дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Mercedes-Benz > Mercedes-Benz B-Class > Краток опис за моделот
Mercedes-Benz B-Class Mercedes-Benz B-Class
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 24930
веќе од 415 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
6.1
Изглед
6
Перформанси
6
Возна динамика
5.3
Зад управувачот
5.3
Удобност
6
Простор и практичност
6.5
Квалитет и доверливост
6.5
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
6.3
Безбедност и сигурност
8.5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Експрес вагон

Со многу понизок профил, помалку комби, а повеќе елегантен дизајн и ветување за подинамични возни својства, новата B класа ќе се обиде да им влезе под кожа и на оние кои се загрижени за стилот и повремено сакаат да си поиграат со можностите на својот автомобил. Секако, и натаму уживајќи во големиот простор во внатрешноста.


Од денес задолжителните LED светла напред, па се до задниот дел, новата В класа зрачи со неверојатна елеганција и флуидност. Сите линии се чини се сместени на вистинското место, оформувајќи добро извајана целина, без непотребни додатни елементи.

Моторизацијата ја сочинуваат по два бензинци и дизели. Сите мотори ги карактеризираат употребливи перформанси во целото работно подрачје, било дали се работи за бензинец или дизел. Всушност, B Class реално се чини побрз отколку што покажуваат бројките.

Во однос на ветената повисока динамичност, можеме да потврдиме дека новата генерација е целосно различен автомобил – многу покасно пролизгува преку предните тркала, овозможувајќи многу побезбедно и постабилно возење во граничните ситуации, особено при повисоки брзини. Згора на тоа, благодарение на пониската каросерија, В класата многу помалку се навалува во свиоците, што е голем плус и за удобноста. Секако, не очекувајте динамика „а-ла“ BMW 1, но за просечниот возач, B Class вози и повеќе од доволно добро.

Суспензијата, исто така, овозможува многу поудобно возење, добро впивајќи ги дупките и ситните нерамнини и правејќи ги подолгите патувања вистинско задоволство. Рафинираноста е на исклучително високо ниво – моторите скоро и да не произвоедуваат вибрации и се многу тивки, па на повисоки брзини единствено се слуша малку повеќе звук од ветерот.

Внатре, пространоста е на највисоко ниво, но само за четири патници – за петтиот патник нема посебно седиште (стандард кај моноволумените), а и средниот тунел е поголем од вообичаеното. Багажникот брои солидни 488 литри, но задната клупа не се лизга напред – назад, а во понудата нема ни трет ред на седишта. Внатрешноста исто така не изобилува со којзнае колку места за одлагање ситници. Зад воланот, седењето сега е многу порелаксирано во однос на претходникот, а возачот лесно може да ја наје идеалната позиција. Командите се логично распоредени, но пречи пониската поставеност на оние за клима уредот.

Не е ништо ново ако кажеме дека кај Mercedes се доплаќа за опрема која е стандардна за истата цена кај „не“ премиум конкурентите, но основните потребштини, како целосната електрика, автоматска клима и добар аудио уред се тука. Особено е богата опремата за безбедноста, па сите модели се опремени со Attentiot Assist систем, кој со звучен сигнал предупредува доколку многу се доближите до некое возило, а во исто време не гледате на патот, плус 7 воздушни перничиња и BAS+ABS+ESP+ASR. Доказ за високата безбедност се и чистите пет ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP.

Ценовно, B Class е најскапа меѓу моноволумените, но на своја страна го има исклучителниот квалитет на изработка и употребата на високо квалитетни материјали. Доказ за високиот квалитет се и подобрените резултати на испитувањата за доверливост, што значи поевтино одржување. B Class брилира кога е потрошувачката во прашање, па така, послабиот дизел со 109 КС може да се задоволи и со под 6 литри на 100 km, додека основниот бензинец со 122 КС со под 8 литри на 100 km.

Mercedes B Class е и натаму вистинскиот избор за купувачите кои сакаат компактен премиум модел, но не сакаат да се откажат од просторот и практичноста. Перфектната мешавина од добрите возни својства, просторот, удобноста и рафинираноста, го прават новиот премиум моноволумен одличен сопатник за подолгите патувања.

ПРЕДНОСТИ
• Исклучителен простор за 4 патници
• Одличен компромис меѓу удобноста и возните својства
• Високо ниво на механичка рафинираност
• Полетни и економични мотори
• Богата опрема за безбедноста
• Квалитетна кабина
НЕДОСТАТОЦИ
• Послаба функционалност во однос на компактните моноволумени
• Неудобно седење за петтиот патник
• Премногу ниско поставени команди за клима уред
• Скапи доплати за опрема
• Висока цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Mercedes-Benz B-Class  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Audi A3
 
Audi A3
23156 - 37183
Audi A3 Sedane
 
Audi A3 Sedane
24567 - 39003
Mercedes-Benz A-Class
 
Mercedes-Benz A-Class
25490 - 52760
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум компактни
 
Alfa Romeo Giulietta 201919500 €
Audi A323156 €
Audi A3 Sedane24567 €
Citroën DS421490 €
Lancia Delta20900 €
Mercedes-Benz A-Class25490 €
Volvo V4027200 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Mercedes-Benz

www.mercedes-benz.mk

Импортер за Македонија
МакАутоСтар

Тел: 02 / 2 580 - 000

Адр: ул. Индустриска 2

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Mercedes-Benz модели
A-Class B-Class
C-Class C-Class Cabriolet
C-Class Coupe C-Class Estate
CLA CLA Shooting Brake
CLS CLS Shooting Brake
E-Class E-Class Cabriolet
E-Class Coupe E-Class Estate
G-Class GLA
GLA AMG GLC AMG
GLC Coupe GLC Coupé AMG
GLC SUV GLE AMG
GLE Coupe GLE Coupé AMG
GLE SUV GLS
GT AMG S-Class
S-Class Cabriolet S-Class Coupe
S-Class Sedan AMG SL
SLC SLS AMG
V-Class





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook