дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Audi > Audi Q3 > Краток опис за моделот
Audi Q3 Audi Q3
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 31808
веќе од 530 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5.9
Изглед
6.5
Перформанси
7.5
Возна динамика
5.3
Зад управувачот
5.3
Удобност
5
Простор и практичност
6
Квалитет и доверливост
6.5
Цена/Опрема
3
Трошоци за користење
6.3
Безбедност и сигурност
7.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Врв на премиум доживувањето

Во време кога горивата драстично поскапуваат и економската ситуација е се полоша, ретко на кого му текнува на премиум автомобил. Но, овој мал SUV е приказна за себе, овој ги буди чувствата... Едноставно мора да го имате!


Независно кој мотор ќе се одбере, дали двата дизели (140 и 177 КС) или двата бензинци (170 и 211 КС) перформанси нема да недостасуваат. Сите мотори повлекуваат силно уште од пониските вртежи и не застануваат до црвеното поле. Наш избор? Штедливиот и силен дизел со 177 КС.

Како и што навестува надворешноста, Q3 е прилично спортски ориентиран SUV. Тука секако не мислиме на тоа дека сака да се валка во кал или да освојува планини, туку на динамиката на асфалт. На кратко речено, ретко кој во класата му е рамен на Q3 кога е во прашање возливоста по кривини – се однесува како автомобил од компактната класа. Малку разочарува недоволно прецизното управување, но кога се во прашање перформансите, менувачите се најдобри во класата, а тоа особено важи за DSG автоматските менувачи.

Сепак, удобноста не е најдобра – честите дупки по нашите патишта знаат да ја вознемират внатрешноста, а ултра брзите DSG менувачи при пониски брзини недоволно меко ги менуваат степените. Но, без грижи – звучната изолација е врвна, а моторите работат скоро без вибрации, па патувањата по автопат нема да претставуваат проблем. Внатрешноста е пространа, иако повисоките ќе се побунат на просторот за глава на задната клупа, а багажникот брои рекордни во класата 460 литри. Возачката позиција е солидна, иако некои од командите, како оние за климата, бараат време за навикнување. Прегледноста е солидна.

Онаму каде малиот Audi брилира е квалитетот во внатрешноста. Тука, Q3 едноставно ги засенува другите модели од класата. Материјалите се од највисок квалитет, а обработката во најмала рака филигранска. Audi редовно поминува најдобро и на тестирањата за доверливост, нормално во споредба со BMW и Mercedes.

Цената е повисока доколку се спореди со конкурентите од нормалните класи, но е на ниво на претходно споменатите конкуренти... Опремата, како и кај сите премиум автомобили не е особено богата во основниот модел, па треба да се доплати дури и за борд компјутер... А доплатите се астрономски скапи! Затоа пак моторите се исклучително штедливи – на пример, дизелот со 177 КС троши просечно 7,5 литри (5,9 фабрички), додека бензинецот со 170 КС под 9 литри (7,3 фабрички), а и двата со погон на сите тркала! Импресивно, нема што.

Audi Q3, според EuroNCAP е најбезбеден SUV автомобил, така да тука нема што да додаваме. Импресивна е и опремата за безбедност, која вклучува 6 воздушни перничиња, Isofix приклучок за детско седиште и целосен сет на активни контроли за стабилноста.

Секси однадвор, премиум однатре, супер брз и динамичен за возење... Лесно е да се погоди дека Q3 цели кон помладите купувачи со подлабок џеб и свесни за имиџот. Пространата внатрешност и огромниот багажник, се само асови од ракавот на малиот SUV, кои дополнително го цементираат како еден од најпосакуваните модели од класата и како еден од најдобрите премиум SUV модели.

ПРЕДНОСТИ
• Високи перформанси
• Одлични возни својства
• Квалитетна изработка и материјали
• Брз автоматски менувач
• Голем багажник
• Безбедност
• Ниска потрошувачка
• Дизајн
НЕДОСТАТОЦИ
• Слаба удобност
• Менувачот недоволно меко ги менува степените при пониски брзини
• Неинуитивни команди за клима уредот
• Скапа додатна опрема
• Висока цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Audi Q3  

Stvarno go kupiv pred 10 dena i sum pre zadovolen. Moze da odi 250,prekrasno e!!!
Напишан од preubav  пред  околу 76 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Mazda CX-5
 
Mazda CX-5
23980 - 37480
Audi Q3
 
Audi Q3
31808 - 46414
Jaguar F-Pace - 2018
 
Jaguar F-Pace - 2018
54900 - 118500
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум SUV компактни
 
Jaguar F-Pace - 201854900 €
Land Rover Discovery Sport42900 €
Land Rover Range Rover Evoque38000 €
Lexus NX42500 €
Mazda CX-523980 €
Subaru XV26990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
ХИБРИДИ       ПРЕМИУМ - ХИБРИДИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Audi

www.audi.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Audi модели
A1 A3
A3 Sedane A4
A4 Avant A5 Coupe
A5 S5 Coupe A5 Sportback
A6 A6 Allroad Quattro
A6 Avant A7 Sportback
A8 Q2
Q3 Q5
Q7 Q8
R8 TT Coupe





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook