дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Renault > Renault Talisman > Краток опис за моделот
Renault Talisman Renault Talisman
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 25000
веќе од 416 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Renault Talisman: Француски комфор во атрактивно пакување

Talisman е автомобил кој Renault го претстави во 2015 година и кој помина по малку незабележано, од едноставна причина што SUV-ата се сега најпопуларни. Но, тоа и не значи дека не треба да размислувате за него – според нас лимузините и натаму се подобри од SUV-ата во скоро секој поглед, а Talisman е одличен пример за тоа.


Моделот инаку ги наследува Laguna и Lattitude и според нас го поседува еден од најдобрите дизајни во класата однадвор. Но, што се крие под атрактивното пакување? Дали со агресивниот надворешен дизајн Renault ги погази вистинските вредности на една француска лимузина?
 
Кабината има многу простор и напред и назад, а багажникот е огромен
Во манирите на вистинска француска лимузина, Talisman има многу простор и на предните и на задните седишта. Тука дури и самите седишта се меки и широки и го прават патувањето многу покомфорно. Воедно, багажникот брои 608 литри, што е еден од најдобрите резултати во класата. 
 
Со спуштањето на задните седишта пак се добива целосно рамен под за товарање на поголеми предмети, а клупата се дели во сооднос 60:40. Во центарот има отвор за ставање на подолги предмети, како на пример скии, но тој може да се отвори само од багажникот. Низ кабината пак има многу интелигентни места за одлагање на ситници и дури и отвори за пијалак од 0,5 литри во централниот потпирач, кои се ладени. Вакво нешто нема во ниту еден друг модел во класата.
 
Исклучително удобно и тивко возење
Talisman го погодува и вториот квалитет потребен за една вистинска француска лимузина. Суспензијата одлично ги впива дупките и пренесува многу малку вибрации во внатрешноста – тука долгите патувања ќе бидат многу поудобни отколку во Passat на пример. Воедно, звучната изолација е на многу високо ниво – моторите скоро да не се слушаат, а на многу високи брзини се слуша само малку повеќе звук од ветерот.
 
Динамиката во возењето сепак не е на нивото на германските конкуренти на пример, но Talisman останува стабилен и на повисоки брзини благодарение на системот за управување на сите тркала, што е веројатно најважно за купувачите од оваа класа. Единствено разочарува управувањето, кое е премногу лесно и недоволно прецизно.
 
Комфорна возачка позиција, но послаб квалитет на материјалите
Зад воланот во Talisman е подеднакво удобно како и на другите места. Тука скоро секој возач ќе може да ја најде идеалната позиција, а командите секогаш ќе бидат на дофат на раката. Мултимедијалниот систем е лесен за управување, но премногу функции се ослонуваат на него, што не е идеално во движење. Тој исто така понекогаш знае да биде бавен во реакциите, но ни се допаѓа што возачот може да го подеси по своите потреби, односно да ги стави најчесто користените функции на почетниот екран.
 
Во поглед на квалитетот на ентериерот, Talisman делува одлично на прв поглед, но блиската инспекција открива дека тој не е толку добро изработен како германските и јапонските конкуренти, а на некои места има и помалку квалитетни материјали. Тука, Talisman дефинитивно не делува премиум како некои од конкурентите.
 
Штедливи дизел мотори со солидни перформанси
Talisman се нуди со три дизелски и два бензински мотори, од кои нашиот избор паѓа на 1,6 дизелот со 130 КС. Овој агрегат нуди одлична комбинација на лежерно и еластично возење, со потрошувачка во град од околу 7,5 литри и потрошувачка на отворено од околу 5,5 литри. Бензинските мотори овозможуваат повисоко ниво на уживање во возењето, бидејќи „тегнат“ до црвеното поле, но трошат околу 3-4 литри повеќе во однос на дизелите.
 
Кој модел и да го одберете, цената на Talisman ќе биде малку повисока во однос на директните конкуренти како Passat и Mondeo, а ова особено важи за повисоките нивоа на опременост. Опремата е богата уште во старт, особено онаа за безбедноста, но тоа не ја оправдува претерано високата цена.
 
Ова се чини е и најголемата пречка за Talisman да стигне до поширок број на купувачи. Многу конкуренти се поевтини, дури и со помоќни дизел мотори и францускиот седан има многу тешка задача да ја оправда високата цена. Но, доколку сте за мирно и удобно возачко доживување, со високо ниво на комфор во ентериерот и огромен багажник, Talisman треба да е на вашата потесна листа – новиот натпреварувач на Renault во средната класа е вистински добар автомобил!
ПРЕДНОСТИ
• Удобно возење – суспензијата одлично ја изолира кабината
• Тивки мотори и генерално добра звучна изолација
• Простор во кабината и на предната и на задната клупа
• Огромен багажник од 608 литри
• Штедливи и еластични дизел мотори
НЕДОСТАТОЦИ
• Повисока цена во однос на директните конкуренти
• Некои делови во кабината делуваат евтино


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Renault Talisman  

sto e so modelov se vozat karavanki niz skopje a na oficijalnata strana na reno ni cena ni nisto od modelov sto e rabotava po naracka ide i cenata ili ?
Напишан од jovan  пред  околу 28 месеци
Се убаво само да не биде пресолен оценка 5+
Напишан од луди макс  пред  околу 51 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Toyota Camry - 2019
 
Toyota Camry - 2019
30190 - 36690
Renault Talisman
 
Renault Talisman
25000 - 45600
Škoda Superb
 
Škoda Superb
22600 - 38380
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Семејни седани
 
Citroën C518900 €
Ford Mondeo23100 €
Hyundai i4024800 €
KIA Optima24550 €
Mazda 630980 €
Peugeot 50822280 €
Škoda Superb22600 €
Toyota Camry - 201930190 €
Volkswagen Passat29408 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Renault

www.renault.mk

Импортер за Македонија
Аутомотив Груп

Тел: 02 / 2 727 - 200

Адр: ул. Првомајска 21

Работно време:  09:00 - 17:00
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Renault модели
Captur Clio
Clio Grandtour Clio RS
Espace Kadjar
Kangoo Koleos - 2017
Megane Megane GrandCoupé
Megane RS Scenic
Talisman Talisman Estate
Twingo - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook