|
Информации за автомобилот
|
|
|

Вози како и што изгледа, но среќен ќе остане само возачот
|
Ќе се повториме веќе повеќе од десетти пат кога ќе кажеме дека во секоја класа, Ford-от има најдобри возни својства. Но, има ли место за динамичност во еден SUV?
|
Навистина, на кривулест пат, Kuga е повторно еден од најдобрите SUV во класата. Брзо менува правец и малку се навалува, а има и многу прецизно управување и солидни менувачи, додека моторите се доволно полетни и динамични. Се е тоа добро, ако не беше на сметка на удобноста. Kuga не е камен тврда, но особено низ градските улици, е неудобна, што во поголема мера се чувствува на задната клупа. Рафинираноста на сите мотори е солидна, пак, и единствен проблем претставува звукот од ветерот при повисоки брзини, кој да бидеме реални, го има кај скоро сите SUV модели.
Во внатрешноста има многу простор и на предните и на задните седишта (кои се навалуваат за поголем комфор), што е големо подобрување во однос на претходникот, но багажникот, со зафатнина од само 456 литри е најмалиот во класата. Зад воланот, возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција и седењето е генерално удобно, но средната конзола е тешка за користење, со нејасни и недоволно големи команди. Прегледноста во предниот дел е солидна, но во задниот дел е ограничена.
Моторите се доволно економични, иако не меѓу најдобрите во класата, па така, бензинецот со 150 КС троши околу 11,5 литри во град (скоро 13 со агресивно возење), додека дизелот поминува со 9, односно 10 литри, тоа за моделите со погон на две тркала. На отворено, бензинецот поминува со 7,5 литри, додека дизелот со 6 литри.
Во поглед на доверливоста, Ford заостанува зад најдобрите, а и сервисот на Ми-Да не го бие најдобар глас. Сепак, барем на допир, материјалите во внатрешноста се со многу висок квалитет и изработката е на највисоко ниво. Цената на основниот бензинец е во средината на класата, но опремата е нешто посиромашна и побогато опремените модели се доста поскапи.
Според тоа, Kuga би ја препорачале на помладите “lifestyle” купувачи, на кои повеќе им значи стилот и динамичноста во возењето. За фамилијарните луѓе и оние кои сакаат да избегаат надвор од асфалтниот пат (требаше да спомнеме дека Kuga не е за на терен?) има многу други модели во класата.
НИВОА НА ОПРЕМА
1-во ниво | TREND
- Имобилајзер,
- Ел. серво управувач подесив во 4 правци,
- ABS сопирачки,
- ESP - систем против пролизгување,
- Помош при нагло сопирање,
- Систем за намалување на ризикот од странично превртување,
- Систем за контрола на приколка,
- Помош при тргнување во нагорнина,
- Предни и задни диск сопирачки,
- Светлосна сигнализација при нагло сопирање,
- Предни сигурносни појаси со висинско подесување прицврстени во 3 точки,
- Задни сигурносни појаси прицврстени во 3 точки,
- Сигнал за ненаместен појас на предните и задните седишта,
- Кожен волан со 3 краци,
- Предни и странични воздушни перници за возач и совозач,
- Воздушни завеси за прв и втор ред,
- Воздушно перниче за колено,
- Потпирачи за глава подесиви во 4 правци, ,
- Isofix,
- Заклучување на задните врати за заштита на деца,
- Ел. централно далечинско заклучување,
- Систем за следење на притисок во гумите,
- Start/Stop систем,
- Стартување на возилото без клуч,
- Мануелно нивелирање на фарови,
- Ел. подесиви и загревани ретровизори во боја на каросерија со странични индикатори,
- Ел. подесиви предни и задни прозори со глобално отварање/затварање,
- Патен компјутер,
- Информација на инструмент табла за моменталниот вртежен момент на секое тркало (само кај 4WD модели),
- Темпомат,
- ICE PACK 4 - (Радио/AM/FM/CD, 4.2" TFT колор екран за радиото, 6 звучници, команди на вoлан за р/цд, USB приклучок, SYNC 1 со Voice control / Bluetooth, 4.2" TFT колор екран на инструмент таблата),
- Спортски предни седишта,
- Делива задна клупа 60/40,
- Мануелен клима уред,
- Мала централна конзола во горниот преден дел со остава за очила,
- 17" челични фелни со 235/55 R17 гуми,
- Мини резервно тркало,
- Предни и задни калници,
- Халогени предни светла,
- Предни дневни светла,
- Предни и задни светла за магла,
- Преден и заден браник делумно во боја на каросерија,
- Предна горна решетка во светло сива боја со хромирана рамка,
- Двоен хромиран издув,
- Тонирани стакла,
- Приклучок (12V) во задниот дел,
- Приклучок 12V во товарниот дел,
- Мануелно подесување на возачко седиште во 4 правци,
- Мануелно подесување на совозачко седиште во 2 правци,
- Лумбална подршка на возачкото седиште,
- Светло кај нозете на предните седишта,
- Светло во товарниот дел,
- Предни патосници,
- LED светла во кабина,
- Централна конзола со остава за чаши,
- Рачна сопирачка во Z форма,
- Џебови во задниот
- дел на предните седишта,
- Анти-алергиски ентериер,
- Кожна рачка на менувачот,
- Штитници за сонце за возач и совозач со осветлено огледало
2-ро ниво | BUSINESS
Содржи се што има TREND, плус:
- Ел. преклопливи ретровизори,
- Задни паркинг сензори,
- ICE Pack 12 - Navigation - (Радио/AM/FM/CD, 8" колор екран осетлив на допир, 6 звучници, команди за радио на волан, 4.2" TFT колор екран на инструмент таблата, USB, Aux приклучок, SD card, SYNC 3 со Voice control и Bluetooth),
- Двозонска автоматска клима,
- Централен наслон за рака,
- Отвори за климата во задниот дел,
- Ел. рачна сопирачка,
- LED дневни светла,
- Кровни надолжни носачи со светол финиш,
- (Без лумбарна подршка на возачкото седиште)
3-то ниво | TITANIUM
Содржи се што има BUSINESS, плус:
- Автоматски светла,
- Електрохроматски самозатемнуван внатрешен ретровизор,
- Folow me home светла,
- Сензор за дожд,
- ICE Pack 6 - (Радио/AM/FM/CD, 8" колор екран осетлив на допир, 6 звучници, команди за радио на волан, 4.2" TFT колор екран на инструмент таблата, USB, Aux приклучок, SD card, SYNC 3 со Voice control и Bluetooth),
- 17" алуминиумски фелни 10 краци Spark Silver со 235/55R17 гуми,
- Делумно кожни седишта - Salerno,
- Лумбарна подршка на предните седишта,
- Заден наслон за рака со држач за чаши,
- LED амбиентално осветлување во кабина,
- Предни и задни велур патосници,
- Прагови на предните врати со Kuga лого,
- (Без паркинг сензор, Без кровни носачи, Без преклопливи ретровизори, Без светло кај нозете на предните седишта)
4-то ниво | ST LINE
Содржи се што има TITANIUM, плус:
- Спортска суспензија,
- Предни и задни паркинг сензори,
- Систем за автоматско паркирање,
- 18" алуминиумски фелни 235/50R18 со уникатен STLine дизајн - Bright Machined,
- Куќиште на фарови во црна боја,
- Кровни надолжни носачи во црна боја,
- ST-line Full Body Styling Kit -
- Одбојници на вратите,
- преден и заден уникатен браник,
- предни и задни проширени полумесеци,
- странични отвори за воздушно ладење во црна боја,
- Горна и долна предна решетка во црна боја,
- Кожен волан со 3 краци и порабување во сива боја,
- Прагови на предните врати со ST-line лого,
- Делумно кожни седишта - Dynamica,
- ST-Line темен тапацир на кровот,
- Алуминиумски педали,
- (Без LED амбиентално осветлување во кабина)
5-то ниво | VIGNALE
Содржи се што има ST-Line, плус:
- Ел. преклопливи ретровизори,
- Предни и задни паркинг сензори,
- Систем за автоматско паркирање,
- ICE Pack 8 - SONY - (Радио/AM/FM/CD, 8" колор екран осетлив на допир, 9 Sony звучници, команди за радио на волан, 4.2" TFT колор екран на инструмент табла, USB, Aux приклучок, SD card, SYNC 3 со Voice control, Bluetooth),
- 18" алуминиумски фелни 235/50R18 - Vignale - Luster Nickel дизајн,
- Bi-Xenon HID автоматски предни светла,
- Автоматско нивелирање на фарови,
- Прскални на предни светла,
- LED дневни предни светла и задни светла,
- Хромиран прстен на предни магленки,
- Vignale - Full Body Styling Kit -
- Одбојници на вратите,
- Заден дифузер во сива боја,
- Предни и задни проширени полумесеци,
- Хромирани странични отвори за воздушно ладење,
- Горна предна решетка со хромирана рамка,
- долна решетка со црн сјај,
- Уникатен Vignale кожен волан,
- Individual кожни седишта (Windsor - Black/Windsor Cashmere),
- Загревани предни седишта,
- Ел. подесување на возачко седиште во 10 правци со меморија,
- Мануелно подесување ва совозачко седиште во 6 правци,
- Ел. подесување на лумбарна подршка на возачко седиште,
- Странични ретровизори со меморија,
- Мануелно подесување на лумбарна подршка на совозачко седиште,
- Масички во задниот дел на предните седишта,
- Прагови на предните врати со Vignale лого
|
|
ПРЕДНОСТИ
|
|
|
• Одлични возни својства | • Прецизно управување | • Пространа внатрешност | • Рафинирани мотори |
|
|
|
НЕДОСТАТОЦИ
|
|
|
• Мал багажник | • Недоволно удобно возење | • Слаба ергономија и прегледност |
|
|

Спореди со предности и недостатоци на друг модел.
|
|
КОМЕНТАРИ - СТРАНА
1 од 1
|
|
Вашето име
Коментар
Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари.
Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.
|

|