажот. Воедно, иако кабината на Q2 нуди доволно места за одлагање на пијалаците, конкурентите се повторно подобри, а задната клупа не може да се лизга и нема наслони кои се навалуваат за зголемен комфор. Среќа што со спуштањето на клупата (60:40) подот е целосно рамен, што го олеснува товарењето на подолги предмети.
 
Најудобното место во Q2 е зад воланот
Возачката позиција во Q2 е скоро совршена и тука секој ќе го најде идеалното седење. Воедно, сите команди се на дофат на раката и читливи, а мултимедијалниот систем со MMI контролер е меѓу најдобрите на пазарот и ние немавме проблем да го користиме и во возење. Би било добро и останатите производители да позајмат од овој систем, а не да ставаат дисплеи на допир.
 
Прегледноста напред во Q2 е добра, пред се благодарение на потенките A носачи, но во задниот дел е влошена поради малите прозори и многу големиот C носач. Тука многу би помогнала камера за возење позади, но истата се доплаќа кај сите модели, дури и кај најскапите – „непремиум“ конкурентите ја нудат дури и во серија!
 
Од друга страна, немаме забелешки за тоа како е изработена кабината – материјалите се од висок квалитет и изработката е исклучително прецизна, но факт е дека многу „непремиум“ SUV автомобили оставаат подеднакво добар впечаток внатре, како на пример Peugeot 3008 и Toyota C-HR. Во превод, ова веќе не е предност на Q2 во однос на тие модели.
 
За моторизацијата нема замерки – штедлива и брза
Како и со секој Audi и тука купувачите имаат избор од неколку мотори со турбо полнач. Истите се доволно брзи и добро потегнуваат од пониски вртежи, но ние сепак би го избегнале најслабиот бензинец со три цилиндри и би го избрале 1,4 TSI со 150 КС. Овој мотор е најтивок од сите во понудата, овозможува одлични забрзувања (8,5 секунди до стотка) и троши 9,5-10 литри во град, односно околу 6,5-7 на отворено.
 
Од дизелите, основниот дизел со 116 КС е одличен избор за оние кои сакаат максимално ниска потрошувачка – троши под 7 литри во град со понежно возење, односно околу 5,5 на отворен пат, а е доволно еластичен да не треба многу често да посегнувате по менувачот. Кога сме кај менувачите, мануелните се супер прецизни, а автоматските се едни од најдобрите во сегментот – брзо и незабележително ги менуваат степените на пренос. Сепак, за нив Audi бара многу висока доплата од скоро 3.000 евра.
 
Многу висока цена и скапи доплати
Audi се надмина кога е во прашање цената на Q2, но во негативна конотација. Таа е драматично повисока во однос на конкурентите од „непремиум“ сегментот, а ова особено добива на тежина ако почнете да го полните автомобилот со опрема – доплатите се исклучително скапи. Да, Q2 е можеби поевтин од BMW X1 и Audi Q3, но во поглед на просторот и функционалноста е далеку од тие автомобили.
 
Според тоа, Q2 би го препорачале на возачи кои сакаат SUV автомобил кој изгледа добро однадвор, има премиум беџ и статус, брзи и штелидви мотори и кој вози одлично на асфалтен пат. Како и да е, добро возачко доживување ќе имаат само возачот и совозачот – задната клупа е премногу тесна за возрасни патници, багажникот не е претерано голем, а суспензијата не се справува најдобро со честите дупки на патиштата.
 
 

НИВОА НА ОПРЕМА
 
 
1-во ниво | BASIC
  • Алуминиумски фелни 5 крак дизајн, 6.5Jx16
  • Гуми 215/60 R16
  • Стандардни завртки на тркалата
  • Воздушни перничиња за возач и совозач
  • Странични воздушни перничиња 
  • Мануелно висинско подесување на возачкото седиште
  • Електрично подесиви надворешни ретровизори во боја на каросерија, со трепкач со LED светло 
  • Електрично подесување на предни и задни прозори
  • Деллива задна клупа
  • Мануелен клима уред
  • Прогресивен серво управувач
  • Електромеханичка паркинг кочница
  • Трокрак волан
  • Заден страничен столб во боја на каросерија
  • Прва помош и триаголник
  • Патосници
  • Штоф на седиштата Script
  • Декорација во внатрешноста со Diamond paint finish, silver grey
  • AUX-in приклучок
  • 4 пасивни звучници (напред)
  • MMI Radio
  • Компресор и лепак
  • Компресор и лепак
  • Задни светла за магла
  • Електронски систем за контрола на стабилноста ( ESP,ESC)
 
 
 
2-ро ниво | SPORT
Содржи се што има BASIC, плус:
  • Декоративни елементи во внатрешноста во црвена боја
  • Алуминиумски лајсни на праговите на вратите 
  • Трокрак кожен волан 
  • Гуми 215/55 R17
  • Алуминиумски фелни 7Jx17, 5 крак дизајн
  • Штоф на седиштата Index 
  • Браници и прагови во боја на каросерија
  • Висинско подесување на предните седишта 
  • Спортски предни седишта
  • Заден страничен столб во боја Ice Silver Metallic
 
 
 
3-то ниво | DESIGN
Содржи се што има SPORT, плус:
  • Декоративни елементи во внатрешноста во бела боја
  • Алуминиумски лајсни на праговите на вратите 
  • Алуминиумски фелни 7Jx17, multi spoke дизајн
  • Трокрак кожен волан 
  • Штоф на седиштата Aspect
  • Висинско подесување на предните седишта
  • Заден страничен столб во боја Manhattan Grey Metallic
  • Браници и прагови во контрасна боја 
  • Гуми 215/55 R17
 
 
 
ПРЕДНОСТИ
• Динамичен и агилен – одличен за кривулести патишта
• Тивко и рафинирано возење
• Скоро идеална возачка позиција
• Одличен MMI мултимедијален систем
• Квалитетна и прецизно изработена кабина
• Брзи и штедливи мотори
НЕДОСТАТОЦИ
• Тесна задна клупа
• Тврдо возење кое заморува на подолги патувања
• Превисока цена и прескапи доплати за многу потребни ставки
• Слаба прегледност во задниот дел


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Audi Q2  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
MINI Countryman
 
MINI Countryman
20900 - 33500
Audi Q2
 
Audi Q2
27790 - 44362
BMW X1
 
BMW X1
29980 - 49140
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум SUV мали
 
BMW X129980 €
Honda HR-V23990 €
Mercedes-Benz GLA29590 €
MINI Countryman20900 €
Toyota C-HR24890 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
 

Одберете друг автомобил
     

Audi

www.audi.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Audi модели
A1 A3
A3 Sedane A4
A4 Avant A5 Coupe
A5 S5 Coupe A5 Sportback
A6 A6 Allroad Quattro
A6 Avant A7 Sportback
A8 Q2
Q3 Q5
Q7 Q8
R8 TT Coupe





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook