дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Fiat > Fiat 500L > Краток опис за моделот
Fiat 500L Fiat 500L
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 14500
веќе од 241 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Fiat 500L – Стилски и достапен избор за фамилијата

Fiat 500 буквално го запали светот кога излезе во 2007 година и успешен е и денес. Сепак, тој е автомобил пред се наменет за модерните, млади градски луѓе – има тесна внатрешност и мал багажник.


Затоа, Fiat го лансираше 500L, своевидна моноволумен изведба на ретро Италијанецот, која во стилското пакување донесува многу повеќе простор и практичност.
 
Најдоброто од се е што ова е и достапен автомобил, кој не чини повеќе од модел од компактната класа, притоа нудејќи многу повеќе простор во ентериерот. Но, дали тоа значи дека е одличен избор за фамилијарниот купувач? Ќе пресечеме и ќе речеме да, а подолу прочитајте зошто е тоа така.
 
Многу простор и на предните и на задните седишта и високо ниво на функционалност
Една од главните намени на моноволумените е да понудат повеќе простор во кабината и 500L тоа го прави шампионски. Тука има простор на претек и на предните и на задните седишта за возрасни патници од 1,85 метри, повеќе од моделите од компактната класа. Воедно, низ кабината има неколку големи места за одлагање ситници и пијалаци, а може да се доплати дури и за полици поставени на предните седишта, што е дополнителен плус за комфорот во кабината.
 
Задната клупа е исто така многу „интелигентна“. Таа може да се лизга напред/назад со цел да се зголеми просторот во багажникот, кој има 400 литри кога се втурнати целосно назад. Ова е многу солидна бројка за толку мал автомобил и повторно, поголема од многу автомобили од истиот ценовен ранг. За оние кои често пренесуваат поголем товар, задната клупа лесно се спушта за целосно рамен под (сооднос 60:40), односно може дури и да се склопи зад предните седишта за максимум простор. Импресивна практичност.
 
Висока возачка позиција за одлична прегледност
Возачот во 500L е малку повисоко поставен отколку кај стандарден автомобил, што помогнува во прегледноста надвор – од тука ќе може да видите и преку автомобилот пред вас. Воопшто, малите странични столбови помогнуваат во одличната прегледност во сите правци, иако за максимум сигурност препорачуваме доплата за паркинг сензори. Поскапите модели пак доаѓаат со камера за движење назад, со која ќе бидете сигурни дека никогаш нема да го изгребете вашиот автомобил.
 
Ергономијата е исто така многу солидна – командите се секогаш на дофат на раката и се лесно читливи. Сепак, мултимедијалниот систем со 5 инчен дисплеј на допир, кој доаѓа во основниот модел, е прилично незгоден за користење поради малите команди на екранот. 7 инчниот мултимедијален систем кој се добива во повисоките нивоа на опременост е многу подобар, со подобрена графика и мазност во работата. Тој доаѓа и со поддршка за Android Auto и Apple CarPlay, што е дополнителен бонус.
 
Во поглед на квалитетот на кабината, од 500L и не очекувавме премногу. Ретро „слаткиот“ дизајн делумно ја освежува кабината, но факт е дека пластиката не делува најквалитетно, особено таа во долниот дел на кабината. Како и да е, немаме забелешки на изработката, која делува задоволително прецизно.
 
Малку потврдо возење, но задоволителна стабилност
Поради повисоката каросерија, со цел да ја задржи стабилноста и воедно безбедноста, инженерите од Fiat малку потврдо ја подесиле суспензијата, што се чувствува на нашите патишта. На автопат ова не прави проблеми, бидејќи помогнува каросеријата да шета лево-десно, но во град ќе ги почувствувате дупките.
 
Од друга страна, ваквата суспензија придонесува одлична стабилност и на повисоки брзини, со мало навалување на каросеријата. Управувањето сепак е пред се направено за лесно вртење низ град и не враќа многу информации од подлогата, но тоа и не го очекувавме кај еден фамилијарен автомобил.
 
Онаму каде најмногу се чувствува дека 500L е автомобил од пониската класа е во рафинираноста. Моторите се слушаат малку повеќе во кабината, суспензијата е малку погласна при поминувањето преку поголеми дупки, а на повисоки брзини има и звук од ветерот, што рака на срце е очекувано од еден моноволумен.
 
Штедливи мотори и ниска цена
Кој мотор кај 500L и да го одберете, нема да треба премногу да ги посетувате бензинските пумпи. Сепак, најдобар избор за овој автомобил според нас е 1,3 Multijet турбо дизелот со 95 КС, кој е доволно еластичен и добро потегнува од ниски вртежи, а троши само 5,5 литри дизел гориво во просек. За оние кои почесто возат на отворен пат, препорака е 1,6 дизелот, кој нуди доста подобри перформанси, за малку повисока потрошувачка од околу 0,5 литри на 100 km.
 
Најважно од се, 500L е евтин автомобил во старт, со прилично богата опрема. Според тоа колку простор и практичност нуди за вложените пари, ние му простуваме тоа што има малку потврдо и побучно возење. За фамилијарните купувачи, се чини ова е еден од најдобрите избори – во него ќе можете лесно да ставите детско седиште, лесно да ослободите повеќе простор во багажникот и да патувате во високо ниво на комфор и на подолги патувања, со повеќе од потребно места за одлагање ситници низ кабината. И не помалку важно, 500L има и ретро италијански шарм на кој не е лесно да се одолее!
ПРЕДНОСТИ
• Многу простор и на предните и на задните седишта
• Задната клупа се лизга напред-назад и лесно се склопува
• Багажникот има одлични 400 литри и лесно се зголемува со лизгање на клупата
• Низ кабината има многу места за одлагање ситници и пијалаци
• Дизел моторите се исклучително штедливи
• Прегледноста во сите правци е одлична
• Ниска цена и солидна опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Малку потврдо возење на пат со поголеми дупки
• Бучава во кабината на повисоки брзини
• Скромен ентериер во споредба со помодерната конкуренција


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Fiat 500L  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Ford B-MAX
 
Ford B-MAX
1500 - 18400
Fiat 500L
 
Fiat 500L
14500 - 17600
Honda Jazz
 
Honda Jazz
15990 - 18990
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Mоноволумени мали
 
Ford B-MAX1500 €
Honda Jazz15990 €
Hyundai ix2013616 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МОНОВОЛУМЕНИ - МАЛИ       МОНОВОЛУМЕНИ - КОМПАКТИ       МОНОВОЛУМЕНИ - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Fiat

www.fiat.com.mk

Импортер за Македонија
Аутомобиле СК

Тел: 02 / 3093 - 100

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Fiat модели
500 500L
500L Cross - 2017 500X CityLook
500X Off Road Look Doblo
Doblo Cargo Ducato Conversion
Ducato Goods Transport Ducato Passenger Transport
Panda Panda 4x4
Punto Tipo - 2017
Tipo Sedan Tipo Station Wagon - 2017





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook