|
Информации за автомобилот
|
|
|

Доволно добар
|
Специјализиран пред се за SUV и моноволуменски возила, корејскиот производител Ssangyong веќе подолго време е алтернатива на поскапите конкуренти во Европа... Најинтересниот модел во понудата, конкурентот во компактната класа на SUV-a, Korando, во новата генерација добива повеќе имиџ на шминкерски теренец.
|
Во понудата има само еден мотор, но 2.0 литарскиот дизел со 175 КС се чини како вистински избор за еден ваков автомобил. Повлекува солидно од пониските вртежи, благодарение на максималниот момент кој е достапен од 2.000 врт/мин, а не застанува ни до црвеното поле.
Во однос на претходникот, Korando поостро врти во свиоците и многу помалку се навалува, па делува скоро како етаблираната конкуренција. Управувањето и менувачот пак се далеку од директни и прецизни, но радува добриот баланс на динамичноста со комфорот – Korando успешно ги впива дупките од патот и е доволно удобен на автопат. Од друга страна, рафинираноста е многу слаба - моторот е константно присутен во внатрешноста, и со звук и со вибрации, а и подвозјето испушта непријатни звуци при преминувањето преку поголеми дупки. Возните својства на терен се солидни – Korando полесно ги поминува препреките од конкуренцијата.
Комфорот во внатрешноста е најсилна страна на Korando. Простор има и на предните и на задните седишта во сите правци, а и багажникот брои одлични 486 литри. Одлична е и практичноста – места за одлагање ситници во внатрешноста има во доволен број. Одлична е и возачката позиција, а командите се читливи и добро распоредени.
Нешто на кое никогаш нема да ви скратат во Ssangyong е високата опрема. Во однос на цената, опремата е исклучително висока, па основниот модел е опремен солидна опрема која вклучува алуминиумски тркала од 16 инчи, целосна опрема за безбедноста, целосна електрика и клима. Побогато опремените модели не се многу поскапи, а вклучуваат дури и луксузна опрема (кожни седишта).
Со цена од 20.100 евра за стартниот модел со преден погон и дизел моторот со 175 КС и Korando е еден од најисплатливите SUV модели во класата, односно сигурно најисплатлив дизел. Солидна е и потрошувачката на дизелот, која според фабричките податоци изнесува 6,4 литри во просек, односно 7,9 во град и 5,4 на отворено. Реалните бројки се повисоки и до литар и пол, што и натаму е солиден резултат, иако не е најдобар во класата.
Високата гаранција од 5 години или 100.000 километри ветува помирна глава во првите неколку години од одржувањето, но таа не помага за задржувањето на вредноста – Korando ќе има брз пад на цената на половните пазари, а за тоа може да придонесе и недоволно квалитетната внатрешност, која не прилега на еден автомобил од преку 20.000 евра.
Благодарение на помодерниот дизајн и напредокот во динамиката на возењето и удобноста, новиот Korando сериозно се наметнува како конкурент во најпопуларната SUV класа. Во негов прилог одат ниската цена, богатата опрема и исклучително пространата кабина, но корејскиот SUV и натаму заостанува зад конкурентите кога е во прашање рафинираноста на погонот и квалитетот на пластиката во внатрешноста.
НИВОА НА ОПРЕМА
1-во ниво | STANDARD
- ABS – Систем против блокирање на тркалата при сопирање
- EBD – Систем за рамномерно распределување на силата на сопирањето
- ESP – Електронски систем за динамична контрола на стабилноста
- ASR – Систем за контрола на пролизгување
- HBA - Хидраулична помош за сопирање
- HAS – Систем за помош при тргнување по нагорнина
- ARP – Активна заштита од превртување
- EPS - Електричен серво управувач
- SSPS - Прогресивен серво управувач со променлив интензитет во зависност од брзината
- ESS - Систем за сигнализирање при итно сопирање
- Механички менувач со 6 степени
- 200 E 4-цилиндричен, бензин, со електронски контролирано впрскување - 149 к.с
- 2WD – погон на предните тркала
- Предно независно потпирање MacPherson, задно независно многуточкино
- Вентилирани диск сопирачки напред, диск сопирачки назад
- Алуминиумски тркала 16"
- Електрични греачи за предните бришачи
- Светла за дневно возење
- Хромирана решетка на предната маска
- Електрични надворешни ретровизори, со греачи и вградени LED трепкачи
- Помошно осветлувње вградено во ретровизорите
- Соларно-рефлектирачко ветробранско стакло
- Двојни хромирани издувни цевки
- 6 воздушни перници (предни, странични и завеса)
- Активни потпирачи за глава напред
- Темпомат - систем за одржување на брзина (Cruise control)
- Електрична висинска регулација на предните светла
- Патен компјутер
- Управувач со висинско и длабинско прилагодување
- Електронски контролирани прозорци, функционални со едно притискање
- Централно заклучување на сите врати
- Подготовка за радио со 6 звучници и антена
- Пакет за пушачи (подвижен пепелник и запалка)
- Клима уред
- Филтер за полен и прашина за подобрен квалитет на воздухот во кабината
- ISOFIX подготовка за детско седиште
- Предни и задни приклучоци за струја (12V)
- Автоматско заклучување на вратите над 30 км/ч
- Систем против кражба со електронски имобилајзер и далечинско заклучување
2-ро ниво | STAND.4x4
Содржи се што има STANDARD, плус:
- AWD - погон на сите тркала сo електронско распределување на вртежниот момент 1,750
3-то ниво | STYLE
Содржи се што има STAND. 4x4, плус:
- Светла за магла, предни
- Интензивно затемнети стакла на задните врати и багажникот
- Аудио команди на управувачот
- Кожен управувач и кожна рачка за менувачот
4-то ниво |STYLE 4x4
Содржи се што има STAND. 4x4, плус:
- Светла за магла, предни
- Интензивно затемнети стакла на задните врати и багажникот
- Аудио команди на управувачот
- Кожен управувач и кожна рачка за менувачот
5-то ниво | COMFORT (30550 евра)
Содржи се што има STAND 4x4, плус:
- Алуминиумски тркала 17"
- Двостепени греачи на предните седишта
- Покривач на багажниот простор со функција на лесно отворање и затворање и мрежа
6-то ниво | COMFORT (34700 евра)
Содржи се што има COMFORT, плус
- Avantgarde двобојни седишта, изработени во кожа и платно со висока издржливост на абење
- Автоматски менувач со 6 степени E-tronic со Direct Shift и Sport mode
- 200 CDI 4-цилиндричен, дизел, со електронски контролирано директно впрскување, 175 к.с
7-мо ниво | PREMIUM (35800 евра)
Содржи се што има COMFORT, плус
- Алуминиумски тркала 18"
- Двопозиционен електронски управуван сончев кров
- Надолжни држачи на покривот, сребрени
- Автоматско електрично склопување на надворешните ретровизори
- Заден спојлер со LED стоп светло
- Кожни седишта, перфорирани
- Греачи на задните седишта
- Електрична регулација на седиштето на возачот, 6-насочна
- Акустичен систем за паркирање (APS) со ултразвучни сензори
8-мо ниво | PREMIUM (37800)
Содржи се што има PREMIUM, плус:
- 200 CDI 4-цилиндричен, дизел, со електронски контролирано директно впрскување, 175 к.с.
- Автоматски менувач со 6 степени E-tronic со Direct Shift и Sport mode
|
|
ПРЕДНОСТИ
|
|
|
• Исклучително пространа внатрешност | • Голем багажник | • Одлична функционалност и солидна ергономија | • Богата опрема | • Ниска цена |
|
|
|
НЕДОСТАТОЦИ
|
|
|
• Просечни возни својства и удобност | • Недоволна рафинираност на погонот – моторот е бучен и произведува вибрации | • Пластиката во внатрешноста не прилега на класата | • Недоволно прецизно управување и менувач | • Пад на вредноста |
|
|

Спореди со предности и недостатоци на друг модел.
|
|
КОМЕНТАРИ - СТРАНА
1 од 1
|
|
Вашето име
Коментар
Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари.
Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.
|

|