дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Peugeot > Peugeot 508 SW > Краток опис за моделот
Peugeot 508 SW Peugeot 508 SW
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 23680
веќе од 394 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
6.2
Изглед
6.5
Перформанси
4.5
Возна динамика
6
Зад управувачот
6
Удобност
6.5
Простор и практичност
6
Квалитет и доверливост
6.5
Цена/Опрема
5.5
Трошоци за користење
6
Безбедност и сигурност
8
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Пофункционален, поубав, но и посолен од седанот

Велат за вкусови не се расправа, но многумина ќе се сложат дека SW изгледа поубаво од Saloon изведбата на 508. A караванот во задниот дел може да смести 45 литри повеќе багаж и има многу поголем отвор...


Моторизацијата ја сочинуваат два бензинци и четири дизели и сите, освен основниот атмосферски бензинец, нудат задоволителни перформанси. Особено импресионираат дизелите со 140 и 163 КС, кои се супер еластични, како и одличниот 1,6 турбо бензинец со 156 КС.

И, првото изненадување – Peugeot 508 SW е караван забавен за возење! Секако, не треба да се очекува инволвираност на нивото на Mondeo, но Французите овој пат ѓаволски добро си ја завршиле работата. 508 SW, исто како и седан изведбата, е исклучително стабилен на повисоки брзини и добро поднесува брзи промени на правецот, а и управувањето не е непрецизно како порано. Е сега, второто изненадување – 508 SW е потврд и од Passat Variant! Не е неудобен, но поцврсто поминува преку дупките... Замижете и за момент ќе го погрешите за германски автомобил... Од друга страна, рафинираноста и звучната изолација се на највисоко ниво.

Внатрешноста е исклучително пространа, па удобно ќе им биде и на оние на предните и на задните седишта. Багажниот брои одлични 560 литри, кои иако не се рекордни во класата, се добро искористени, со правилна геометрија. Во товарањето многу помагаат нискиот раб и големиот отвор, за разлика од Saloon изведбата. Возачката позиција е солидна, како и распореденоста на командите, иако се чини дека седењето е малку повисоко од посакуваното, што заморува на подолги патувања.

Ентериерот сега го красат и многу поквалитетни материјали... Односно, еве ќе се осмелиме да кажеме, меѓу топ 3 во класата. Повисокиот квалитет се гледа насекаде, а Peugeot ветува и подобрена доверливост. За квалитетот на сервисот на Peugeot во нашата земја веќе имаме кажано многу позитивни критики, што дополнително ќе го олесни одржувањето. Ниска е и потрошувачката на новите мотори, особено на дизелите. На пример, најслабиот дизел ќе се задоволи со околу 5,7 литри дизел гориво во просек, додека посилниот со 140 КС со 6,3 литри во просек, што се одлични бројки. Единствено послабиот бензинец троши повеќе гориво и тоа околу 8,5 литри во просек.

Но, се си има своја цена, па 508 SW  сега е меѓу поскапите модели во класата, раме до раме со германските конкуренти. Стандардната опрема е солидна и се добива се од автоматска клима, преку електрика, темпомат, радио со CD+MP3 и цел сет на контроли за стабилноста и 6 воздушни перничиња. Многу за високата безбедност кажуваат и петте ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP.

Се на се, 508 SW е многу повеќе автомобил од претходниците, кои беа пред се “lifestyle” каравани. Вози со многу поголема самодоверба, поцврсто и генерално поквалитетно, а нуди и многу повеќе место за багаж. Во однос на седанот, цената е повисока и до неколку илјади евра зависно од моделот, па треба сериозно да се размисли дали вреди доплатата за поголемата добиена фунционалност...

ПРЕДНОСТИ
• Пространа внатрешност
• Голем багажник
• Подобрена динамика во возењето
• Одлична рафинираност на моторите
• Добра звучна изолација
• Исклучителен квалитет на материјали и изработка
• Брзи и економични дизел мотори
• Висока безбедност
НЕДОСТАТОЦИ
• Малку потврдо возење од очекуваното
• Повисока возачка позиција
• Основниот бензинец е слаб и троши повеќе гориво
• Многу повисока цена во однос на седанот


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Peugeot 508 SW  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Škoda Superb Combi
 
Škoda Superb Combi
22600 - 38380
Volkswagen Passat Variant
 
Volkswagen Passat Variant
27996 - 41576
Mercedes-Benz C-Class Estate
 
Mercedes-Benz C-Class Estate
35990 - 102680
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Каравани средна класа
 
Audi A6 Allroad Quattro57809 €
Dodge Caliber19980 €
Mazda 6 Adventure 4x4 26980 €
Mercedes-Benz C-Class Estate35990 €
Opel Insignia Sports Tourer - 201826878 €
Škoda Superb Combi22600 €
Volkswagen Passat Variant27996 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
НИСКА КЛАСА       КОМПАКТИ       СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Peugeot

www.peugeot.com.mk

Импортер за Македонија
Еуроимпекс

Тел: 02 / 3 111 - 000

Адр: Ул. Трета Македонска бригада бр. 72

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Peugeot модели
108 2008
208 208 GTi
3008 301
308 308 GTi
308 SW 5008 - 2018
508 508 - 2019
508 RXH 508 SW
Boxer Expert
Expert Tepee Partner
Partner Tepee Rifter - 2018
Traveller - 2018





Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook